Пиши само Имунологија во пребарувањето и ќе се појават две имиња (долу под имињата пишува педијатрија). Или пиши Клиника за педијатрија и покрај имињата се појавува што им е специјализација. Во меѓувреме пробајте или со бета-глукани (Бимунал, Дефендил) или со уште појако Изопринозин. Се од ова имам давано и Изопринозинот навистина помага.
Не, ќе побарам по нетов, па ќе ја барам кај отишла да одам таму, зошто ми се допаѓа многу пристапот нејзин.
Во Центарот за Семејна Медицина на Медицински факултет е. Прешла веројатно комплетно само во едукација на нови кадри. Најди го на Facebook Центарот. Ја имаш во постови.
https://maps.app.goo.gl/eDWwLqyHnQrvoHfF6 Тука е проф. Ставриќ веќе две години и повеќе. Не знам дали ти е за нешто итно, ама најискрено така да и отидеш од сабајле околу 8 ипол-9, има големи шанси да ја начекаш таму, и ништо да не прави... Значи ова е преминот од кај министерство накај Вели/стоматолошки. Институт за семејна медицина и едукативниот центар за прва помош е тука. Одма десно е вратата, дрвена. И кога влегуваш внатре, одма првата десно е за нејзе и секретарката нејзина. Префина е Ставриќ... Јас за други некои работи баш месецов три пати до нејзе бев. Инаку како имунолог, Александар Петличковски е стварно предобар. Не знам за што ти треба конкретно, ама имаш и педијатар - генетичар - ендокринолог др. Мирјана Кочова, во Систина е сега. Постара докторка е, професорка ми беше. Малце незгодна на карактер, ама вистински професионалец со премногу знаење и пракса.
До Кочова можам лесно да стигнам, на другарка и е мајка, ама колку ќе може да ми помогне за ова. За малото ми е, пречесто се разболува, претходниот месец беше малтене цел месец болен. Ќе се обидам да стигнам до Ставриќ, ја знам и јас како многу фина, ја прегледуваше внука ми она кога лежеше на детска со месеци.
Па пресродни се двете науки, и секогаш работат како тим. Мислење плус не е на одмет никогаш. Инаку ако одиш така од сабајле, ќе можеш да ја најдеш Ставриќ на семејна. Не верувам дека има термин за неа, за да земеш упат за твојата потреба. И јас не знам зошто е отидена на семејна, можеби сакала помирна и растеретена функција...
Jас како што разбрав она специјализанти води. Ако учат од неа ученици има надеж да има подобри лекар, предобар доктор е.
Ех, да водеше специјализанти на педијатрија барем, ќе беше друга приказна... Ваму одат сите специјализанти кога ќе им стаса редот за турнусот за семејна медицина. За жал, на позицијата која е сега, скоро па и никакво значење нема. Поминуваат за една недела тука, што може да направиш за една недела... Како краткотрајна обука. Педијатрија е цела зарибена, за таму фали стручен кадар. Мислам дека специјализантите на педијатрија се малтене најуказани од сите.
Дефендил, сируп. Не знам колкаво ти е детето но можеш да пробаш и со природни препарати маџун, мед со матичен млеч. Јас на синко маџун му давам од сабајле на гладно од кај 2 и пол години, до тогаш давав дефендил.
Јас давам домашен маџун. Свекрва ми го прави, по некој рецепт може од времето на Баба Рада. Го давам наутро на гладно по една лажичка. Давам и Пливит Д3 капки . Уште сме на капки, а 7 години има ќерка . Не знам од каде ми е информацијата дека Д3 најдобри биле во капки, а може и не е вистина ова.
Домашен од домашно грозје, но имаш и по аптеки маџун. Со тоа што по аптеки има и маџун не само од грозје туку и некоја комбинација со калинка чинам беше.
Јас земав на своја рака ама имав мн реакции од него со стомакот и го прекинав така да сепак може и не е најдобра идеа.
Свекрва ми вика немала посебен рецепт. Грозјето, црно и блага сорта ( колку имаш , толку ) најпрвин го миела па минела низ соковник( да паднат лушпите и семките) , па целата содржина ја ставала во големо тенџере да врие, со лажица ја вадела пената и често ја мешала содржината за да не загори.