Незнам наредна контрола ке ми кажат, ако е девојче немам проблем имам куп омилени имиња Инаку не ветив јас, мм таа работа на прадедото... ама како сакаме ние така и нема никој да не предомисли. Башка еве ова желба на кумот е, па нека се договараат со прадедото Чим првото не го крстив по свекор ми, не ми иде второто да го крстам...
@mariz така е, се согласувам, ваша одлука е секако. За женско и јас си имам омилено, ама дури да се решам за второ сите така ги крстија. Помал е изборот за машки имиња.
Ние одлучивме да биде Димитар, баш за св.Димитрија дознавме дека сум бремена, бебчето само си го донесе името
@mariz Оливер ми е најубаво од наброените. Теодор и Оливер. Тео и Оли.. фино звучи. Јас па кога си размислувам за второ дете, и тоа ми е женско.. и само на женски имиња си размислувам. И пак би било кратко, интернационално, исто да се пишува на латиница и кирилица, и секако, да не познаваме ни јас ни маж ми некоја личност со тоа име.. и без именден да е..
И јас сум за Оливер ,од машки убаво ми е и Давор иако е католичко ама ми се свиѓа,и стварно за машко незнам како би го крстила доколку имам,секогаш мислев дека ќе имам ќерка и знаев како ќе се вика,а за второ не би знаела искрено.
Моите сонца се Јаков и Тадеј.. Се надевам дека нема да ми остане неостварена желба Кирјана само мм да се одлучи за 3то Јас сум за
Не слушај никој, како сакате ти и мт така си ја крстите. Јас името го смислив уште пред да останам трудна и кога дознав дека е женско ептен ми беше мило. Му кажав на мм дека тоа ми е желба и тој се сложи. Секако договорот ни беше ако е женско јас бирам име, а за машко тој.
Јаков и Тадеј ми се најубави машки имиња. Син ми си носеше име бидејќи се роди околу голем празник, инаку може ова ќе беше и нашиот избор.
Батали другарки, како на вас ви се свиѓа! Имам една блиска (беше) која до ден денес ми мрчи какво старинско име (бабско) сум и' дала на ќерка ми...Ничим изазваним знае да прокоментира КАО на шала. Последниот пат замалце што не и' кажав- Дај од**би човече! Се воздржав и бев поумерена но следен пат нема да се воздржувам. Во избор приватен меѓу мене и маж ми не сакам никој да се меша.
Ведрана е баш убаво. Како не сум се сетила никогаш? Многу ми се допадна, многу. Инаку, јас на мојата и го дадов името кое најмногу го сакав, не замарајќи се дали се крати, кој како ќе ја вика и слично. Јас имам старинско име кое се крати на сто начини, па сите со целосното ме викаат. Се зависи од тоа како ти се обраќаат родителите како мал, таков пример и другите ќе земат.
Убаво е Јас еден куп имам, ама мм дури две има на ум и се друго не му се свиѓа Инаку убави ми се: Борјана, Јана, Невена, Лина, Илина, Анастасија, Ема, Калина, Софија, Сара... куп женски убави имиња има, може и затоа е тешка одлуката...
@mariz навивам за Ема Бисера е мн. убаво со маж ми крштевавме така. Аника или Ема беа моите фаворитиако беше женско. Ања исто ми е убаво.
Ова ко јас да сум го пишала. Ги наброја сите имиња кои беа во потесен избор за ќерка ми.. и кои останаа здравје за второто дете (женско)...