Мислам дека е застарено мислењето дека кумот треба да го даде името. Давање име е едно а крштевање е сосема друго. Дури и во времето кога јас сум се родила, моите родители си го одбрале името за мене. Инаку за моето дете со мм имавме неколку опции и на крај ги сведовме на две. Дури и кога се роди не бевме сигурни кое од тие две имиња да го одбереме бидејќи и двете ни беа подеднакво убави. И кога му се јавивме на кумот и му кажавме дека не можеме да се одлучиме и мм на шала му рече: кажи кое од овие две, ама тој не сакаше да пресече туку отсечно си кажа ваше е вие одберете си. На крај јас пресеков
Стефан или Дамјан ама повеќе сум за Стефан. На тема бирање имиња, нит сакам да бирам на некој нит сакам да ми бираат. Тоа е желба на родителите и секој си крсти според негов вкус. Може да кажам мислење доколку сум прашана ама да давам мислење или превртувам очи како што кај мене беше случај ( не кумовите), без да ме прашале за мислење немам намера.