Оди утре на лекар,нека те види гинекологот,може е рано за да се види нешто, ама сепак заради крвта отиди си,има многу девојки тука што имале крварење на почеток,може ќе ти препишат нешто за да си бидеш мирна.
Дали кај сите жени се јавува ова имплантациско крварење ? Дали некоја останала бремена а да немала имплантациско крварење ?
Имав незаштитен однос но немаше свршување. Требаше да добијам на 24 Март но не добив. Од тогаш па и неколку дена пред тоа немав односи. Од прилика две недели некаде не знам за точно. Немам никакви болки ни симптоми ниту за менструација ниту за бременост. Денес при бришење на хартијата имаше светла боја на крв розеникава и потоа ставив влошка и на нејзе имаше повеќе крв како розовко. Дали е менструација или пак сум бремена?
За да останеш бремена, доволнo е и еден однос, баш и тој еден е клучен. Што ако си имала 100, од 1 се фаќа, закон на природа, така? Зошто едноставно не направиш тест? Секако ќе е точен, од 24 до сега е недела дена како доцни...
Но немаше свршување. Шансите за бременост се многу мали. И налет тоа добив само треба да почекам да видам дали е менструација. Имам нередовна се е можно.
Камо навистина да е така. Но од вчера ни крв ни ништо. Кога настанува тоа крварење? Од односот има поминато околу две недели ако не и повеќе.
Ако навистина немало свршување, ќе добиеш каде и да е. Само без стрес, оти и стресна состојба може да е причина за доцнење.
И да немало, и во предсемената да имало нешто, џабе губиш нерви.. 40 ден е тест, и мирна глава... не знам зошто толку нервози и недоумици... пред да останам бремена мислам дека таа у аптеката на Водњанска ме научи... и идеше на жената и гратис да ми даде еден, гарант...
Здравоо На 31.03. ми беше последна менс. Бевме активни за бебенце и во принцип денес треба да добијам. Градите ми се отечени цела недела што ретко се случува кај мене, сега имам како бледо кафеава/портокалова слуз при бришење, не знам дали не може да ми пробие или е крварење. Имам мачнини во стмакот како да ми иди па ми поминиват. Кога се појавува ова крварење? Што мислите?
Здраво девојки ова нешто прв пат ми се случува.. сакаме второ детенце па со постите немавне однос една недела и вчера и сто така и последен плоден ден ми беше имавне однос незаштитен па сабајлево се бришам и трага мала од крв светла црвена малку се исплашив треба да добијам после 11 дена. Доколку некоја знае да ме утеши дека не е ништо или што може да биде повторно по 15 минути на влошка нема ништо на тоалетна има точки крв
Рано е за имплантациско, штом си во плодни денови веројатно е овулациско заради промена во хормони, но ако не си бидена на гинеколог подолго најубаво да те види, за да исклучи друга причина. А може и се работи за најобична повреда на некој капилар после секс.
Здраво, кога најрано може да се направи тест преку крв за да покаже дали има или нема бременост? И дали при инплнтација има било какви симптоми (за тие што не прокрвареле)? Како болки доле во грбот? Ви благодарам однапред