Многу од вас сте пишале дека сакате кратки имиња за да не им ги менуваат. Јас баш напротив, обожавам долги имиња, ама просечни, ни по бабите да се, ни ултра модерно како во Париз да живееме. Љубовта ми вика, машко ако е он да си избере име, а за женско јас. Баш и немам најфаворит од машки и женски имиња, само да е долго Па ќе си ги викам нагалено како сакам Спојлер Сеа се замислив со имињава, баш ќе побарам кои имиња ќе ми се допаднат. Здравје дури се омажам и родам, сто пати ќе се смени изборот, ама да се занимавам
мене ми се допаѓаат од женските: Каја,Кјара,Сара,Клементина,Камелија,Естефанија,Теодора,Калина..... Машки: Марио,Дарко,Давид,Теодор,Михил,Матеј...
Хммм, тука осеќам дека очи ќе си ископаме со мм... Женски - Магдалена, Бисера, Ана, Марија, Емилија, Атина, Милица и така натаму, Машки - Бојан, Емил, Глигор, Јован, Иван, Горјан, Борјан, и тн. Ова ни се заедничките со мм, иако јас влечам накај Магдалена, Бисера, Атина, Глигор и Емил. Ако е женско ќе се намачам најискрено!
Сакам кратки имиња за да не се скратуваат после пак !! Нема да дадам ни кумот нити некој друг да се меша во тоа нешто !! а омилено име ми е Филип и Ели
Најубави имиња: м. Лео, Леонид, Тео, Борис, Деан... ж. Леа, Теа, Луна, Лана, и сите така пократки имиња )
Кога го дознавме полот со мм почнавме да се расправаме околу името.Јас сакав Лука а тој сакаше Марко... Му реков ок нека биде Марко ама за второто (здравје) јас ќе дадам име
Женски: Анастасија, Афродита Машки: Димитри, Давид и други женски имиња ми се убави, но овие некако најмногу ми се допаѓаат
Машки: Даме, Горјан, Петар Женски: Нина, Лена и Лана П.С Лана ми стана преубаво, откако во темата Породилни приказни (или некоја друга тема, не се сеќавам) ја прочитав Silk дека нејзината ќеркичка се вика Лана. Се надевам нема да ми замери доколку здравје еден ден имам ќерка и ја крстам Лана . Нека ти е жива и здрава ќеркичката Silk и да знаеш дека го има најубавото име на светот
ќерка ми е софија а второво треба машко да биде ке треба да се решиме мегу -матеј ,јаков и теодор а,којзнае можеби во мегувреме и ке се смани нешто како полот на пример и ке биде бисера
Никогаааш.....како може да ти замерам , мнооооогу ми е мило што ти се свиѓа името Лана, и ти посакувам да си родиш едно убаво цветче кое ќе се вика Лана. Па и да ги запознаеме П.С.фала за убавите желби и зборови , да ти се врати дупло, инаку Лана значи срничка и мојата стварно ми е нежна како срна
^^ Здравје, нека помине свадбата па ќе треба да почнеме да работиме на случајот "ЛАНА" . И знаеш, баш би сакала некогаш и да ги запознаеме... да знае од која принцеза го има добиено името . А доколку не успееме да ги запознаеме, верувај дека ќе и прераскажам како го добила името . Се најдобро ви посакувам Silk, да сте живи, здрави, среќни и да имате безброј убави моменти