Јас немам папагал, ама ќе ти предложам неколку имиња... Машки: Коко, Зуко, Ричард, Енрико, Пере, Тики, Џими, Рони, Бруно, Тајгер, Реј, Реџи... Женски: Зрнце, Лејди, Станка, Мини, Дуда, Џивџи, Кики, Роска, Ева, Лиа, Теса, Џејми...
За машко: Роко, Коко, Рафа, Баз, Адам, Алекс, Бади, Томас, Спајк, Ѓоко, Боби... За женско: Пепа, Руби, Ели, Дона, Џинџер, Луси, Венди, Моли, Кика, Лиса, Дива, Лулу.
Кога бев мала имавме папагалчиња, последното избега за среќа, изгледа сите ги викавме Мики. Денес не би чувала папагалче во кафез дома, птицата треба да биде слободна, да лета а не јас да ја чувам во кафез. Многу сум против тоа да ги затвораме птиците во кафези, како домашно милениче, премногу себично е тоа. Ниту мачките не ги чувам внатре, шетаат кај сакаат.
Имав едно папaгалче Рики (машко) , предходно Коки (исто машко) и последните две што ми беа немаа имиња некои, кратко време ги имав, машкото го викавме Зеленко (бидејќи беше зелено), а женското Плавка.