Сеуште е рано за мои дечиња ама многу пати до сега имам размислувано за тоа како би се викале. За девојчиња: Антонија, Миа, Талија. А ако имам син (многу го сакам тоа, уште од мала): Дарис.
Ако беше женсо 100% ќе се викаше Калина, нема двоумење, ама сега испадна дека е машко и јас се мислам помеѓу Јосиф, Бојан, Јован. Маж ми од овие 3 најмногу е за Бојан. Јас сум повеќе за другите две едно време сакав Филип, ама братучетка ми нејзиното го има крстено Филип. Во списокот може да влезе и Илија, само после да не го завикаат Иљо
Јас мислам дека се неправедни спрема тебе , мајката на моја најдобра другарка се породи пред неколку години со 5 то женско па сите беа разочарани (секако тие го сакаат девојчето многу .но очекуваа момче) , не се ни албанци ни муслимани . Мислам дека нема тоа врска , сите доколку би имале 2 девојчиња најверојатно би оделе на машко ако имат момчиња на женско , Друг пак случај кај мене во соседстовото , семејство кое има 5 машки деца отидоа на 6то и девојче бог им даде , мајката викаше дека до 10 ке оди само да има ќерка . Без разлика на полот јас ќе го сакам неизмерно и јас повеќе би сакала син но мислам дека врската меѓу мајка и ќерка е уникатна и би се радувала без разлика на полот само да е живо и здраво . Нема само кај албанците такви случаи има и кај другите без разлика на националоноста . Како што кажа самата можеби уште мозокот ти лета хехехе . Иначе Берат е мн убаво име
Фала Инаку не ме интересира дали се неправедни спрема мене,секој си го знае добро животот и секој овде на форумот ќе каже свое мислење ама само тоа,бидејќи никој со никој не се знаеме и не знаеме кој како си живее
Moите деца би се викале ДАвид, Дамјан, Филип, Бојан, Антоанета, Матеа, Екатерина, Леона, Лора, Дора ... некое од овие имиња
Мојот син се вика Александар Инаку други машки имиња: Стефан, Дарко, Марко, Иван Женски: Викторија, Валерија, Драгана
синчето се вика Давид , ако второто биде машко ми се допаѓа Марко ,а за женско Софија и Марта ми се омилени
Предложете девојки некое име за девојче, треба да биде нешто блиску до Славица...но, некако не ми прави кејф именцево не прашувам за мене, ми треба
Моето бебе ќе се вика Вики, и тоа цело име е. Здравје Боже, нека се роди здраво и живо! А ако имам син во иднина сакам да го викаме Максим. Многу забелешки имам за овие имиња од околината, ама барем во денешно време можеш кое име сакаш да му го ставиш на детето. А јас не сум човек што слуша што велат останатите.