Да бе, дамата на канал 5 ама не ми се гледа од прва епизода повторно, јас си ја најдов на интернет со превод на српски, па сега планирам таму да си ја гледам од онаму каде што застана А1
Не пишуваше точно од кој ден и во кој термин, само легендарното НАСКОРО. И пак од 1ва сезона, веќе налет од истите епизоди. Даваа реприза додека траеше филмот, даваа репризи од почетокот летово на А1, па аман веќе нека продолжат каде застанаа! Има луѓе кои ја следеа серијата, не мора да примамуваат нови и само нови гледачи со ова, аман!
Дури сега ми текна да пишам нешто за серијава. Не ме воодушеви нешто посебно, а како што тргнало не верувам и дека ќе ме воодушеви. На почетокот за Ѓулу ми беше многу жал. Татко и' и брат и' ја малтретираа, и' ја земаа цела дневница за да се пијанчат, не и' дозволија да биде со Кемал, многу страдаше, делумно се наоѓав во нејзиниот лик. После откако се зеде со Музафер стана толку ниско и подмолно суштество што серијата ми стана одбивна. Стана створење кое не бира начин и гази се' пред себе. Стана прикаскава „кад се сељак покондури“. А дури па кога Музафер умре стана народнана „кога мачорот го нема, глувците оро играат.“ Како го малтретираше само внукот на Музафер за да му ја земе земјата. Па што и да било некогаш, тоа мајка му му го оставила, нема право таа до вчера опинок да прави така никому. Па на сестра му на Музафер што и' правеше, ја уценуваше да не биде со Кемал инаку ќе ја лиши од нешто во кое таа пораснала. Демек го почитувала зборот на Музафер. Ем не сака да е со Кемал, ем не сака никоја да биде со него. Пониско створење, амин. Се надевам дека ќе си го добие понатака... За Кемалов пак, муабет да не се прави. Карактер нула.
филмот игра секој работен ден на тв пинк од 18,30 цасот и тоа новите епизоди од втората сезона.А кај на пак одново ке ги пустаат...
колку шо успеав да сфатам, кучката си го доби заслуженото. Ете ти го Spoiler имотот, на! во цела серија, за Халиде отсекогаш ми беше најмногу жал...а Пакизе ми е омилен лик дефинитивно. абе ај некој шо разбира турски нека опише накратко во спојлер шо се дешава (дали правилно сум сфатила)
Aбе на јутјуб ги имало епизодиве, чак со српски превод, еве една епизода само ја многу сум отишла напред, овде бебето на Ѓулу потпораснало. http://www.youtube.com/watch?v=MaDKx_fz ... re=related