ние според резултати од брис имаме ретки стрептококус ауреус. Лек за тоа не ни дадоа,симптоми немаше но одвреме навреме носот или затнат или растечен. Не сум за многу капки и спрејови или антибиотици. Во моментов почнав со инхалации за да го исчистам носот со физиолошки,сакам да пробам со прополис но и овие ми изгледаат добри па сакав да слушнам искуства. Не сум за одење по лекари само за растечен и затнат нос
@marchi-cool Овие спрејови се на природна база не се лекарство, сепак некогаш е потребно да се оди и да се слушне стручно мислење од педијатар ако веќе има бактерија, сигурно повеќе знае од нас овде на форумот. И секако инхалациите не се прават на своја рака и не помагаат за бактерии јас колку што знам.
Se izvininuvam za latinicava.Inaku madzun davame veke 2 g redovno sekoj den vo kombinacija so med I vitamin C i znaci navistina steknavme dobar imunitet .Bi ti preporacala da pocnes da davas megjutoa nie koristime domasen od coven sto pravi doma
Бебе оригано спрејот го купив, успеав само два пати да и прснам, почна да повраќа, и се згади нешто. Инаку со обичен физиолошки тие спреови што се и прскам не ми реагира така. Незнам како да ја натеран да и прскам баш од ова бидејќи и јас чув дека е добро за бактерии во нос.
Moze prasanjevo ne e za ovde ama nemozev da najdam soodvetna tema. Dali davate vitamin D i letno vreme? Pocnuva da zatopluva kvalitetno i se mislam dali da ja namalam dozata i da prodolzam ili da gi prekinam kapkite skros. Majki sovet?
Јас го давам Молерсот ( по препорака на педијатарката ). Ми кажа слободно да го дотрошам да го давам ( уште пола шишенце остана ) . Што значи сигурно и цел јуни ќе го пие.
Јас давав до март. Според ендокринологот што не следеше доволно било од октомври до март. Ќе почнеме пак на есен, сега го користиме сонцето
Да, да, да... Ама ако почнеш со време и си упорен! Јас го давам секоја година ноември, декември и јануари, заедно со витЦ и пробиотик секој ден.
Jas zedov 3 shishenca I pocnav da I go davam. Kerka mi ima 20 meseci I na sekoj dve nedeli kreva temperatura I grloto. Na lekar vikaat virusno, non stop racinjata I se vo usta.se nadevam ova ke pomogne.
Земав бимунал сирупче, со цинк и бета глукан. Мислам оти бетаглуканот е добар имуностимулатор. Дефендилот е бета глукан и ц витамин,ама јас давам посебно капки вит.Ц. Пробиотик ваја,првпат ќе го проба. И омега ќе купам,молерс каде има?
некој искуство со киндеримуно,по препорака на неколку пријателки почнав da давам,колку време се дава,три мрсеци па пауза или? И ќере првите две години во градинка како трна беше нон стоп болна,па од неа и бебе ги закачи сите вируси,сега оваа година се надевам на подобра во однос на лани . Истп испитувавме крв, igg,igm имаше и некој други вредности што се показатели за имунитетот сисѕем добри се во граници на нормала а пак се е болна,плус доена до година и витамини внесуваат секојдневно боровинки и малини ама ете пак се сè болни.
Во аптека ми го фалеа. Се мислев меѓу него и бимуналот. Давај и мед,маџун,аронија,вит Ц. Мое дете до денес 2 год полни,првпат пие сирупче имунитет.Досега само маџун секој ден,вит ц,аронија и пробиотик давам цело време.Цицаше до 15 мес. Тоа е мајка,поголеми,повеќе мешање со деца ,мора да се помириме Јас и омега давам чат пат.
Zdravo majki, sin mi ima 3 i pol godini odi vo gradinka, no postojano sme so zatnato nose i kaslica... Nekoj sovet sto da davam