Ќерка ми има старо македонско егејско име што со мм го одбравме уште неземени Евгенија, а за машко сакавме Максим. Сега не знам што носам ама навивам за машко ( сакам мешани деца ) Максим нема да биде има еден куп во околината. Сакам по татко ми Владимир ама мм нема да даде па ќе биеме битка за името до крај. Како и да е ќе биде македонско и долго. Последно ќерка ми рече Стефан
Ај мала помош најверојатно околу 30 јули ќе се породам, а баш се паѓа огнена марија празник,па некој предлог за име за машко да беше децојче лесно марија или марина ама вака незнам во странство како би го викале Огнен.
Крсти си го Огнен ако ти се допаѓа, што има врска како ќе го викаат во странство? Име си е, тој и во странство македонец ќе биде. А ако закасни 2-3дена од термин, може и Илија да биде
Финтата е што на мм не му се допаѓа ни огнен ни марјан, јас дадов предлог за Марио , тој ќе го зафркавале супер марио, вчера кога бевме на преглед рече докторот најкасно до 28 јули дека царски може и на тој ден да биде
Хахаха леле исто како мм, кога мислевме прво дека е машко реков Марио и ми рече е да бе супер Марио, ах маживе исти се. За кое име и да дадам предлог наога смешен прекар, а само за неговото немало смешен прекар
Se pronajdov vo tvojot post ista situacija bese i kaj nas pred da se rodi beba... Eve mala pomos ko predlog od mene: Ignat
И мм ем моите не му се допаѓаат а нр кажува предлог, едино христијан му се најмногу свиѓа може дека плус и свекор ми рече дека ептен му се допаѓа тоа име, а ваму ако се роди на празник сам си го носи името.
Од секогаш бев против тоа имињата да се ставаат по свекор/свекрва, или мајка/татко. Имав желба и стриктно зацртани модерни имиња за моите идни деца... Но , родителите на мм се прилично стари ,имаат по 95,96 г и се уште немаат внуче. Во периодов дур водам битка за бебе,одлучив дека со задоволство ќе ги ставам нивните имиња. Славен,од Славко и Ристена. А на мм му се допаѓале Вук или Јан. Ама нема,тие ако стасаме до трето
И јас бев против ставање имиња на баба дедо,ама на сон името што го сонив е модерна верзија на името од мајка ми кое е постарско,а ова модерново баш ми се допаѓа И викам на мајка ми не е на тебе да знаеш хахха ама ете и мило ми е што ќе ме потсетува секогаш на неа.
Ееее јас 10 дена сум била без име на крај по лик од словенска серија ме крстиле. Мојот се вика Марио и јас прво викав како бе Марио ко дете нинтендо играв се секавам ама се навикнав и сега си го сакам
Огнен е многу убаво име. И во странство и во земјава секое име исто си се изговара. Не се оптеретувај со тоа. Терминот ти е околу илинден. Можеш Илија или Илин. Син ми е Илин