Веќе пишав во темата хистероскопија, треба да вадам полип кој смета за забременување. Од плодни денови го погодивме само тој еден кога матичната ми рече дека фоликулот ќе пукне тој ден. Од толку време неуспешни обиди баш сега да се фатило и не верувам баш. Треба да добијам на 27ми. Пред неколку дена кога бев во тоалет имав бледо розево кога се избришав и денес исто... И плус ме вртат јајниците. Дали има некој слично искуство и како резултирало, сте добиле или било бременост?
Дали некој ќе може да ми каже како изгледа имплантациско? На 15.05 имав секс со заштита на 26.05 требаше да добијам но еве веќе ми касни 7 дена (некогаш добивам точно на денот, а некогаш ми доцни дури и по 10 до 12 дена) исто и на 29.05 имавме секс со заштита, 3 дена имам болки во долниот дел од стомакот и вчера и денес имам некој розево-кафеав секрет. Дали тоа е дека ќе добијам или можи да е нешто друго во прашање, се плашам бидејќи дечко ми мислеше дека се скинал кондомот но колку што проверивме и двата пати се беше во ред.
Кај мене беше светло розево , инаку 3-4 дена пред очекуваната менструација. Направи си тест најубаво.
Кај мене розево-кафеав ама не беше водест, во мала количина и само 2 дена го имаше еве сега ништо немам а немам ни добиено сеуште од време на време и болки имам во долниот дел на стомакот.
Кај мене беше 3-4 дена пред очекуваната менструација и трае неколку дена , само не тече цел ден туку неколку пати во денот по малку розево.
Ако треба да биде неколку дена пред очекуваната менструација, кај мене изгледа дека не се работи за тоа бидејќи требаше да добијам на 26.05, а розево-кафеав секрет имам од 01.06 или 02.06 и еве сеуште имам неколку пати во текот на денот мала количина. Да речеме ризични односи доколку не сме провериле добро ми беа 15.05 и 29.05.
Многу сум загрижена. Пред некое врме имавме незаштитен однос со дечко ми и сега треба да добијам за два дена, но јас немам симптоми како што сум имала пред да добијам. Пред 2 дена имав крварење на сред однос и потоа ми престана(и ова не знам зожто се случи) и еве денес пак крварам цел ден, но не е обилно. Исто така имам болки во долниот дел на стомакот издржливи, но траат цел ден. Не знам дали доаѓа менструацијата или е имплантациско крварење? Ве молам да ми кажете мислење.
Само на тоалет имам ко лигав секрет кафеав.. 3 дена трае, за мензис утре треба да добијам.. Се осеќам ко да Не може да ми пробие.. и поради тоа малаксам и од време на време ми се гади од сопствената плунка. Дали ако е вгнездување,тест можам да направам било кога или да е со утринска мокрача?
Може да покаже само ако е вгнезден ембрионот и почне да се лачи бхцг. Ако нејзе и е имплантациско прерано е за детектирање на тест.
Кога се јавува ова крварење? Во првата бременост немав. Дали пред циклус или можно е и по датумот за добивање?
Здраво, вака брв стимулирана со кломифен од 3 ден и потоа со цикло пригонова од 5ти ден, и останаја уште 2 апчиња, добив на 8.08, а овулација ми потври на 17,18 порано 1 недела, е сега треба да не ја очекувам на 06.09 но меѓутоа вчера добив како кафен исцедок сабајлето, одручекта онака многу малку, сега сабајлево пак истото, кафен исцедок се јавив на докторката ми рече наредниот вторник да појдам, немало слободен термин, и сега незнам што да правам што можи да биди 1 недела порано.....
На 18-ти си имала овулација? Значи денес си веќе 13 дена по овулација, може да направиш тест утре од сабајле и ќе знаеш дали е имплантација или ќе добиеш. Со среќа