@Вини-пу апсолутно! И јас истото си го помислив. Современиве родители како да се во натпревар да смислат што поневозможно име (по нивно-уникатно) кое ама ич не звучи убаво со нашите македонски имиња, и големи се шансите детето да си го мрази името бидејќи ќе биде единствено во друштвото и околината. И воопшто не ми се свиѓа што не си го негуваме православното и домашното и се ставаат странски имиња. Јас на времето имав барбика која ја викав Мишел, другата Синди...Арно ама мислам дека доволно се изнаиграв во детството па не осетив потреба така да ја крстам ќерка ми
Јас несакам име на кое на крај може да се додаде О.Најмногу мразам Маријо,Ивано,Катерино кога викаат. И сакам имиња кои и во странство би звучеле исто како кај нас.
Сум ја пишала погоре Леона како омилено,знам едно ми фалеше што повеќе ми се свиѓаше од него а не ми текна кое.Кога го прочитав мислењево сватив дека е за Луна.Дефинитивно преубаво име
Во нашиот јазик природо доаѓа вокативната форма од речиси сите имиња, без разлика дали имињата се традиционални, „новокомпонирани“, нетипични за нашето поднебје и сл. Јас имам име кое звучи исто на сите јазици во светот, но и сепак може да се образува вокатив со „О“ на крај и никогаш во живот ниту некој ме нарекол нагалено, ниту пак ми викнал вака „грубо“, со „О“. Си го сакам името такво какво што е, моите уште од мала не дозволуваа никакви игри на букви со моето име, па така и остана. Никој не ме вика нагалено, понекогаш ми звучи и премногу сериозно кога луѓе ми се обраќаат така, ама убаво ми е. За мое дете, никогаш не би одбрала оригинал форма на име кое има само еден слог - Миа, Леа, Клеа, Теа, Деа... ниту пак некое ептен традиционално како Анѓа, Вањѓа, Слободанка,незнамкако. Сакам необични имиња, ама некои се премногу за мој вкус, се изначитав и се изнаслушав такви насекаде. Неодамна онака низ муабет со дечко ми се зафркававме за имиња на деца и ми рече дека му се допаѓа Срна. Се изнасмеав и му кажав: „Преварант, сигурно си ми го читал споменарот !“ Имав прекрасна другарка од детството која го носеше ова име и ми остави толку силен впечаток, што си ветив дека кога еден ден ќе имам ќерка, ќе се вика или така или никако. Не знам зошто ми се допаѓа, не е којзнае што, но ме потсеќа на нешто најмило на свет и баш би сакала да имам „бела“ Срна копија на мене.
Во Македонија сите женски имиња завршуваат на "а" па оттука и она дека може да ти се обраќаат како ивано, мајо, маријо итн. Ама тоа во Србија е нормално, кај нас грубо звучи. Јас лично се држам до македонските традиционални имиња и не експериментирам многу. Имаме преубави имиња.
Еве мојата керка е Стефани.Малце изменето од Стефанија Не е чисто македонско ама мене не ми пречи тоа. И каде и да оди еден ден Стефани е Стефани. Да речеме Иван во странство би било Ајван.Без навреда на тие што се Иван.Но веднаш се добива друг облик на името тоа не ми се свига.
И ние внимаваме на изговорот на името надвор од земјава. Моето има македонско православно име и се изговара во цел свет исто. Второто планираме да има типично македонско име кое исто така се изговара и чита исто. Досегашното мое искуство вели дека најчесто странци грешат во акцентот при изговарањето. Ама сега тоа не значи дека и презимето треба да го смениме. Мене што повеќе ме нервира е кратењето на имињата кај нас. Аце, Маце, Маре, Мики, Коки... Ме нервира непочитувањето кога ќе им се даде до знаење дека детето си има име и ако сум сакала така да се вика ќе сум го крстела така. А тешко е да се одбере име по сите овие параметри па и да не е многу често.
Многу ми е гајле во странство како би ја викале. Искрено ич не се замарам. Тоа е најмал проблем за кој би се секирала ако некогаш живее во странство. Туку додавањето на наставките -о- и -е- на крајот од имињата, колку што се сеќавам од граматиката беа дел од некој падеж кои се користеа за да повикаш/довикаш некого. Слушнав по ново дека се исфрлени од нашата граматика падежите. А и слушам се почесто дека на луѓето им се обраќаат исклучиво со оригиналното име, без додавање наставки. Но на ќерка ми сеуште и останува -е-то на крајот ради дедо и што е србин но не ми смета, навикната сум да живеам со падежи @joy1 ти си од модерните мајки, ама со разумно избрани имиња А врати се една страница поназад и ќе ти биде јасно за какви имиња правиме муабет дека родителиве забегуваат. Или сега скоро слушнав за девојче што е крстено Тиара....Во тој момент си помислив дали намерно и го дале или стварно не знаеле што е тиара?
ТиЈаρа,мила,од наши познаници од Велес се виκа девојчето. Исто,пρијатели имаат бебче κое им се виκа Стилијан и знам чеκаат име.
^мислам дека Стилијан имаше светец.. Некаде како да имам сретнато во православиево.. А звучи почудно..
Да не бидам погρешно сфатена,не деκа јас не ги одобρувам тие имиња,само ми се несеκојдневни и единствени κои ги знам. А Стилијан па и не е лош избоρ за име
Секогаш сум размислувала за имиња незнам дали е тоа женска работа нешто хихих . Епа години уназад ми беа умеро уно Матеј , Вероника - заради значењето а Матеј дека е убаво . Матеј го исфорсираа ко во мое време Марија и одпадна за секогаш а Вероника ми е некако паааа... Кратки имиња како на малските кучки мачки не . Машки : Атанасиј , Михаел (има и други ама некако никое не ми е ептен ) Едно женско ми прирасна за срце во последниве две години и мислам дека нема да можам ако имам керкича да ја викам поинаку (иако сакам првото да е машко ) . Тоа е Софија и уште едно преубаво име кратко како второ на ова ама не име леа теа (нема љутиш) Имам замислено ако имам девојче да има две имиња ,Bторо омилено е Талија ова е од пред некое време има и други ама ова има значење преубаво и е ретко а сакам тпоуникатни имиња и секако второ име и на ова додадено Несакам многу егзотични имиња , мн кратки а не ни мн хард коре како Анга итн итд. Сакам да се македноски да тоа мора . Од кога знам сум сакала три деца а во последно и четири . Иначе да си го обожавам името и штета што неможе да го дадам тоа име -Се викам Александра
Многу се смеев , брат ми кога беше годинава на одмор и у комшии кај нив имало кумановци исто..и по детето Ангел викале Ангелее Ангелее , дека на српски тераме ние , и на Скопјаниве не им било јасно што биле до нив дека е Ангел и мислеле Ангеле се вика..и сите ајде Ангеле , кај е Ангеле? хххххх
Кога ќе имам деца би им ставила некои од овие имиња: женски: Лорена, Лаура, Андреа машки: Aндреј, Дамјан, Војдан
Здравје некогаш кога ќе имам и јас деца би ги крстила: Женски: Анастасија, Киријана, Јоана, Клара Машки: Лука, Михаил, Тео, Јосиф
Моето без многу мислење се вика Кети јасно, кратко и гласно.... Кога ке почнете да набројуватееее еее Неможе да сте толку неодлучни
Омилени женски имиња- Анастасија,Вероника,Лара,Исидора Машки- Марио,Ангел,Филип,Ненад Се надевам некое од овие имиња ќе го носат моите деца,ама додека родам јас кој знае какви моди и револуции ќе претрпат имињата