Империја (Empire) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 5 март 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt3228904/?ref_=ttmd_md_nm
    Нова серија која веќе руши рекорди.Првата сезона е во тек, има излезено 9 епизоди, а веќе е обновена и за втора сезона.

    Станува збор за музичката империја на Lucious Lyon и неговото семејство. Има некои клише моменти, ама има и доста драма и музика.

    Во главните улоги се Taraji P. Henson, одлична актерка, ми се допадна уште од Person of interest, и Terrence Howard. Кастингот е одличен, сите ми се допаѓаат горе-долу.

    Веќе осма недела по ред рејтингот на серијава е во пораст од премиерата, што не се случило од 2004.

    Има некои добри песни, има и некои не баш, меѓутоа мене лично серијава одлично ми легна и топло ви препорачувам да ја ѕирнете. :)

     
    На anuskaNESTLE, G.G и alekce83 им се допаѓа ова.
  2. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Можам слободно да кажам дека Империја ми стана една од омилените серии, веднаш после 2-3 изгледани епизоди. Секоја епизода ја гледам во еден здив, а руши и рекорди на гледаност. Ми се допаѓа тоа што освен драма и сплетки има и музика. Периодов цело време ми се врти песната на Jamal

    Најомилени ликови ми се дефинитивно Cookie и Jamal.
    tumblr_nkpgz4qmFG1socz3go9_r1_250.gif tumblr_nkpgz4qmFG1socz3go2_250.gif tumblr_nkpgz4qmFG1socz3go4_r1_250.gif tumblr_nkpgz4qmFG1socz3go6_r1_250.gif tumblr_nkpgz4qmFG1socz3go5_r2_250.gif
    Ми се допаѓаат и останатите глумци, одличен кастинг има целата серија, понувајќи со Taraji Henson (Persono of interest, Think like a men), Terrence Howard, се поајвуваат и многу познати личности, како што се Naomi Campbell, Courtney Love...
    Криво ми е само што има толку малку епизоди во прва сезона, и вкупно 13, уште 3 епизоди и ќе заврши ама ме радува што слушнав дека веќе потпишале за втора :)
    Ова е промото за наредната, 10 епизода, во која ќе биде гостинка Jennifer Hudson
     
    На anuskaNESTLE и RainBow им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    Финалето не беше лошо воопшто. Ама имаше премногу натрупани моменти, можеше барем малку посмирено да биде, ама подобро објаснето.
    Куки... Куки ми е најлик од серијава.
    [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    :rofl::rofl:
    Во втората сезона се најавува дека ќе гостуваат многу славни личности. Се надевам нема само да спласне акцијата. Баш е забавна серијава, онака, ептен забавна.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  4. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    Луѓе, ајде една минута молк за безобразниот шарм на Лушс Лајон! :tmi: 8-|
    Маж прав бре :muscle:, голем физички - по мој вкус, па и црнец со зелени очи, о Боже поможи! :whew:
    Па и тие марамите бесни, како се облекува, готово, се заљубив...:l:

    10 епизоди во еден еден изгледав - се е јасно, од 1 до 101 колку ми се допаѓа серијава.
    Има преубави и преталентирани актери, Хаким е навистина човече и пол за неговата улога, Drip Drop песната на јутуб дури си ја слушам, у глава ми влезе и крај. :D
    И Џамал е симпатичен, и заедно со Хаким имат одлични аутфити и се интересни, слатки и лесни за гледање.
    Куки е лавица бре, нема збор што би ја опишал женава, беснило низ Империјата донесе, ја задрма до корен :clap: А богами и стилот и е бесен, заедно со таа асистентката нејзина ми се права комедија од шаос. :D
    Аника ми е преубава, жена и пол, ама некако антипатична, нормално тим Куки сум! (highfive)
    А во последниве епизоди исто и Лушс ме нервира, ептен во крајност му е отиден ликот, многу е сменет од порано се гледа, ама се надевам дека Куку ќе го извлече најдоброто од него, ептен јак и бесен тим се,
    а баш да видиме што ќе испадне сега откако е во затвор и како ќе помине здружувањето на Куки и Аника.
    Андре ми е негативец заедно со жена му, антипатичен и недоквакан џивџан, се гледа дека има некое природно лудило, на страна биполарноста, има лоша душа, па и како го уби вујко му заедно со жена му, ладнокрвни после тоа, незнам, се е каша попара,
    баш ја чекам 2ра сезона да видам какви до прво сплетки ќе има и како минативе ќе се расплетат.

