Машко - Андреј, Давид, Давор Женско - Дарија, Дина Тие имиња многу ми се допаѓаат, а како ќе се викаат моите ќе видиме.
Ако е женско тешко ќе се одлучам, за машко немам многу избор 1 од мене 1 од маж ми, ќе се договориме некако, но да ве прашам како што ве читам сите маж ми сака ака , јас така, каде е кумот во сето ова? Знам дека сме веќе современи, од една страна изиграваме американци а од друга и не толку. Зошто ни е кумот тогаш само за трошок? Не знам точно како е во Америка и по светот де ама не верувам дека за крштенка кумот иде со толку големи подароци, како овде. Искрено да крстиш дете во македонија е трошок, а зошто? Колкава улога имаше кумот во давањето на имињата на вашите деца? Со некои пријатели имам разговарано, кои крштевале најискрено се разочарани затоа што родителите дошле да го известат кумот како ќе се вика детето. Мојата кума рече вие одлучете си, ти ќе го викаш сто пати на ден јас 1-2 пати месечо може ни толку, но мислам дека не како порано кога кумот дава 1 име, но барем некако да му с едаде значење и на него во сево ова?
Мене од малечка ми се допаѓало името Сара за девојче и кога ќе ме прашале како се викаш сум им викала Сара Па најверојатно тоа некако во план ни е со мм ако еден ден здравје Боже имаме принцеза. А ако биде момче ммм што знам Влатко ми е убаво име, а може Павел, Дамјан, Јане, Давид... за машко во план ми се повеќе имиња. Секое име си има некоја посебна убавина. Секој си го носи на некој убав начин. Па здравје само, ќе треба да работиме на случајот со мм за детуле и имуле
Ние се договоривме одамна: Делчо, Стојанка по баба ми и Дончо затоа што она така сака. Она ги бира имињата на машките јас по баба ми на женските.
Мм не ми се меша во овој дел, остави на мене а он само да потврди. А бидејќи ни е девојче, се мислам помеѓу Јана и Јована... иако веќе мешко го викаме Јана
Нашево бебуле ќе се вика Миа (мислам дека е женсо ) Доколку не изненади и биде машко ќе се вика Филип А син ми кој има скоро 4 годинки се вика Марко
Труднички муабети Бебушиве се машко и женско. Јас и мм живееме во Германија, и решивме да им дадеме Германски имиња Нашите изборот ни го препуштија на нас, а ние блага веза си немаме кои имиња да им ги дадеме Се мислиме меѓу овие : Машкото: - Леоне - Силван - Хефастјан - Себастијан - Адео - John (Џон) Женското: - БелаСофија - Изабела - Дијана - Леонида - Хелена - Ангелика - Маријана Според вас, кои се најубави имиња ?
Внук ми се вика Хефастијан, а комшивчињата ( Кои се македончиња ) се викаат Леоне и Силван Се зачудив Мене најубави имиња ми се Леоне и БелаСофија
Кога почнавте да размислувате за името на бебето? Син ми се вика Матео, сакав Матеј по мајка ми ама дека живеам во англиско говорно подрачје тоа Ј ќе го изговараа Џ па му го сменив во Матео инаку од моментот кога дознав дека сум бремена името му беше веќе одбрано. За второто уште се мислам кога ќе го видам ќе се одлучам, Кастиел сега за сега ми е највеќе во умот