За отприлика 3мес како и што е наведено дека за 3мес е шишенцето. По 2,5мл на ден се дава за деца до 14г. Од 14г па нагоре по 5мл на ден.
Ме интересира малово ми е 14 месеци, матичнава вели мал е да му давам препарати за имунитет. Вие од кога почнавте? А да напоменам дека и во градинка оди.
Зашто колку и да форсирам овошје и домашни сокови бега прави фаца и не јаде и не пие. Затоа прашав за совет?
И мојот не е јадач ама немам давано. Можеш да пробаш со витамин Ц, б-комплекс,омега.Се е тоа добро за имунитет, а не е вештачки имуностимулатор. Ако не бива или ако сте ептен болежливи, давај.
Дечки, дали сите давате некаков витамински сируп и што давате од витамини? Малата е 17 месеци, до сега и давав вит.Д (Вигантол) насабајле, после во текот на денот витамин Ц во форма на капки што е, WAYA пробиотик и навечер во млекото Бевиплекс. Матичната ми вика дека е доволно. Во саботата наместо сите овие пробав да и дадам сирум ПИКО-мултивит (италијански е) и кога го проба уста не сакаше да отвори едвај на сила и го бутнав и и се појави црвенило околу уста, како алергиска реакција. Се јавив на докторката да прашам, ми рече да не и го давам, може да било контактна реакција од конзервансите. Инаку крвната слика и е во ред, ама слушам сите даваат некакви сирупи и се замислив да не грешам нешто па викам и јас да дадам
И јас да си прашам. Тие што давале омега 3 јуниор на медекс, дали дополнително давале витамин д и витамин ц.
Здр мајкии што помогна кај вас на децата за имунитет? Минатаа година одеше во градинка 10 месеци нон стоп болен не издржуваше ни 4 дена а да не почне носето и некоја бактерија секој месец антибиотик поради тос што секретот се спушташе на плуча.. кога не оди во градинка никаков проблем нема направивме неколку месеци пауза супер беше дома и сега во градинка пак исто два дена и веќе носето растечено и затнато...уште никалов имунитет не ми се верува дека одма за два дена е таков..дсвав сирупи за имунитет дефендил мислам беше..и мед едно друго ништо не му помогна..
Само ова ми потпомогна така да се изразам. Скапичко да ама вреди. Детето од пасивен најнејадач почна да јаде за недела ипол откако го ставам во млеко и бисквити. Иако имаме проблем што јаде само одбрана храна ама сепак јаде нешто.. Имав моменти на конвулзија од нејадењето на син ми по цел ден.. Ќе следам наредно ќе земам уште ако има квалитетни ефекти а мислам дека има еве недела ипол и има.
Моето девојче има 2 год, супер јади, спие и др.арно ама многу често настинува т.е грлото и температура која се искачува и до 39,8. Се става во уста и тоа ужасно ме нервира но нема што да се прави. Кога сме надвор и ќе заврши со играње одма и ги чистам рачињата за да не закачи некој вирус или бакерија. Е пазам колку што можам ама пак настинува. Не оди во градинка. И давав дефендил летото и беше ок ама сега пак почнува. Искуство и совет ќе ве моламда напоменам брисевите и се секогаш чисти, ама некогаш мора антибиотик .
Мајка исто како ќерка ми да си ја опишала,од две години оди во градинка и нон стоп е болна ,буквално секој месец антибиотик,давав минатата година за имунитет никаков ефект не даде. Еве ја сега 4 год. Има и пак се разболува,давам киндер имуно втор месец и еве ја моментално пак е на антибиотик. Правевме 6 месеци пауза дома беше добра,како почна пак кашлање,овојпат бронхитот на време го спречиме да нр спушти на гради. Тоа е деца додека не стекнат имунитет така ќе биде,има деца поболежливи има деца поцврсти,велат после 5 години било полесно.
Мојата до 4 години не одеше во градинка, и секоја втора недела беше со тт 40,а брисеви чисти. Давав Киндеримун, Дефендил, Имунобор и што ли уште не и постојано беше болна. Сега и двете одат во градинла, таа е 5 години, братчето 1 и освен природен сок од мешано овошје што му го правам на соковник и Омега 3 од Health Aid не давам ништо друго. И да, и витамин Ц.
По 3недели пиење на Бекутанот, Молерс и вит Ц има напредок Редовно си ги јаде оброците, не скокнал ниту еднаш до сега и повеќе количински јаде. Престана да има и одбивност од лажица, свесна сум дека за ова јас сум виновна со упорното бутање Дури приметив дека има мало меше Уште да прошириме палета на продукти, многу битно и овошје да пројаде и ќе биде супер Аха да ја пензиониравме хранилката, уствари од летото почна да и откажува љубов. До скоро јадеше на големата маса и седнат на столче, но дојдов до идеја да го седнам на мала масичка (онаква од Икеа) и мало столче што кога ќе седне свири и е пресреќен што е само негово. Заедно идеме со тањирот од кујна и чашката за вода, трчка пред мене прави мњам мњам, уф уф и си се мести на столчето
Дали е ок насабајле да му давам Омега кидз и дефентил пред градинка?Или пак едното навечер да го давам?
Давај насабајле, пред да јадат било што. Ај да си ја кажам мојата приказна. Дете тргна на 17м во градинка, првите 3м одеше само 2 недели се на се, заникаде, се болен и во месеципол 2 пати спушти на плуќа. Доктор вика ништо не ви треба. За прв пат не го послушав и земав Дефендил. Откако испивме 1 шишенце прв пат врза 1 недела во градинка, продолжи и 3 недели беше без прекин. Уште еднаш спушти, олечивме и толку беше, повеќе не се разболе цели 6м. 3м без престан пиеше Дефендил. Следната сезона, лани, во октомври земавме, испи исто 3 шишиња, фати варичела и ја прележа на нозе, буквално, со 10 брунчиња, без тт, без ништо. Помина и цела година од тогаш, да чукнам у дрво е супер. Е ама не јаде ништо. Се крстам у градинка да јаде, таму викаат јадел, дома не јаде или ако јаде тоа се житарки, благички, такви работи. Јаде овошје, јаде супа (купечка нормално), тестенини, лепче и кремсир... Не е дека е ич ништо, ама не е тоа дете што јас го знам. Месо нема поише од 6м вкусено, манџа само грав. Значи после варичела прекина да ми јаде, а последните 6м па значително не јаде. Вака е здраво дете, пргаво, весело, спие, игра, учи, не е дека е видливо неговото нејадење освен што е сув сув, ко маче е. Затоа земав уште еден сируп, Well Baby, за нијанса се разјаде. Вчера ми кажаа дека и Fish Oil многу помагал па ајде и тоа земав и витЦ Ацерола. Се на се сега ќе биде смејурии насабајле што се треба да испие. За среќа не ми одбива, ама ќе видиме како ќе биде. Ми се темни така по малце кога му давам волку хемии, ама избор немам, тоа е, мора да се даде нешто.
Моментално во Еурофарм го земав 450, иначе е 900. Ама ко што разбрав јас за 15 дена е, пошто 150мл а по 10мл треба да пие... Пошто е помал од 4г а ова е за од 4 до 14, ќе му давам малку помалку, 7,5мл. Ама викаат ефект имало голем за апетит.