За дефендил не знам. Нема многу во составот освен глукан. Јас се сеќавам дека мајка ми беше задоволна од Мулти саностол, ама од Германија, не од тука. Го даваше на мене и брат ми. Јас не се разболував. Мојот син е исто мал, има 18 месеци. Со бимунал сме веќе трето шишенце, но откако започнавме не е бил во градинка, па не знам дали помага.
Тоа е добро да е базата на бета глукан. Бета глуканот му помага на телото да се бори против вирусите, имаше дека е докажано добар прптив ковид19, тумори и сл.затоа и почнав со дефендил. Цел јануар ќе ми е на пауза од градинка и баш ќе видам кога ќе се врати дали после 2рото шише има ефект. Ако не тогаш дефендилов џабе парите а не е евтино 900-1000 скоро шишенце за 1м.
Знам, скапо е. И Бимуналот е околу 800 ден. Да не знаеме веќе што да земеме. Јас прашав, ми рекоа добар е дефендилот само заради бета глуканот, ама не било доволно, можело да се додаде плус мултивитамински сируп.. Јас едвај го убедувам малиов од еден да голтне, затоа не знам што ќе биде. Баш ќе кажеш како си задоволна од дефендилот.
Неќам да звучам како да солам памет ама не си фрлајте џабе парите по суплементиве. Од ништо фајде нема освен што оптеретувате деца со хемија. Обичен вит ц е сосема доволно во комбинација со омега и вит Д. Ова од искуство по сите можни купени суплементи, сирупи и прашаци. Додека не пројде дете се, џабе е.
Знам и јас дека е така, затоа во 5 год само еднаш имам дадено бимунал и толку. Мојот тргна во градинка на 3 ипол год, првите 2-3 мес беше ок, не знам што е работа ама последниве 7-8 месеци глава не кренав, нооон стоп има нешто, здрав недела максимум две и пак. Што чудо ќе беше стварно не ми е јасно. Претходно кога не одеше во градинка по година дена не бевме на лекар сега 2 пати месечно. Давав молерс, виранто, протект јуниор, д3.
Потполно се согласувам, имам погоре пост, на ист став бев. Но кога почна малиот слабо да јаде знаев дека му недостигаат витамини и затоа почнав со суплементација. Детето и пред тоа си беше слабичко, ама кога тргна во градинка ептен се истошти, настинки, вируси, стрептокока закачи. Последниот пат и слабокрвен беше. Јас лично не пијам ништо , дури ни витамин Ц. Знам дека во мал процент се апсорбираат сирупиве, ама почнав да давам бидејќи од неговите разболувања и јас се уништив, од работа отсуствував, дома заробена со болно дете по 2 недели.. Не се потпирам само на сируп за имунитет, се трудам да јаде поздраво, се мачиме по цел ден се убедуваме за овошје.
Изопренозин. Презадоволна сум. Го почнав по шема од октомври (малце каснев ама додека се наканам) сега давам 3 доза и дете освен затнато носе кое со септоназал еднаш дневно се решава ништо нема. Претходно коксаки, респираторни инфекции кои завршуваа на антибиотик.
@DarkStormm, @Milkiway јас првата година давав Дефендил дури откако се разболе и немаше ефект. Лани почнав превентивно во Октомври уште пред да почнат да кружат вируси и бактерии и лани супер поминавме само со две настинки што ги помина на нога. Годинава почнав исто. Не знам дали е до Дефендилот или детево порасна ама од дете што заглавуваше со месеци со бактерии лани ниту една.
Јас му давав на синот дефендил две шишенца потрошивме и додека го пиеше само еднаш неколку дена киваше и носето му течеше па со виранто му помина. Кога го завршив дефендилот решив пауза да направам два месеци по препорака од тука од форумов и после две недели се разболе со температура, кашлање и телење носе. Патем не оди во градинка дома е цело време така да на нас не ни помогна баш дефендилот.
Јас на мојата го давам, ама со препорака, по претходно чести разболувања на две недели. Ми препорача педијатарот што ја лечи ( не е матичен), а после се потврдив и со орл специјалист, бидејќи страда од чести инфекции на грло. Засега задоволна сум од изопринозинот.
Дали некој дава ацерола на деца од 2ипол години? Да сподели искуство дали се добри за имунитет. Дали навистина отварале апетит и повеќе дебелееле? И да прашам што е подобро за имунитет, прополис или матичен млеч?
Јас давам и матичен млеч и прополис од Бомед. Матичен млеч наутро пред јадење, околу пола час. А пропилис давав кога ќе го земев од градинка. По препорака на блиски пријатели, тие се многу задоволни. Јас не знам дали има ефект или не. Моево не јаде баш, се со молење... Така да ако детето не внесува преку храна, т.е ако е нејадач тешко дека било што ќе помогне. Ацерола немам дадено, ама другарка давала уште од 18м и она вели ја комбинирала со Дефендил, задоволна била.
@marchi-cool ако имаш дадено мед досега и нема реакција тогаш почни со матичен млеч. Не знам на која возраст е детето ама подобро е со природни суплементи ако не настинува често, само за да се зајакне иминитетот. Можеш да споделиш од каде набавуваш да имаме инфо. Тоа со ацеролата дека апетит отвора нема врска. Јас еве пијам години уназад па не сум осетила да ми отвори апетит. @Milkiway дефендилот и сличните сирупи на него, всушност се што во составот содржи бета глукан се даваат на деца над 2 години.
Не сум знаела. Веќе го завршив бидна ќе видиме колку ефект ќе има, матичниов рече може да го пие а и на лекот е означено на 1г колку да се дава...
Дефендилот како го дозирате? Мојата е 4г и ѝ давам по 4мл, на кутијата така пишува, а на страната на дефендил на фб во коментар пишале друг начин на дозирање, мислам по кг беше, одамна прочитав. Изминатава недела кашла само насабајле, ѝ давам омнитус, спреј од оригано прскам во нос, затнат ѝ е, а сега и дефендил давам. Што друго да давам?
Проанги прскај, мојата месеци кашлаше, триста прегледи и брисеви направив. Подобра е од комбинација проанги, мед со перга, прополис и семе од коприва (96ка хемоглобинот), витамин ц и изопринозин.