Да, многу.. нон стоп му течеше носот на синко, кога почна да го пие повеќе немавме таква мака. Го пиеше 2 или 3 месеци, не се сеќавам баш, континуирано и толку.
Ве молам цена и каде ги има капките? За која возраст се и дали се на рецепт? Колку време се прави пауза?
Nie davavme skoro sekoj den prethodnata prolet, ama ne vidov nekoe podobruvanje ,sepak mislam deka treba na podolg vremenski period da se koristat A moze da se davaat na deca nad 5 god.?
PROBalans Baby се 454 ден во Зегин, ги има и во Виола и во другите аптеки. Не се на рецепт и наменети се за возраст од 0-6 години. Да, може, до 6 години.
Како ги давате капките? Од PharmaS користам витамини за мене, Probalans IMUNO комбинација на Ц витамин и Цинк.
Може да ги давате самостојно, а може и со топол напиток. Информации зошто Д витаминот е потребен за имунитетот, со комбинација на пробиотик: Витамин Д, кој уште се нарекува и „Сончев витамин“, е од клучно значење за цврстината на коските. Главен извор на овој витамин е нашата кожа.Провитаминот Д, кој се наоѓа во кожата, под дејство на ултравиолетовите сончеви зраци, се претвора во витамин Д. Дел од овој витамин се создава во детскиот организам, но секако потребно е Сонцето за да се активира. Витаминот Д е липосолубилен (растворлив во масти) и ја регулира апсорбцијата и употребата на минералите калциум и фосфор. Овој витамин е познат имуномодулатор, има против-воспалително дејство, заштитно влијание на цревниот ѕид и ја потикнува неговата регенерација, помага при Кроновата болест и улцеративниот колит, при превенција и третман на атопичен дерматит и има значаен ефект во намалување на гастроинтестиналните инфекции. Влијае на нормалниот раст и развој и го помага вршењето на невролошки и клеточни функции. Докажано е дека витаминот Д го зајакнува имунолошкиот систем и помага во борбата против инфекциите преку негово учество во продукција на моноцитите. Во последно време се направени многу истражувања за улогата на витаминот Д во респираторните заболувања, кои покажуваат дека неговото консумирање помага во намалување на инфламаторниот процес. Многу педијатри укажуваат дека, минимум еднаш месечно, дијагностицираат рахитис кај малите деца (коските се премногу меки поради недоволната количина на калциум). Многу други деца имаат помалку сериозни проблеми, како што се недостаток на сила во мускулите, отежност при одење, болки во коските. Од друга страна, консумирањето на пробиотици го надополнува процесот на подобрување на имунолошкиот систем. Кај малите деца се препорачува пробиотскиот сој Lactobacillus rhamnosus, кој еприроден жител во цревната миркофлора кај доенчињата и децата. Овие „добри“ бактерии имаат позитивен одговор при акутна инфективна дијареа предизвикана од ротавируси, постантибиотска дијареа – после третман со антибиотици, дијареа предизвикана од Clostiridium difficile, атопичен дерматит, грчеви (колики) кои најчесто се јавуваат во првите 4 месеци од животот на доенчињата. Со консумирање на пробиотиците природно се надополнува нивото на „добрите“ бактерии, кои консумирани во комбинација со витамин Д, го заокружуваат кругот во одбрана на организмот и јакнење на имунитетот.
А дали знаете болниот од големи сипаници до кога не смее да буде во контакт со луѓе за да не ги зарази?
Јас се плашам да не го пренесва сеуште вирусот откако го прележа и му се смири осипот, дали опстојува во домот на заразениот ?
Вирусот го носи секоја индивидуа што прележала сипаница, било кога во животот, доживотно останува во организмот. Ама заразен е додека е акутна болеста, т.е во фаза на инкубација и периодот на активно прележување на болеста, т.е осипот додека не почне да се суши и повлекува. Вирусот не може да живее надвор од човечкиот организам.
А за возрасни нешто ефикасно за имунитет? Мене ми е скроз паднат. Од кога ме фати грип пред 2 месеци секоја недела нешто ново ми излегува, па не знам што да земам за имунитет што стварно ќе ми помогне малку да се опоравам..
Цинк + витамин Ц Во аптеките има од различни фирми. https://www.centarzdravlja.hr/zanimljivosti/vitamin-c-i-cink-su-najmocniji-antioksidanti/
Секој ден конзумирање овошје ( посебно витамин Д за зима) + зеленчук и физичка активност. Јас бев од тие што неќеа да видат овошје. Јаболка јадев еднаш годишно. Имав премногу слаб имунитет, мислам рекордот беше стомачен вирус 4пати во 2месеци... Ужас. Пиев некои витамини од А до Z, послатки ми беа тие за превентива отколку да мелам овошје, но наместо имунитет, само на килограми добив.
Малата до пред Нова година пиеше киндер имун прашок за деца, па правевме пауза, и сега го допи дефендил сирупот, го пиеше околу месец и пол. Не знам дали да ѝ дадам пак дефендил или да се вратам на киндеримунот. Искрено, не осеќам разлика, освен може во апетитот, ама тоа може да е и случајно. Ваши искуства со овие имуносупресори. Може предлог и за нешто друго.
Jas davav i od dvata i da ti kazam ic ne bev zadovolna. I dvata gi terav do po edna godina demek podolgo vreme da koristime i tie dve zimi izgore od temperaturi i bese bolna do maj mesec.
Не очекувам чуда, ама колку-толку некоја заштита. Ѝ зедов пак дефендил, нека испие уште едно шишенце, па ќе видиме како ќе биде.
Ние пиевме скоро една година ама искрено од Дефендил воопшто не сум задоволна. Но белким кај вас ќе има подобар резултат.
Zadovolna od bimunalot lani go koristevme cela zima e Sega normalno dete do 3-4 godini sto sakas davaj ke se razboluvas. Od nova godina navaka davam semki od grejfut top rabota prezadovolna zatoa sto osetiv razlika vo zdravjeto na deteto. Od kinderimunoto ne sum zadovolna a moze zatoa sto mal go pisete i mnogu pati prasakot ostanuvase vo sisenceto ili vo cuclata nerastvoreno. Zatoa poveke sakam ona sto se dava so lazicka ili mala kolicinatecnost
Дајте предлог нешто за зајакнување на имунитет кај двегодишно дете, една недела ако е добро месец е со растечен нос, кашлање , дијареа.. Консумира овошје и зеленчук секојдневно , некако на два има сум дали само ќе изгради имунитет или да пробам со нешто.