Јас ги набуцкав децава за Лорена, мм знае упорно да си каже Лена или Хана. Во школо кај ќерка има еден куп Лени и затоа неќам. На крај секако јас ќе ја запишам
Мои топ ми се: Михаил Димитар (се мислам Димитриј ако комбинирам со Василиј но тешко вакви именца...) Васил Петар Стефан ...
Често е Дамјан, Кузман пример од комбинацијата св. врачи Дамјан и Кузман е поретко ставано. Јас искрено Ѕвездан ни под разно... Виктот топ.
Што мислите за името Елона? Не сум слушнала некој со тоа име до сега, обично Илона е почесто. Мене и двете варијанти ми се допаѓаат
Убаво е на звук. Јас го имам слушнато кај неколку девојчиња албанчиња и мислам дека е баш често кај нив. За кај православни, не сум слушнала до сега. Но сепак, како си сакаш така да си правиш.
А мене ме интересира кој одлучи за името Мислам нели кумовите го даваа името Дали со нив се договаравте како да се вика да одберат и тие и вие или вие им кажавте како ке се вика без да ги прашате за мислење Ме интересира и колку е тоа во ред, како се прави како е правилно, како повекето се прави?
Не знам од кој век е размислувањето дека кумот го дава името. Ние сме кумови па родителите си ги дадоа имињата на децата, нас ни е задоволство да ги крстиме како они сакаат. Исто и ние, сами си ги избравме имињата, кумовите ниеднаш не се ни побунија, нит па пререкле нешто.