Здраво женски еве мене и тука .. од ноември пробуваме за бебенце. Овој месец циклус имав на 9март бев на гинеколог на 22 март и ми кажа дека ми почнуваат плодни денови дека има фолекул што за неколку дена треба да прсне, е сега однос на 22, 24, 26, 28. Понеделникот сега спрема вторникот ноќта како бодежи во стомак/матка, вчера тапа болка при однос и еве сабајле секрет кој имаше малку ептен крв во него. Дали можно е да е имплациско имам и бодежи при седнување само .. на кој ден е имплациското? Што мислите? Да напоменам болки во кична, многу отечени гради со премногу осетливи брадсвици уште од 24-25 март
Мене после 10тина дена од односот ме заболе многу силно долу матка, одев по пат и застанав наеднаш од јака болка, мислев дека цистит имам, неможев чекор да направам и после продолжив, ама ни на крај памет не помислив дека тоа би било. После тоа не ме болеше, на денот на добивање имав кафеаво и си ставив влошка си чекав менструација која не дојде
Мене му доаѓа ноќеска болки на 12ти ден на 13ден при однос болки и денес 14ден болки како нож при седнување рачунато од односот на 22 март. Незнам кој ден е имплациско се мислам дека е од 10ти до 14ден од оплодена ..
Zdravo majki sakam da prasam imav menstruacija na 27 mart i denes imav na gaki krv potoa nemav nikakvo krvarenje a se obiduvame za bremenost dali e mozno da sum bremena ili ima druga pricina i osekam i kolkuvi me bolat seuste e rano za da mi dojdi menstruacija dali e nesto imlantacisko krvarenje?
Девојки Ве молам за мислење. Бремена сум но не знам сеуште која недела. Направен тест преку крвта и бтхцг ми е 82.8 и тоа е многу рана бременост која не одговара спрема неделите на последна менструација која ја имав на 7ми април. Плодот не се гледа на ехо.Имам и оскудно крварење во розева боја кое не прекинува веќе три дена и е само на тоалетна хартија кога се бришам а на гаќи и влошка ништо. Консултирано со лекар да се повтори бтхцг и дека се работи за рана бременост пијам и утрогестан. Некоја со слични искуства како мене? Се плашам од спонтан абортус кој веќе еднаш го имав пред две години
Најверојатно си е рана бременост, бетата најдобро ќе ти каже. Има искуства тука на форум со мала бета, а после да си било се во ред. Доцна овулација си имала. @fana имаше бета 40 прво, сега има бебче веќе Дај боже да биде се во ред
Благодарам на поддршката.Се надевам дека ќе биде во ред. Доколку крварењто запре ќе имам поголема надеж дека ќе биде.
Како што ти кажа членката погоре ист случај ко тебе потполно. Последна менс 03.11.2021 бета 56 на 10.12.2021. Имам здраво и право момче од скоро 10м. И исто имав бледо розево кафено на бришење ко тебе. Мораш да повториш бета во истста лаб. Посакувам да е ист исходот ко кај мене
Рана бременост е за да се види нешто на ехо треба да е бета барем 2000. Покриена си со терапија. Ти посакувам успешна и лесна бременост
Zdravo zenski so invitro sum eve veke pominato e tocno 15 deka ,od 7miot den na trasferot pravev domasni testovi sekoj den i sekoj nareden den bese so se potemna linija ,na 12 den napraviv i beta bese 132ml sega planiram utre uste edna beta da napravam ..doktoro mi rece cestitki bremena si na 05.07 mi zakaza pregled dobro ama jas od sredata imam na mocanje de rozevo de kafeavo pa malku pa poveke dali e moze inplantacijata da trae poveke denovi dali imas mesto za zagriauvanje?? inace stavam vaginaleti utrogestan200ml piam metofolat 1.000 i b12 1.000 dekoja so isto iskustvo?
Прашај го докторот бидејќи имаш кафено и розево доле дали можеш да ги пиеш. Дали докторот знае дека имаш исцедок? Иначе во рана бременост веќе скоро секоја има таков исцедок и таа е терапијата прогестерон. Битно покрена си.
18-ти ден од циклус, јас имав кратко spotting. Ова прв пат ми се случува во животов, а се обидуваме за бебе 2 год. За арно нека е По мои некои пресметки сум 6 dpo, според Feritility friend сум 4 dpo.
Трети ден како го имам истото, крварењето е се почесто, се повеќе наликува дека ќе пробие циклус. Пуста надеж дека е имплантациско.
Jas imav na 24ot den mi traeshe 2 dena ,mislev deka e ciklus.Posle nekolku dena proveriv beta i beshe mnogu visoka. Ti posakuvam da ne dobiesh i visoka beta!!
Девојки мала помош ќе ве молам за мислење. Одма после завршувањето на менструацијата од прилима 20дена ме болат градите, вчера прв пат нешто кафеаво ми се појави на гаќите. Мислев дека е имплантациско крварење така наликуваше, но денес добијав менструација. Дали сте биле во ваква ситуација. Незнам што беше тоа вчера, а само што се понадевав дека сум бремена
Можно е да било кафејав исцедок пред добивање .. доста жени имаат така пред циклус.. на кој датум требаше да добиеш?
Jas odsekogas sum imala pred menstruacija kafeav iscedok den dva pa posle cista crvena krv. Inace jas imav implantacisko krvarenje 3 dena pred data za dobivanje kafeav rozev isvedok samo 3 pati i tolku.