Здраво јас имам едно прашање, овулација ми беше на 5ти месецов добив најсилен резултат на тестот, на 7ми прокрварев по една капка розево на два пати и бев на гинеколог утредента рече дека од овулацијата било, и сега рачунам од 7ми до вчера прошле 11дена и вечерта вчера почна како бледо розево викам ај ништо добив… ама не,не е добиено на неколку саати по капка две има само, еве вчера и денес само со секојдневни улошки сум, не е ништо што личи на менструација ова, ни стомак ме боли ни тече ова ништо, градите што ме болеа два дена после крварењето од овулацијата уште ме болат не престанаа и зголемени се потечени, правев тест пред некој ден негативен беше, вчера 27ми ден од циклус (обично на 30,31ден добивам) и 11ден од овулацијата што ми потврди докторот дека ми била тогаш, што мислите?
Хелп Дали знаете што може да е бидејќи прв пат ми се случува вака. Обично ми трае 5 дена овај пат на 3 ден ми прекина немав веќе циклус. Менструацијата првиот ден болки 2 - 3 часа потоа ништо не осеќам втор ден пак има крварење но накај црн крв како за последни денови трет ден веќе ич немав. Четвртиот ден не крварев - тргнав влошки и еве сега требаше пети ден гледам флеки кафеаво - црни... Што е ова? Ме загрижи што многу малку крварев и што ми прекина па пак помалку..
Ништо страшно, некогаш може да трае подолго, некогаш пократко и ако ти се нема случено досега, за сé има првпат. Види нешто да не имаш променето, да не држиш диета и имаш изгубено на килажа, да не вежбаш поинтензивно, ако се сомневаш на бременост, направи тест. Ако се случи еднаш, двапати не е причина за загриженост, ако фати таков терк, пожелно е да се проверат хормони.
девојки, на 12 примив стоп инекција на 13 ми беше инсеминацијата. Сега на бришење крвава трага, за добивање скоро имам уште недела. Има ли шанси да е ова тоа кое што го посакувам или хормоните си го направија своето па добив порано?
Ова ми премина во менструација чудно но по 2 пат месецов добив, дали мислиш за секој случај да направам бета? Докторот ми рече на 3 ноември да правам бета, кога ми ја направи инсеминацијата.
Здраво девојки, првиот ден од последната менструација ми беше на 27 септември, циклусот ми трае 6 дена, и ми доаѓа на секои 29 дена. Бев на гинеколог на 05.10 и ми кажа дека имам фоликул 16 мм на лев јајник и дека за два дена ќе имам овулација (односно на 07.10), но јас имав односи незаштитени на (09.10 и 10.10) . Инаку треба да ми дојди на 27.10, а јас денес прокрварив со многу болки, а и градите ми се многу отечени. Што мислите?
Си добила. Си имала овулација порано од обично и сега добиваш порано од обично. Овие денови и градите ќе спласнат.
Здраво девојки, Периодот околу 20.10 бев во овулација и со мм пробуваме за бебе, Денес треба да добијам, но не осеќам никакви симптоми на добивање, ни за добивање ни за бременост, освен кафеафкаст исцедок кога ќе се избришам, но нема ништо на влошката. Имам главоболки само и често мокрење. Да напоменам дека периодот ми е многу точен. Дали има шанси да е имплантациско крварење?
Ако си била во овулација околу 20 сега е касно за имплантација би рекла дека е циклус ама ако ти е на мисла направи си тест би требало да покаже ако има нешто
Zdravo mislenje dali implantacisko moze da bide obilno kako mens a da trae eden do dva den da ima kako parcinja
zdravo na site dali koga se ima implantacisko krvarenje se oseka sekoj moment kako da ke dobies? jas treba pravilno utre da dobijam no denes samo se obelezav samo koga se brisam imam krv...
Здраво на сите. Значи вака последна менс ми беше на 6ти овој обично ми трае 5,6 дена.. Од 20ти имавме незаштитен однос се обидуваме за бебуш е сега 4дена потоа имав розев исцедок при бришење, после колку денови по зачнување се појавува инплантациско крварење можно ли е да сум бремена.. Молам за одговор во дилема сум
јас имплантациско имав два дена пред да добијам 12 ден по овулација. само еднаш малку бледо кафеаво и толку беше. по два дена направив тест беше позитивен.
дали имплантациско мора да се јави кај секоја жена? или различно е кај секоја? јас со првата бременост имав имплантациско два дена пред добивање на менструацијата.