Искрено да ви кажам со ова маџунов не ми е јасно оти толку е форсиран. Еве по моја логика, ако е варено, варено та преварено овошје што има тука здраво останато. Со термичка обработка сите витамини се убиени, останал само гроздовиот (или било кој друг обошен) шеќер кој станал сируп. Со други зборови шербет е. Обичен шеќер за телото. Еве некој ако се разбира повеќе, ќе бидам среќна да ми се објасни дали логиката правилно ми работи или не. Еве и @fana ќе ја викнам, она може повеќе се разбира па ќе ми каже.
Многу ми се допаѓа насоката на размислување, ова е едно одлично прашање. Маџунот и после термичката обработка ги задржува минералите, антиоксидансите а и природните шеќери. Што значи маџунот е особено добар за крвната слика (а колку подобра крвна слика имаме особено железо и висок хемоглобин толку и имунитетот е подобар) , а поради ресвератролот (моќен антиоскиданс) е добар општо за имунитет. Затоа маџунот "има право" да биде форсиран.
На мали деца до 3 год ептен мала количина се дава.Пола лажичка.Здрав е ама и понатака сепак е полн со шеќери, така да пазете кариес да не фатат децата
Јас досега ништо немам давано за имунитет, сакам да пробам со маџун ќе го правам дома изгледа имаме домашно грозје.
Ај пиши како ке излезе кога ке правиш. Имам и јас во двор грозје, само не ми е јасно како да го сомелам грозјето со се лушпи со се семки?
Јас го давам наутро, на гладно 1 мала лажичка. И Д3 давам и ништо друго за имунитет ... На моите ќерки од мали им давам, од кога имаа по 1 година, па имаше период кога одбиваа, сега пак денот со маџун започнува. Со кариес речиси и да не сме имале проблем, здрави заби несвојствено за деца кои си каснуваат и чоколатце... Е она што е реалност е дека маџунот не е волшебно влијателен врз имунитетот. Барем во нашиот случај. Помалата ќерка ми е често болна и покрај маџунот, и покрај секојдневно јадење свеж зеленчук ( салатки обавезно ) и покрај месо и риба, и покрај воопшто исхрана која многу деца од 7 годино не сакаат да ја погледнат а не да ја конзумираат. Се радувам дека последната година барем без антибиотик минуваме... и тоа не секогаш. По совет на имунолог, други имуностимулатори не и давам. Значи ќе се јачи со природни намирници и со самото изложување на вируси и бактерии.