Позз на сите! Барав по форумов, ама не најдов тема која е единствено само за имиња на мачиња Уште малце па овие моиве галенички ќе си имаат мачиња, па ќе им требаат некои убави именца Епа ајде форумџики, давајте предлози (Иначе сум многу прибирлива кога се работи за име на миленик, мора да биде некое совршено ) Фала ви однапред
Јас им давав строго немачки имиња, Ханс беше едно црнобело маче ама го дадовме на други да го чуваат, после имаше Фридрих црвен селски мачор и Фрида (мачка)...
Мачката ми се вика Стрелка, така братучедка ми ја крсти. Помалово маче го крстив Sea Green, затоа што има многу убави зелени очиња. Едит: Темава може да биде општо за имињата на миленичињата, не само за мачињата.
Јас си ги крстам животните онака како што ќе се почувствувам во моментот. Мачорот ми се вика Пумба, бидејќи се роди трет (и последен), и беше подебел од првите две заедно, па тоа име ми падна на ум веднаш штом го видов таков мекичок дебеличок Мајка му на Пумба се викаше Ѕверка (Beastie) бидејќи беше хиперактивна, и постојано трчаше и беснееше наоколу, па некако името и одговараше Минатото лето кај баба ми дојде мала мачка, и штом ја видов, ми падна на ум Нора. После тоа, околу октомври, и кај мене дојде мачка, ама се скапав мозгајќи, и 300 имиња ми пројдоа низ глава, ама ниедно не ми звучеше убаво и токму за нејзе, па сѐ уште ја викам Мачка За мачки всушност секое име ми звучи убаво, освен Марко. Алергична сум на тоа пошто во комшии имаме едни кои откако знам за себе чуваа 53091 мачки, и сите, без разлика на пол, ги викаа Марко па дури и на село кога ќе појдам, кај што се по потекло баба ми и дедо ми, и таму до што има мачка се вика така Има на Animal Planet една емисија, или бар порано ја имаше, Too Cute се викаше, и беше за тазе легла од маченца и кутриња. Побарај ја на нет, може ќе ти дојде некоја идеја
Моите се викаат Нани и Беби.Можеш да дадеш Гарфилд,Лиза,Бела,Алеа,Макс,Вито,Шила во моментот тие ми се на ум
Моите мачори беа Тошо, Лео и Дино. Сега хранам една улична, си ја викам Тачка Да има моја мачка легло, би ги крстила сите на иста буква.
Хаха Марко, ова од на Југославија времето. Така ги викаа тогаш мачките - Марко. Кучињата пак Шарко. А јас едно што имав, меѓу првите ми е, цело црно, се викаше Томчо и мене ден денес така ми е парамон. Иначе сум имала и Мара и Жолтко, Бела...и безименковци многу