би сакала мојот синко да се вика Матеј бидејќи значењето на името ми е преубаво, дар од бога, и баш синко (здравје) ќе ни дојде во најубавиот момент како дар од бога
Договорени бевме ако биде машко дека ќе биде едно и единствено - Павел. Додека пак, за девојче изгледа дека додека се роди ќе се двоумиме, мама сака - Галена, Каја,Хана а тато само - Драгана
Галена??? Не е малце бугарско??? (има бугарска пејачка со тоа име, па малце чудно ми падна) Инаку ми се допаѓа Драгана, од поодамна ми се допаѓа тоа име, ама мојава бебушка сигурно нема да го носи тоа име бидејќи во нашиов случај други имиња се во игра
^Па ако одиме од таа гледна точка, и Софија е бугарско, Каја, Катја, Кјара се грчки, Ева, Ива, Миа имаме веќе во фамилија и така сите имаат некакво потекло и нешто на што не потсеќаат. Сакам да биде име кое не е многу често и нормално да го сакаме двајцата родители. Патем, не споменав дека може и само да си го донесе името затоа што терминот ми е околу 1ви август.
Да, да... имате време, секако ќе го одберете најубавото Како и да е,најважно е тебе и на твојот сопруг да ви се допаѓа!
Ако имам машко дефинитивно ќе се вика Марко. Преубаво ми е името. Доколку е девојче би подразмислила искрено, сакам некое модернистичко име. Порано убаво ми беше Кјара, но сега не. Можеби би ја крстила Феодора или Ана Феодора. Но дефинитивно на никој нема да му се допадне ова име, бидејќи воопшто го нема во државава наша. Патем постои принцеза Ана Феодора.