    (y) за серијата. :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    Лушс на Фокс го превеле Луциус.:D Смешно е, не знам дали така требало, ама кога го прочитав се умрев од смеење. Што му фали на Лушс? Чудно е малку дека на шс завршува, ама повеќе ми има смисла некако.
    На почетокот мислев дека е малку океј човекот, дека има добра душа и покрај се што му се случило, ама кога така му го свирна куршумот на Банки увидов дека е ладнокрвен и дека се ќе направи за да се заштити. И нека остане во затвор, таму му е местото, кога веќе нема да умре. Нека види како и беше на Куки 17 години во затвор заборавена. Се надевам дека ќе го остаат таму да чмае малку подолго. И Џамал ме изненади, од меко педерче (не го мислам ова поради тоа што е геј, туку во другата смисла) го направија хард кор гангстер. Што знам, тоа малку нелогично ми беше, ама ај. А Андре ми беше греота кога му се случи нападот, иако направи ептен лоши работи, така некако, жал ми падна.
    Дрип дроп @anuskaNESTLE рили?:rofl: Мене таа некако смешна ми беше, не знам зашто, ама онака океј. Ми се допадна Џамал кога ја пееше Ти си убав/а, добра беше целата изведба. Поготово на Лушс погледот кога почна да пее како маж сака маж.:D
    И ве молам пишувајте со спојлери, нова е серијава, допрва ќе ја гледаат луѓето, па да не се спојлерисуваат одма.
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    Луциус бе :rofl: Мораат се буквално да преведат нашиве.

    Дрип дроп ми е влезена у глава и не сака да ми испадне заради ритамот - и затоа ја слушнав неколку пати инаку, не дека е нешто добра песната, ритамот ме направи зависна. :music: А најубава песна од целава сезона ми е со таа што почна серијата V Bozeman - What is love, а и Џамал имаше убави изведби.
    За Андре што е ваков каков што е нормално дека е само Лушс крив и никој друг, тој ги притиска до срж децава, и тоа на лош начин, греота ми е ептен што Куку лежела 17 години за Лушс, ама верувам дека кога би знаела во што се претворил одма би соработувала со полицијата уште тогаш за порано да испадне, ама ете, мислела дека нема да се смене, ама до прва си го покажува вистинското лице, па и без грам совест е, за пари за моќ само живее, не му е гајле за никој, дури и кога мислеше дека ќе умре, до последен здив само за моќ, за Империјата се бореше, наместо за време со децата, и Куки.
    А најмило од се ми беше кога и рече на Куки да биде со него, а таа му врати - Не ме сакаш мене, не сакаш само да умриш сам. Царица!
    И мора да ја спомниме и црнкињата која му е десна рака на Лушс, комедии е и таа. :D
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    ^ Не ја познавате бе асистентката на Лушс? Глумицата од Прешс е, јас одма ја познав. Живи смешки ми е.

    Мене па серијава ми е...мех...онака. Ни лоша ни фасцинантно добра како што читав ревјус.
    Додуша само 4ти епизоди имам гледано, ама ќе ја мавнам цела на екс па ќе коментирам деновиве.
    Ту мач црнечко лоби ми е. Што знам јас некако не сум баш воодушевена.
    Музиката ја вади доста серијава, има доста квалитетни изведувачи а и песни.
    Да не беше Куки немаше да ја гледам серијава, пресмешна ми е и баш е забавна.
    Лушс е препотентно копиле, уф колку ми е одвратен,настрана што е хот, класичен гето сељак кој се изгдигнал од калта, ама уште е со валнани кондури.
    Аника е баш згодна,она убер лепотица.Убава ја нарече Куки Хали Бери. Ама антипатична е,сосема се меша кај што не и место.
    Има доста клише моменти, многу глупи случки, ама едно нешто ме повлекува да ја гледам-доста е брза, акција има постојано, нешто што го нема во многу серии, затоа мислам дека е и привлчена за гледање.
    Искрено не би и дала поише од 7миче сега за сега.
     
