Денес си купив две папагалчиња Тигрици,машко и женско,мислам имиња ама никако да се одлучам,ај ако може мала помош,неколку предлози
На татко ми папагалчето се викало Кики-машко. Првото папагалче мое се викаше Рики(Ристана)-женско. Второто мое Стојанче-машко. Сега моето трето Тоде-машко. Рики ја чував пет години и ми умре во ноември 2010, за неа бев највеќе приврзана, само она не бегаше.
Ах ... ЈАс едното си го викав Мончи, другиот Ричи, Чико, и Ѕверче ... сум имала и други ама кус ми е паметот сега. Фатално завршија. И последниот Чонката мила отиде денес на другиот свет. Инаку и на интернет пиши на гугл, милион имиња ќе ти излезат.
Па.. не ги припитомувам. Само Рики не бегаше ама ја земав кога беше мала и уште вториот ден ја пуштивме да лета, ама не леташе, веројатно страв и беше. Прво само кај татко ми стоеше, од мене, сестра ми и мајка ми бегаше, па после кај него одеше го какаше не рамо и одеше кај мајка ми да се бацува
^^^ не се пушта пиле одма да лета. најпрво треба да се приспособи, најмалку една недела на новата средина. А со која личност комуницира пилето прво, таа ја гледа како најблиска. Јас си зборувам со моите папагали, и татко ми им обрнуваше многу внимание ако ги однесев во дневна. И да им става некој друг јадење беснеат. Тоа Ѕверче претходното, освен мене никој не сакаше. И на глава, прст, рамо, се кај мене. И од рака ми јадеше... Тие се не знам какви створења ... мили мили најмили. На секое пиле му го знаев пеењето ако не му е добра водата, ако сака просо, ако сака тоа едно за стомакот, ако сака надвор ... посебни песни пееше.... Со нив треба полека и нежно... За папагалите е добро да имаат во името ч. Можат полесно да го запамтат и да научат да го изговорат името. Извинете за безпотребниов пост на темава ... ама ете ... спомени.
еј што читам зарем Кики е толку традиционално име за папагал и моето папагалче се вика Кики али јас го крстив така со причина не дека се распрашував кое е најчестото име што се става на папагалче
Гледав и на гугл и секаде се некои комплицирани имиња ми вади некако за машкото ми се свиѓа да се вика Ричи,а женското.... и ако знаете уште нешто како да постапам со нив пошто се шокирани и двете денес само дремат кажете...а многу се малечки бебиња се уште...уште да ми доаѓаат на рака ептен ќе бидам среќна
Моето папагалче се вика Кика, преслатко е, мада на моменти ми иде да ја фрлам од тераса поради нејзиното прегласно цивкање
Вики и Тоде Ако си религиозна, види таму што светец денеска има на календарот. Многу луѓе така си ги крстиле миленичињата.
Рики јаде печени макарони, па после пролив. Стојанче - муж и на Рики, ннајпашливото папагалче. Тоде - долга приказна. Знам дека не треба да се пушта да лета одма ама моја пуста желба пред 5,6 години. Деца..
И јас порано имав папагалчиња Спојлер мистер Џорко енд мистер енд мисис Коки и Кокица (маж и жена си беа тие ) Спојлер донт блејн ми на првиот тетин ми му го даде името ми - јас Баки сакав да се вика за другите брат ми е крив инаку знам дека закон им беа имињата Женско име за папагалче со Ч - Чика
Hiii колку што можам да забележам е твојот кики, пошто колку што гледам има сино носе, значи е машко, пагалчињата од овој тип со розово носе се женски, а со сино машки(барем така ми кажа продавачот)...како и да е многуууу ти е слатко, срценце Спојлер сори за офф