1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Имунитет

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 5 февруари 2011.

  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам девојки на советите и на издвоеното време. Не сум од тие мајки кои ептен ги чуваат децата под стаклено ѕвоно, излегуваме да се прошетаме барем на 10мин. и кога е ладно, нормално соодветно ја облекувам, се обидувам колку можам да ги избегнам антибиотиците во зависност од настинката и сакам да зајакне, да не биде кревка и на секое ветренце да и тече носето...Фала Богу до сега не сме имале некои потешки заболувања освен искуството со инхалациите, не сме завршиле во болница..ама најискрено згадено ми е од сирупи. Поздравче :)
     
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Честите настинки во градинка се поради немањето на колективен имунитет.Тоа е нормална работа и се случува кај сите деца кои тргнуваат во градинка.Од лично искуство знам дека е потребна најмалку една година за да се стекне тој колективен имунитет,но тоа значи редовно одење во градинка.Кога децата ќе дојдат во последната група тие се многу поздрави и не се разболуваат толку.Инаку според мене повремено кашлање (4-5 пати во ден),течење нос не значат болест и причина да не се оди во градинка и веднаш да се посети доктор.И јас како возрасна цела зима шетам со затнат или нос што тече,а не сум болна.Јас на моето дете во водата во која го бањам му ставам по 2 супени лажици морска сол за што сметам дека е добра и природна инхалација.
     
    На lolyta777 и Annath им се допаѓа ова.
  3. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Ариел, ако имаш добра финансиска подлога однеси ги на море, особено на Јадранско.
    Ем ке видиш дека ке се опорават од солта, значи често жбурнувај ги во вода да видиш како еден куп
    мрсули
    ке излезат, ке плачат и квичат затоа што им е солено, ама после ти една година ке бидеш на раат и :!: приквечер кога е мирно и нема гужва на плажата шетај ги за да го вдишуваат јодот.
    + да видат што е убавина бре.
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не приквечер туку рано сабајле највеќе испарува јодот и тогаш се шетаат децата покрај морето. А за такви работи најубаво е Јонското море - Грција (најтопло и најголема концентрација на сол).
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Не помага ни море, пробано :) Секоја година одат на Јадранско море, имаме викендица таму, и тие седат таму, а луѓето што ги чуваат се менуваат :D . Пред две години беа 2 месеци таму, и првиот ден кога стапнаа во Скопје се разболеа, и болни беа цела зима. Таа беше најлошата година со болести.
    Ама сега се нешто подобри, веројатно до возраста е.
    Како и да е, ова лето планираме да бидат на Јадранско месец и пол, ама ај да не зборам пред време, зошто требаше и лани, па во јули двајцата се разболеа од пневмонија, и наместо да лежиме на плажа на Јадранско море, ние лежевме во Козле :D
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Кога сме кај муабетот за Јадранско, или кое и да е море, сега бевме една недела, и двајцата се вратија со бронхо-пневмонии. Имаше и борова шума, а нели и тоа било добро за белодробни заболувања.
    Чудо се децава мои!
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Е навистина се чудо :) . А прелегаа сипаници, велат дека одкако ќе прелегаат сипаници нагло им се зајакнува иминитетот.
     
  8. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Јас нема деца но би ви препорачала на своите деца да им давате нешто природно не да ги дувате со вештачи витамини за подобар имунитет направете сок од цвекла се прави пола кило цвекла, пола кило лимони, пола кило моркови и кило шеќер може и еден лимонтус (се заедно се меле во машина за мелење месо и се остав да седи 24 часа). Друг рецепт за подобар имунитет пола тегла мед, пола тегла таан, 200грама ораси и 4 лимони цедени (сето ова убаво се меша и се собира во тегла и е одличен за намлување на кашлица а бомаба за подобрување на имунитет особено кај деца).
     
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Јас возрасна се разболев од Јадранско и тоа убаво болна дојдов, морето е ладно едноставно, не е за секој. Инаку за подобрување на имунитет гарантирано помагаат имунал капки, мене ме спасија една зима, бев болна со месеци, цело време ме повторуваше. Може слободно да ги пијат и деца, само дозата е различна. А најприродно нешто единствено знам по пола лимонче насабајле, секое утро како превенција за мноооогу болести.
     
  10. beyoncee

    beyoncee Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    и јас со син ми маки мачам..во март лежевме 5 дена на болницаи сега во мај пак поцеток на бронхит...знаци од окт до мај ние цело време сме болни...и пија нон стоп за имунитет сируп.апчинја т.е внатре се со тецност тие и лесно му оди ги сака...самоо во лето сме здрави
    и дали му давате мед на децата јас почнав еднаш на ден
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Колку ти е големо детето? Ако немате никакви проблеми со алергии тогаш може да се дава мед после 3-та год.
     
