Јас многу мачки сум имала досега но ќе предложам други имиња. Пајо, Цаци, Раде, Стојче, Ѓоко, Мацко, Мики, Ване, Зуки, Круме, Џони, Џими, Чаки, Хорхе, Мулан, Симе, Адам, Нерон, Џанго, Најки. Лана, Лејла, Ева, Хана, Јоки, Фрида, Бела, Мишел, Маша, Нена, Пела.
Вита е името на мојата. Латинско име е, значи живот. Намерно ставено за да ми живее долго (као порано старите што ги крстувале децата). Претходната се викаше Миша, пошо беше сива ангорка и умре поради ненавремена интервенција на ветеринарот. А мачорот веројатно од старост, тој беше Жаре, другарка ми беше кумот според нејзина симпатија во тоа време. Претходно имав мачка црно-бела, Цвета ја викавме.
Најголемата ми се вика Пи, ќерка и Касандра (оти така ја завика тато), уште едниот син на Пи што остана нема име и двете што ми умреа се викаа Поки и Топче.
Само еднаш сум чувала маче во животот и се викаше Трајче. Како што гледам од имињата на вашите мачки, само јас најдотепано име сум му дала на моето. Инаку предлог име за маче-Фигаро, тоа име најмногу ми се допаѓа, ако чувам мачор во иднина така би си го крстила.
Јас имав една мачка сама дојде кај нас. Ама од што правеше глупости ја крстивме Смотана .Еднаш и беше рипнала на комшика ми на глава додека таа спиела, преку дрво се качила на тераса и и влегла во спална вратата била подотворена. После на трети спрат торта изеде на братучедка ми не знам како ја намириса до трети спрат.
Мојот најубав,најдебел,фраериште мачор се викаше Бучко пошто имаше големи уши освен ова мила,црна,жути,мац мац
Зевс. Според ставот негов изгледа како да има голема самодоверба,крупничок си е, добар ловец,тепач и постојано гладен.