Ќерка ми ја крстивме Кирјана, многу го сакав ова име затоа што кај нас во градот од каде сум има само едно девојче со истото име, а и сакавме старо македонско име кое не е толку често. Ако беше машко ќе беше Кирил.
Мојата кукла ќе се вика Илијана, секако по моја желба хеххехех татко и сака Исидора но сепак повеќе ми се допаѓа ова именце, затоа што е македонско и не е баш често име, барем во моето опкружување.
Ако второто ми е машко, би сакала да се вика Михаил. Го обожавам, името! Дури имам проблем со другите имиња, мислам дека не би можела да се обратам на мој син поинаку. Ќе биде жустро со мм на ова поле! Ако даде Господ девојче уште едно, ич си немам поим. За ќерка ми само си се кажа името. Можеби Бисера, можеби Емилија, здравје! Уште да се решиме на второ.
дајте предлог за машки имиња на К. ќе бидам кума па сакам некое помодерно име на к сакат крштелниците
@forumka Никита е уни секс име Познавам едно девојче така што се вика. Во секој случај ми се допаѓа уникатно е
Името Никита стои кај машките православни имиња и се слави на 28,09 а за Вања немав време да разгледам како и да е мене ми се најубави
Јас сум бремена со близнаци па со заедничка одлука со сопругот нашите синови да се викаат Петар и Павел доколку секако се согласат и кумите .
Си го најдов постот од 2010год...Беше и си остана моето омилено женско име, тоа и го дадовме На почетокот кога дознавме дека е девојче, тато баш и не беше сложен да биде Милица, ама кога ќе го прашав кое име тој го сака, ни тоа не знаеше И сепак на крај ми го направи ќеифот, а откако се роди ми рече- сега знам дека најубаво и стои тоа име, бидејќи е најмила За другиве имиња знам дека нема шанси да се повтори приказната...
Син број еден се вика Матео на мајка ми, синче број два дека се роди големо момче му ставивме и големо име, Константин а на ќеркичката и ставивме името на свекрвата, Летиција.