Серијава не беше лоша, не беше ни нешто ептен добра, не ја пратев, ама стално ТВ ми беше уклучен на А1 тоа време дури учев (?) па отприлика сум запознаена со настаните. ОК е, прво затоа што... не знам, содржеше некоја мала топлина на времето во кое е сместено дејствието. Ниту еден лик не ме воодушеви нешто посебно, но никој не ме ни иритираше, што е исто така важно. Инаку можеа и подобро да извлечат од приказната...
И на што личи сега оваа.Па веке заборавив што предходно се случуваше како сега ќе гледам продолжение Многу доцнат со продолжението требаше порано.
ИМОТОТ НА ДАМАТА започнува од среда од првата епизода. По првата сезона, започнува втората сезона. СРЕДА - КАНАЛ 5 ТЕЛЕВИЗИЈА- 20 ЧАСОТ
Халиде ми е најголемата лошотија во серијата. Spoiler Нема да им ги даде парите од Ѓулу на работниците, ќе ги сврти против неа и ќе ги набоцка да го запалат имотот. Значи на еден начин,Халиде е виновна и за смртта на Кемал. Многу ми е одвратна.
Кога ја гледам серијава многу се растажувам. Поради тоа одма го менувам каналот кога игра. Најмногу ми е жал за Кемал,кутриот што се не претрпе заради таа љубов,па уште го вреѓа онаа. Убаво на крај сама ќе си остане кучката,додека Кемал со живот ќе плати за неа,и покрај се што му направи.
НАЈВОЗБУДЛИВАТА И НАЈТРОГАТЕЛНА ДРАМА КОЈА ВЕ РАСПЛАКА НАСКОРО НА КАНАЛ 5 втората сезона од ИМОТОТ НА ДАМАТА
Дефинитивно една од најубавите серии досега, после Величенствениот. Навистина многу ми се допаѓа тоа време во кое живееле (мислам на овие на имотот ) облеката,накитот, елеганцијата, класиката... и тоа колите во срце што ми се влезени Содржината е многу убава, навистина малце поразлична од обичните љубовни сапуници.. а пред се ми се допаѓа тоа дека ја претставува жената како самостојна и независна, се бори за своите права. Глумицата совршено е вкопена во улогата, а богами и господинот Музафер.. е тоа е вистински господин без грешка Јас ја гледав од почетокот кога ја даваа на а1 и ми остави многу добар впечаток, кога ја прекинаа ми беше многу жал али среќа што ја откупија, господ здравје да им даде на канал 5 Едвај ја чекам новата сезона, само ме интересира ако може некој да ми каже со кого ке се мажи Ѓулу кога ке го запалат имотот или само сонува???
Spoiler Со Кемал ќе се мажи, ама баш тогаш работниците ќе и го запалат имотот и Јасин ага ќе дојде да ја викне. Куќата ќе гори а детето на Ѓулу ќе е внатре и Кемал ќе го спаси. Ќе умре потоа. Јас на нет ја гледав и на телевизија не сакам ни да почнам да ја гледам втората сезона. Глупаво многу, на крај сите ќе умрат наеднаш, еден по друг... Нешто не ми е по кеф
Не ви некако поинаку ако ја гледаш по втор пат? Како да се кратени некои сцени. Знае некој кога почнува втората сезона?
Даваат секој ден по два саати од серијава, затоа брзо поминува првата сезона. Втората ќе почне идната недела.