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Направи му алерго-тестови. Кај многѕ деца повторливите бронхитиси и пневмонии се резултат на пневмонии.

    Инаку моите беа најболни кога им давав најмногу додатоци за зајакнување имунитет, па кренав раце. Имунитетот се подобрува и со возраста, моите секоја година имаат подобар имунитет.
     
  13. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Сега мене ме советуваа за имунитет да давам прополис,зошто моето така почесто се разболува,оваа зима му купив од зегин прополис и таму пишуваше над 6 месеци бебенце се дава некаде околу 25 капки на ден ама јас му давав околу 5 до 10 најмногу на ден,инаку имам пријатели нивното детенце е поголемко 2 одд они му дават чист прополис по една капка или две на ден и се многу задоволни демек не се разболел ич од кога почнале да му дават прополис,јас сега малко стагнирав од кога испивме едно шишенце,па сега планирам пак да му давам
     
  14. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Ќе ве молам за совет, и јас сум подложна на мн често разболување. Со секоја промена на времето на мене веднаш носот почнува да тече, грлото ме боли, па ако не отидам веднаш на лекар состојбата за два дена ми се влошува. Еве и сега сум болна, нз веќе што да правам. Правив пола тегла мед и семе од коприви мислам дека беше ама ништо не ми помага
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Мед и семе од коприва првенствено е за зголемување на железото во крв. Јас јадев тоа додека бев бремена (бебето нели многу влече железо од мајката) заедно со витамин Ц (Ц го вржува железото во крвта).
    Пробај секое утро да пиеш 1 лаж прополис, Витамин Ц во бил кој облик, повеќе овошје и зеленчук и постои еден препарат од кој многу се задоволни (јас лично го немам консумирано, ама моја роднина која имаше слабо железо и слаб имунитет го користеше и е многу задоволна) е Имунобор. Бугарски е мислам и го има во сите аптеки во црвена амбалажа.
    Обично се пие на почеток на есен (Септември некаде) а може и во рана пролет.
    Јас повеќе сум за природен начин на подигнување на имунитет ама кога нема веќе излез може и со овие препарати.
    Провери си брисеви (нос, грло) можеби имаш некоја бактерија која те зеза, можеби крајниците се во прашање а можеби и алергии. Не е убаво на кратој период како што велиш да пиеш антибиотици, тие дополнително го уништуваат имунитетот. Мораш да го исчистиш организмот од антибиотици.
     
    На i-v-a-n-4-e и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    дали ги имате користено таблетките респивакс за деца за имунитет сакам да почнам да и ги давам на керка ми од есен имам слушано дека се многу ефикасни
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.464
    Допаѓања:
    201.195
    Пол:
    Женски

    Мислам дека се даваат по препорака од лекар, а на своја рака никако. Може се ефикасни, ама зависи од случајот. Кај внука ми не помогнаа.
     
  18. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мислам дека апчињата како такви не можат да направат многу голема промена во зголемување на имунитетот.Мојот педијатар тврди дека децата се раѓаат со имунитет со таа разлика што некои имаат поголем ,а некои помал. Сметам дека и со здрава и избалансирана исхрана ќе го постигнеш истото,па дури и повеќе. Пробај летово да и даваш свежо приготвен сок од јаболко,морков,цвекло,лимон и мед секој ден и мислам дека за една недела ќе ја забележиш разликата. Давај и и житарици со млеко или јогурт. Сепак сите препарати дали апчиња или сирупи се меч со две острици. Јас не знам колкава е ќеркичката ,но децата до кај 5 години се поболежливи се додека не создадат колективен имунитет (сеедно дали во градинка или дома) и секое разболување ги прави појаки.
     
  19. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    83.809
    Пол:
    Женски
    Tи благодарам за мислењето ќерка ми има 6 години јади буквално се со тоа немаме проблем мед не јади бидејќи има алергија , а пак многу често се разболува затоа и прашував за таблетите јас секако прво ќе се консултирам со доктор на своја рака никогас не давам ништо поздрав
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Еве еден супер рецепт за зголемување на имунитетот во овие есенски и зимски денови.

    Во тегла се ставаат сецкани парчиња лимон и сецкани парчиња ѓумбир, па се полеваат со мед. Се затвара добро и се става во фрижидер, каде ќе се претвори во желе.
    1 лажичка од желето во шоља се попарува со врела вода и се конзумира така. Рок на употреба - 2 до 3 месеца, чување во фрижидер.

    [​IMG]
     
    На DeMelo, slada, SweetDream и 2 други им се допаѓа ова.