Девојки колку дена по можна настаната имплантација се крвари? Прв пат приметив такво нешто на 03.01 попладне бледо розево со светло кафено некако. И деновиве имав но не на секое бришење претежно сабајле. Денес сме 08.01 и имав на бришење кафеаво малку потемно. Што мислите?? Болка долу имам и грчеви, и болка во кичма исто.
Да, во суштина такво е имплантациско крварење како што го опиша - оскудно (само на бришење пример), бледо розево или кафеаво, трае кратко, може и до 2-3 дена. Така да можно е, со оглед на тоа дека сега имаш само кафеаво, а тоа е стара крв. Кога ти е термин за (не)добивање? Во просек имплантациско крварење се јавува 9ти ден по овулација.
Ti blagodaram od srce za odgovorot. Ovulacija 31.12 denes e tocno 9ti den. Dali i ponatamu treba da prodolzi ili da prestane? Bidejki imam sega povtorno na brisenje no neznam veke dali e implantacisko. Ako bese za dobivanje si vikam ke probiese do sega, bledo rozenikavo i crveno e i bez miris...
Ти стискам палци да е имплантациско, мада во овој случај како што викаш на 03.01 ти се јавило прв пат, мислам дека е рано.. Освен ако не си сигурна за точниот датум на овулација, па истата се случила некој ден порано Инаку треба да престане, односно да не биде пак розово. Секако за некој ден направи си тест, ако можеш да почекаш до денот кога треба да (не)добиеш, најубаво
Јас имав останато трудна на 7ми ден од добиено и имлатациско крварење имав негде после 15 дена траеше два три дена и на 28миот ден дознав дека сум трудна.
Na denot koga trebase da NEdobijam(vo petokot 15.01) imav rozova krv na gakicki, i ostana na tolku, potoa od vcera mi se pojavi kafeavo samo po nekoja kapka i na brisenje, menstrualni bolki i drugi simptomi nemam, a testot sto vcera go pravev bese negativen. Dali e mozno da e implantacija?
Davojkii, jas veke ne znam sto da mislam i sto da pravam. Kafeaviot iscedok prodolzuva, vo mali kolicini (po nekolku kapki), prisuten e veke od sabotata. Da se nadevam li seuste na implantacija ili sto li e ova? Do sega vakvo nesto ne mi se slucilo, mi ima docneto ciklus kako vo slucajov 4-5 dena ama ne na ovoj nacin. Nemam nikakov drug simptom.
Времетраењето на имплантациско крварење е кратко - од неколку часа и максимум 2 дена. Почекај уште 2-3 дена и направи тест. Дај Боже доколку работите на бебенце да си ги видиш 2те цртки
Јас кога требаше да добијам имав така темно кафеав исцедок никогаш крв. После некој ден имав бледо розево па пак темно кафеав и така омаб до 10та недела!!! Имаше нешто што го предизвикуваше тоа но ми рекоа дека не е поврзано со плодот. Еве бебе сега има 5 месеци ако сакаш прати ми слика ќе ти кажам дали ми беше исто. Мислам дека додека не е свежа крв нема простор за паника, сепак Доктор најдобро ќе ти каже
Здраво се надоврзав во врска со ова и во други теми Требаше да добијам на 07.02.2020 Плодни денови ми беа од 19 до 24 ти А на 02.02 добив кафеав исцедок и розе крв која траеше едно два саата и после само на бришење светло кафеаво без никакви болки само благо струење под папокот секогаш сум имала обилна пмс кои траат по 7 дена и мн болки, тест сеуште не сум правела закажав за 4 дена на гиниколог
Zdravo devojki sakam i tuka da prasam. Dali toa implantacisko krvarenje se pojavuva vo soodvetnost so menstruacijata ili e porano. I dali e krvarenje ili moze da se zabelezi samo pri brisenje. Jas imav svetla krv samo na brisenje i toa nautro na 04.02 i 05.02 a plodni denovi mi bea od 25.01 do 31.01. Trebase da dobijam spored kalendarot na 13.02 no seuste nemam nisto.
Девојки, последниот циклус ми беше на 4ти овој месец. Со дечкото бевме одвоени после циклусот и имавме незаштитен однос само вчера. Денес имав при мокрење и бришење парченца крв и малку црвена крв. Неколку пати истото во текот на денов. Чудно ми е што имплантациско не настанува следниот ден сигурно, а и за циклус ми е прерано (треба да добијам за 10тина дена). Инаку циклусот ми е точен. Веднаш закажав гинеколог, но дури за 3 дена имам термин. Паметот ми е само тука, доколку некоја доживеала нешто вакво или слично, ве замолувам споделете искуство со мене, што може да биде... Благодарам
Здраво.Имав незаштитен однос.Ми доцни 5 дена а од вчера имам розева течност.Дали е можно да има бременост.
Можно е ако не е само пробивање па да си добиеш нормално...зависи колку ќе трае и колку е количински. Направи си тест и онака ти доцни 5 дена.