Да прашам дали инплантациското крварење може да е 1 или 2 дена после однос,доколку односот е на плодни денови? Ние со сопругот во плодни денови имавме незаштитен однос и он сврши во мене.По 2 дена бледо розево крварење,на хартијата кога ќе се избришев после мокрење.И траеше 2 дена. Зборот ми е дали може да се инплантира одма во плодни денови и да покаже бледа крв на бришење за 2 дена? Или треба повеќе денови да поминат па да покаже на денот кога требало менструација да добијам? Да напоменам само и дека во исто време имав и јак цистит,па сега дали е крварењето од инплантација или од јак цистит тоа незнам..
Дали имплантациското крварење може да трае 3-4 дена и да е обилно? Или претставува само неколку капки светла крв?
Здраво претходно имав пишано дали е можно да сум бремена и за кога би било нај погодно за тест . Да не цитирам пишаното кратко ќе кажам 22 јул -26јул пмс со што односи имав незаштитен на 9авг а веќе на 10ти имав кафен исцедол односно дамки на долниот веш и и толку беше а во тој период имав и овулација со оглед однос имав баш кога бев во овулација. во меѓу време праев два теста и покажаа негативно и по мое мислење мислам дека прерано ги направив . Требаше нареден пмс да биде 24-25авг , но веќе е 3ти ја немам ништо ни симптом како за пмс . Вчера на момент ми се случи повторно кафен исцедок и толку , денес исто и толку - не ни трае ниту е количински. Градите ми се натечени приметив потемна боја на дојките и испапчени половина ме боли , имам на моменти зашематеност и знае да имам неодредени болки во пределот под градите . Споредвас мислење , а да напоменам тестовите беа праени пред да треба да дојде циклусот . Незнам дали имам шанси за рана бременост дали кафениот исцедок има врска со имплантациско крварење
Од 22-26 јули си имала ПМС (предменструален синдром )? Претпоставувам мислиш на циклус ? Вака,за првото крварење ти било од овулацијата тоа не може да е од имплантација затоа што е само 1 ден по однос , тогаш јајце клетката можеби уште не е оплодена.Оплодувањето може да се деси во период од 3 дена по односот.Дури и да е оплодена истиот час по односот пре пре рано е за еден ден да има имлантација ,таа крв на 10ти ти е од самата овулација . Вчера повторно исцедок на 23-25 дена по можно оплодување. Од тоа што јас го знам имплантациското крварење -доколку го има се случува од 7-14 дена од оплодувањето,така да ова вчера малку ми е доцна .Знае така да пробива постепено два три дена циклус. Јас правев тест 7 дена пред циклус,на 10 дена по овулација и имав 2 цртки , едната бледа ама ја имаше . Штом веќе ти доцни и има поминато дваесет и кусур дена од односот направи денес тест во било кое време од денот ќе ти даде 100% точен резултат, да не нагаѓаме овде .Со среќа
Здраво и од мене... Со вереникот прв пат досега пробавме за бебе сношти... Да почнам од почеток имав на 8ми овај месец.. Овие денови ми се плодни.. Не знам за другите ама кога сум во овулација т.с кога се ослободува јајце клетката поточно кога прска фоликулот јас осеќам болка која трае кратко и толку, некогаш од левиот некогаш од десниот јајник... Епа пред неколку саати добив таква болка... Сега ќе треба да чекам дали ќе настапи такво крварење или нема.. Хаха
Многу е добро кога си го познаваш телото и ви држам среќа. Не чекај имплантациско крварење, може и да не се случи. Не е правило. Па те чекаме со убави вести за две недели
Јас имав имплантациско крварење 1 недела по односот или 1 недела пред да треба да добијам. Буквално една светло црвена точка на бришење и толку. Ама не му дадов на значење некако, мислев дека си правам филмови
Dali mozeimplatacisko krvarenje so samo 1 kapka na uloska i 2 3 kapki na toalet i toa da bide se ...5 dena pred datata za menst
Od vcera od koga vidov deka imam slabi 2 tocki krv na toalet i uloska od togash nemam nisto povekje krv . E sea imam nekoj "simptomi" kako zamatuenje na vid , bolki vo leviot jajnik ,vrtoglavici slabi, bolki vo dolniot del od grbot dali mozem da napraem test ili da cekam imam uste 4 dena za da dobijam a so netrpenie cekam konecno da vidam 2 linii na testot za bremenost
Рано ти е за тест преку мокрача Барем еден ден да ти доцни почекај. Или ако ептен не ти се чека можеш преку крв да испиташ
Девојки здраво. Дали инплантациското крварење мозе да трае 2 дена (на бришење траги темно кафеава крв) па еден ден ми престана, па уште 2 продолжи? Само 2риот ден малку потече, останатото само на бришење