Мене Ема ми се допаѓа. Јас многу си го сакам името, не е модерно ама знам дека секаде во светот ќе го разберат, никаде нема да се мачам да објаснувам како се викам. Така и моите деца ќе ги крстам (здравје еден ден), со универзални имиња, кои ќе можат секаде да ги разберат.
Од овој избор Софија би го избрала башка ми се свиѓа и значењето,и другите се супер ама во последно време има многу Лини,Јани и Калини @Kitten ич да не ти е гајле за другарката,јас ти кажав мене вашето име ми е супер,баш дека реко го ставаат последните години,на пр многу имиња што се вртеа во нашите генерации се слабо застапени,еве пред некој ден ќере си играше на лулашки со девојче Билјана,дури ми беше чудно одамна никој така не крстил,или Емилија,Кристина,Милена и др сега не ми текнува.
Мене па Софија ми е сега пречесто во околинава. И тоа Софиа без Ј, што не е правилно во мк. Името на ќерка ми е во честите, а кога јас пред мноооогу години го одбрав, тогаш никој не крштеваше дете така. Со имињава се е на периоди изгледа. Само моево е се уште ретко, никој не го актуелизира Инаку, за мене секогаш посебно значење ќе има името Марија, пречесто, но никогаш не здосадува, затоа што неговото значење и светоста која ја носи е нешто посебно, чисто и нежно. Не знам како покрај вакви убави имиња, се одлучуваат за тотални безвезлуци да не набројувам, да не некого несакајќи навредам, бидејќи ствар на вкус е, а за вкусови не се дискутира За второ женско име немам фаворит, едно имав, го потрошив Понекогаш на ќерка ми наместо мила моја и викам милице моја, па постепено ми се засвиѓа и името Милица, за второ. Оти сега ако сакаш да крстиш некој по име Милица, мораш да ја крстиш Мила нели, што не е поубаво Но, ништо од тоа, доколку се има второ женско, мм изразува молба и желба за Петра. Не ме воодушевува, но барем не е некое да не знам да го речам на старост
@mariz @azelea @BirMelek @eli25 @forumce добро е, конечно со некој да се сложам околу избор на имиња, барем за женските Со страници наназад ништо не ми се допаднало, ама сите овие што ги набројавте на последнава страна се и "мои" имиња. Сара, Софија, Јана и Калина се чести имиња, но сепак убави. А наместо Лина и Ема, јас сум за целосно име- Ангелина и Емилија...преубави ми се двете! Јас за второ ако е девојче би ставила Емилија....и Кристина и Милена ми се убави, Магдалена, Невена... @BirMelek мојата е Милица За машки имиња ќе треба да се истепам дома...фаворити ми се Милан и Милош....толку. Незнам зошто за машки имиња тешко ми е да кажам дали ми се свиѓа или не.
Од секогаш сум сакала ќерки, ми се исполни желбата Така да и немав нешто идеи за машки имиња, бев фокусирана на женски Актуелни беа Матеа, Јована, Теодора, Софија..за второто се мислев околу Стефанија, Меланија...изборот падна на Михаела и Сара
Китен ма! Како второ Емилија да крстиш? Сега веќе не може, мора Емили да биде Се шалам, ама ако веќе твојата е Милица, а мене ми се свиѓа, крсти ја Ангелина да бидеме порамнети, гледам ти се допаѓа.
Мене ми се допаѓаат Дејман или Горјан. Или Ксенија и Нина. Ама овие имињата со Ј некако долги и тешки ми стојат за пишување цела страна на сопственото име во прво одделение Јас го имам едно од најстарските и најглупави имиња во мкд, и сум крстена по баба ми. Ни на крај памет не сакам да крстам дете по некој. Сакам да си има свое име. Ама мислам дека ќе е трета светска војна со кумот
Другите убави, ама Дејман што е? Прв пат го слушам, ни на име не ми личи Оф топик многу се израдував за бременоста, честитки
Деца немам уште,но ако даде Господ ќерка, би сакала да се вика Уна или Михаела,а за син Андреј или Михаил! Мене овие имиња сега ми се „ин„! Ама кој знае тие кога ќе се родат?
хахах и потоа сакам ако имам син да си го крстам Дејман, а и јас не знам дека правилно се пишува Демијан ти благодарам , далеку сме до имињата, ама добра прошетка на мозокот ми е темава
Првото синче ми се вика ГОРАЗД, старо македонско православно име, второто синче ми се вика ДАВИД, исто така старо македонско име. Сега сум трудна по трет пат со девојче, шести месец и сеуште немам избрано име. Кажете некое убаво старо македонско име?
Ние им кажавме на најблиските за името, ама немаше некаква реакција од нив, дали не им се допаѓа или очекуваа да ја крстиме по некој не знам и не ме ни интересира.