На родителите. И на мојот омилен брат. Ви благодарам што ме трпевте,крепевте,критикувавте,плачевте со мене,се смеевте со мене, ми угодувавте но и ми ускратувавте, ми покажавте што значи "Цело е кога има се".
Срдечно и од се срце најмногу и се заблагодарувам на девојката под псевдоним Лала Грејс. Ма кој ренатадин бре брате Мисс грејс ти е специјалист за желудчни тегоби Штом ми стане тешко на желудникот прочитувам два реда нејзини и во истиот момент нагон на повраќање ми иде Ти благодарам девојко, само продолжи така, YOu are my hero
Им благодарам на најблиските кои се покрај мене у добро и у зло. Им благодарам на луѓето кои што беа одредено време присутни во мојот живот и го направија поинтересен, а мене ме направија поискусна. Им благодарам на сите што ме треснале од земја, сега сум посилна... Им благодарам на мама и на тато што ме храбреле и ми влевале надеж тогаш кога сите ми свртеле грб... Му благодарам на Господ што ми ја даде можноста да го дочекам овој нов ден!
На родителите...на мајка ми особено затоа што е секогаш покрај мене, но и на татко ми...каков и да е се труди во последно време, тоа многу значи!
И благодарам на мајка ми , што ме исчувала и покрај сите тешкотии. Што секогаш е тука за мене, и што често се жртвува за јас да бидам задоволна и среќна. Ќе се гордееш со мене еден ден, ветувам ! Незнам што би правела без неа
Им благодарам на домашните и другарките што ме сакаат и почитуваат и покрај сите лоши карактеристики кои ги имам и покрај тоа што ги нервирам тие сепак се тука за мене, му благодарам на Бог што секогаш не чува,ни помага и ни ги слуша нашите молби и желби!
Им благодарам на родителите што се трудат да ми го овозможат најдоброто Им благодарам на пријателите кои биле со мене кога ми било потребно Им благодарам на школските со кои сме направиле прекрасни спомени Му благодарам на едно момче што секогаш ме гледа на посебен начин Им благодарам и на оние кои ме повредија бидејќи ме научија всушност каква (не)треба да бидам
Му благодарам јавно на kukla21 за прекрасното поклонче што ми го подари ме израдва на најнесебичен начин со производите на Балеа моите омилени,ти благодарам девојко
Им благодарам на сите луѓе кои биле дел од мојот живот, без разлика дали оставиле лоша или добра трага. Со помош на искуството со нив, јас сум денес ова што сум.
Им благодарам на мама и тато што ме створиле инаку што ќе правеше светов без мене. Сигурно ќе беше помал. Им благодарам на сите луѓе кои се искрени кога не повредуваат со вистината и не тешат со лагата. Им благодарам на сите кои ме повредија, многу научив од нив. Знам колку се плаќа болката и никој не ја заслужува. Им благодарам на завидливите луѓе зошто сфаќам дека немаат ништо. Покрај самите себе се чувствуваат толку многу осамени. И Ви благодарам Вам сите членови зошто секогаш по нешто посделувам со Вас.
Им благодарам на моите родителите што ја исполнија родителската мисија и ми овозможија безгрижно и среќно детство. Ме научија да ги осознаам вистинските животни вредности и да се изградам во зрела и амбициозна личност. Ми покажаа дека љубезноста, скромноста и искреноста се базичните особини на карактерниот склоп на секој од нас, а зборовите благодарам и извини израз на културен гест кој треба да се применува. На мојот вујко, за деновите поминати во прошетка, забава и дружење кои се претворија во незаборавни моменти овековечени во старите добро познати црно-бели фотографии. На мојата покојна баба, со која ги поминав детството и училишните денови, мудрите животни совети добиени од неа кои ми се поткрепа и водечка сила во донесувањето животни одлуки и безвременските поуки за женскиот пол.