1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имунитет

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 5 февруари 2011.

  1. Diva_ma

    Diva_ma Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Мајки да прашам, молерс колку месеци може да се даде, дали се прави пауза или нон стоп се зема.
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    14.399
    Пол:
    Женски
    2.5 години е малото. Мед има јадено ама не е некој љубител. Можам само да подметнам во чај или лимонада. За матичен млеч истражував малку и најдов информации дека се давал од 3 години. Прополисот бил од 2 години а медот од 1. Инаку чичко ми чува пчели и мед од него земаме. За прополис ми спомна дека се прави ама потребни се 2 недели да отстои и се консултира само неколку капки разредени. Најдобро во шоља чај. За матичен млеч немам многу информации затоа сакав тука некој да сподели искуство.
     
  3. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со ацерола на ќерка ми кога беше 2 години и 5 месеци, фативме ковид и од тогаш наваму секој ден по една, еве веќе девет месеци. Не можам да кажам дека отвори апетит, не е многу јадач и не се промени
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Доктор ви го препорача? Прашувам зашто докторката на последното разболување ми го спомна и кога отидовме на контрола ми рече најдобро после 2 години да се дава. Не сум 100% сигурна дека е истото ама знам дека на 'изо' почнуваше.
     
  5. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    Мајки како сте задоволни од Kinder Immuno прашакот за имунитет?
    Го почнавме од денес (откако завршивме антибиотик за прв пат), ке трга за скоро во градинка па сакам да ја појачам. Ми го одобри докторката дека било добро за имунитет.
    Искуства со прашаков?
     
  6. Alea123

    Alea123 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2021
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Amelie super e I sirupot na kinder I drugo jas koristam I sanostol e dobar
     
  7. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    10.415
    Пол:
    Женски
    Кој е тој прашок за имунитет,што не менува вкус на водата? Ми кажа една мајка од др.Тајс бил. Но неможаж да најдам
     
  8. nice-girl

    nice-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    255
    има ли некој да сподели искуство со алое вера од натура терапи ? дали се добри гледам има акции цело време ( 2+1) или пак forever ?
     
  9. Kaja991

    Kaja991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2020
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Женски
    Forever definitivno za mene e vrv. Imav zemeno I essi ama ne bev tolku zadovolna kolku so forever.
     
  10. mommy's love

    mommy's love Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2020
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    365
    Пол:
    Женски
    Да не знаеш од која возраст може да се дава гелот на “Forever”?
     
  11. Acika12

    Acika12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Моите се 6 и 8. За имунитет давам поголема доза вит д. Конкретно имам уште едно шишенце вигантол, но проблем е што веќе ги нема кај нас. Ке треба да барам замена. Евтина но ефикасна варијанта.
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Набави си Вигантол од Србија.
    Врање ти е најблиску и сигурно некој оди натака.
     
    На Acika12 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    3.582
    Screenshot_20230121_140745_com.huawei.browser.jpg дали имате искуство со сирупчево за имунитет?
     
  14. Acika12

    Acika12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Супер. Имав слушнато дека има во Бугарија, ама Србија ми е подобр варијанта.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Не е итно ама за мене веќе е неподносливо.
    Кажете ми начин да подобрам имунитет кај дете од 3 години? Не е нормално ова веќе секоја недела да е болен. Веќе не ни памтам што поминавме, само знам дека од 1 април константно е болен.
    Јаде убаво дома зготвено, овошје и зеленчук, ц и д витамин без прекин, прополис по потреба, во јуни пиеше изопринозин, надвор е секој ден до легнување, трча, игра, живо дете е. Утре ќе му земам матичен млеч, друго што можам да направам? Умревме сите дома, патам од хроничен умор и несоница, не знам уште колку можам вака.
     
    На Mother of 2boys и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.825
    До сега секој пат кога бил болен пиел антибиотици? Ако да тогаш од нив многу опаѓа имунитетот и не му дозволува на организмот да зајакне. Колку се добри толку се и лоши тие антибиотици, јас секогаш сум против нив ама кога се мора па некогаш е неизбежно, што да се прави.....
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    Бактерии фаќа или вируси? Јас до сега од се можно што има испиено големиот за имунитет најзадоволна сум од бронховаксомот за бактерии.
    Исто многу бев задоволна ко помал ко пиеше Киндеримун, плус апетит му отвараше. Пробај со него, добар состав има покрај бета глукани има витамини доста, ама консултирај се со педијатар сепак.
    Изопринозинот се пие по шема, мојот ко беше со грип и корона го пиеше, 3 пати по 10 дена со 20 дена измеѓу пауза, исто и бронховаксомот така се пие. Ко ќе беше болен ни препишуваше матичната дупла доза од изопринозинот.
     
    На mal.ecka и Skyler им се допаѓа ова.
  18. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Не, само за бактериската инфекција пиеше. Барем за тоа пазам многу.

    @kristina.k Се почна од варичелата, пред тоа супер беше освен едно појако разболување во февруари. Најчесто се вируси ама имаше и шарлах 2 пати. Еве и бебето се разболува скоро секогаш после него ама многу полесно поминува и многу поопуштена сум, температура до 38,5 и носето ако се растече. Овој големиот косата ми ја побеле (буквално почна да ми белее пред некој месец) со тие температури од 41, легнат стално во бунило не знае кај е, не можам да го разбудам, многу ми е стресно со денови не спијам. Бронховаксомот треба да го почне од септември таман до декември да го заврши за да биде ‘спремен’ за зимата, така ми рече докторката. Јас помислив за друг имуностимулатор ама не знам што смеам поради изопринозинот. Нема пиено многу такви сирупи освен на година ипол кога исто беше нонстоп болен.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.401
    Допаѓања:
    38.328
    Пол:
    Женски
    @Skyler не би зела јас ништо сега штом ќе почнувате бронховаксом од септември. Природно ко што мислиш така матичен млеч или евентуално алое да земиш ако ти пие. Јас зимата порачав од форевер комбинација на алое со витамините нивни, ама не пиеше и така останаа, а ги фалат многу. Тие се поприродни барем, немаат имуностимулатори.
     
    На mal.ecka и Skyler им се допаѓа ова.
  20. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.800
    Допаѓања:
    12.301
    Пол:
    Женски
    Смее да го пие тоа од форевер на 3 години? Го имам пиено јас многу одамна баш грдичко беше ама не прави проблем ако му речам дека веќе нема да се разболува :D Баш прееска ми вика Па нели мамо нема да се разболувам веќе од сирупот :sweat: Јас изопринозинот како магичен му го опишав само да го испие.

    Фала ви на одговорите, ќе се оправиме ваљда.
     
    На Mother of 2boys, mal.ecka и kristina.k им се допаѓа ова.