    На anuskaNESTLE му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.389
    Пол:
    Женски
    Ја мавнав цела уште пред некој ден, впечатокот не ми се промени.
    Просечна ми е, не ми воодушевувачки добра.
    Да не беше Куки немаше да ја гледам серијава, уште еднаш да кажам.
    Жената е луда, ми го продолжи животот од смеење.
    Што тепање удри :D Мајка ми ја на поминување ја види сцената кога ја млатеше Аника, и и кажувам дека кога на синот му го мавна стапот тек па на швареката на мажот и, и она ми вика да ја викенеме и тебе да те подбере може ќе ти дојде памет. Крај е женава, ама вака или така ги доведе сите во ред и се и оди под конец.
    Јас па мислам дека Лушс брзо ќе излезе од затвор, нема да седи ни приближно долго колку Куки.
    Иаку и заслужи и бетер од неа. Лаком манипулативен безскруполозен серко.
    Мило ми е за Џамал ама и за малиов, се подсмири малку и стана поасален се среди.Му ја кикнаа Наоми,ма да мислам дека ќе се врати за брзо време. Кај ја најдоа неа баш не можеа друга кугерица да најдат.
    Али бесни и се бундите на Куки, морам да и признаам дека ептен ја личат. Остатокот од аутфитите и е катастрофа, ама бундите ептен и ги бендисувам.
    Аника од друга страна ми е совршена, немаше грешка у аутфити.
    [​IMG]
    Божица
    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE и alekce83 им се допаѓа ова.
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    899
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Можеби за некој серијава е просечна, има премногу драма и е полна со заплети (тука си се вклучувам и јас), во едно сум сигурна, никој не останува рамнодушен кога ќе ја изгледа цела сезона. Не ми текнува некоја серија, во последниве 2-3 години да направи ваква фама и да биде толку дискутирана.
    Јас мислам дека Лушс ќе го пуштат од затвор уште во првата епизода од втора сезона. Не верувам дека ќе го држат долго, нема да биде интересно ако иде се како подмачкано. Куки е лавица во вистинска смисла на зборот. Малку ми е жал што се разделија со шефот на обезбедувањето ама според мене Куки заслужува некоја ѕверка, исто како нејзе.
    Аника и мене ми беше совршена и во облекување и во тело ама карактерот во серијата и е катастрофа.Се доведе толку ниско, да спие со Хаким, а претходно изјави дека му била како мајка :o
    После Куки, многу интересен лик ми е нејзината секретарка. Толку ми е искулирана и своја, немам видено до сега таков лик.
    tumblr_njocpziFWZ1u7lt70o1_500.gif tumblr_njocpziFWZ1u7lt70o4_500.gif
    Мое предвидување за следната сезона е дека ќе има добри епизоди но нема да биде толку доба како првава созона. Некако многу ми се испукаа во првата сезона, во секоја епизода се случуваше по некоја бомба и темпото беше брзо и динамично.
    И за крај, најjакиот момент во целата сезона, тепачката помеѓу Куки и Аника, на рипит ги враќав, едно 5-6 пати :D:D:D
    tumblr_nlu1sedYB71rwdxeio5_250.gif
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    Многу беше јака тепачката.:D
    И јас мислам дека ќе спласне малку во втората сезона, речиси е невозможно истото темпо да се задржи. А сепак, обично паѓа гледаноста после пилотот и држи едно темпо, додека серијава цела сезона рушеше рекорди. Така што... Ќе видиме како ќе биде.
    Мене серијава ми е едноставно забавна, немам не знам си каква очекувања, ја гледам чисто поради една работа и тоа е. Плус и сака музички серии, треба уште некоја таква да најдам да ставам на репертоар, башка и Гли заврши.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.098
    Секако дека Лушс ќе го пуштат брзо, максимум неколку дена мислам јас, ќе има битки помеѓу него и Куки цела оваа сезона мислам, а јас нормално дека за Куки навивам.
    Само не сакам Куки да соработува со Аника пошто после сексот со Хаким :puke: ми е толку одвратна, џабе убавина и стил, не можам да ја сварам, ептен во крајност заминале продуцентите со тоа.
    Асистентките и на Лушс и на Куки се позитив на серијата. (highfive)
    А мислам дека и Џамал откако го ставија на чело на компанијата дека ќе фати лош пат, нема шанси нешто добро да произлезе ако го води Лушс, суштество кое праве се погрешно во сите можби правци.
    Се на се серијава ми е одлична за релакс и ми држи внимание, музиката е одлична и сите глумци во целина, но пребрзо е дејството, пошто јас во еден здив ја изгледав и емоциите ми беа разбегани на сите страни, сега по јутуб пребарувам само песни и хајлатови во сезонава.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    2.914
    Пол:
    Женски
    Јас сум до 3еп. и засега ми се допаѓа серијава. Првичен впечаток (y)
    Јако ми беше коа збореше со Обама и му вика "камон Бараки" :rofl:
     
  13. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.901
    Пол:
    Женски
    Ајде,уште малку до новата сезона :) Can`t wait!
     
  14. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.424
    Јас НИКАКО да ја започнам втората сезона. Пробувам неколку пати со прва епизода и не, не бива... Не знам зошто, некако ми е чудно, променето... Не знам зошто такво чувство.
    А и не сум чул дека е нешто многу коментирана серијава? Некој тука спомна нешто такво. Не е ништо посебно иако можело да биде. Малку е плитка и бледа на моменти, ама не сакам да се расправам =) У секој случај и мене ми беше интересна првата сезона.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.020
    Допаѓања:
    48.105
    Пол:
    Женски
    Не ја гледа веќе никој?
    Јас третата сезона ја гледам, ама многу е тапа. Забегале од реалноста, како фантазија да гледа човек. Прават што сакаат без никакви последици или објаснување како е нешто можно. Само да има повеќе драма, ликовите немаат постојаност... Сите некако одвратни се. Се мислам да и ја дадам секирата.
     
  16. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    3.901
    Пол:
    Женски
    Knock,knock!Jas ja gledam,ja cekam novata sezona sega :) prvite dve bea podobri,imase poveke muzika,sega poveke se vrti okolu biznisot... Cookie ja pravi cela serija interesna.
     
  17. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    1.820
    Допаѓања:
    26.080
    Турско - мексичко сра*е, али на англиски, да бидеме реални... :emo:
     
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.599
    Допаѓања:
    15.164
    Пол:
    Женски
    Јас сега ја почнав, бидејќи нема што да се прави. Многу други пробав да гледам, ама не можам да ја изгледам ни првата епизода до крај, а оваа серија ветува од почеток.
    Ја одбегнував досега поради тоа што самата тематика не ми лежи, но начинот на кој се случуваат работите ми се допаѓа. Сепак рано е да формирам целосен впечаток, уште не сум ја завршила ни првата сезона.
    Ќе видам каква е понатаму и ќе пишам мислење.