Им благодарам на моите родители кои се секогаш тука за мене, им благодарам за тоа што ми подарија живот, ме научија многу работи и ме доведоа на прав пат. Му благодарам на мојот постар брат кој секогаш ми помага. И благодарам на мојата баба за се што сторила за мене. Им благодарам на моите другарки и знам дека без нив не би можела да издржам. Им благодарам на одредени членки на форумов (си знаат кои се ) бидејќи ме прифатија добро и од нив научив многу работи. И за крај, им благодарам на сите што ме мразат, им благодарам за сите навреди, критики, дофрлувања бидејќи само ме направија посилна и ме научија храбро и на нозе да издржувам се.
И благодарам на мајка ми која секогаш била тука за мене И благодарам на баба ми што била тука секогаш кога мајка ми била зафатена Им благодарам на вистинските пријатели кои ги ценат моите маани и врлини(не ми текнува на македонски )
- им благодарам на моите дома што и покрај се што поминале со мене се уште ме сакаат и ме подржуваат (не им било лесно со мене). - им благодарам на моите другарки- другари што се тука секогаш за мене знам дека некогаш премногу ги напињам и ги гњавам ама ме трпат. - им благодарам на моите непријатели и све што ми имаат направено зошто тие да не беа немаше да бидат толку цврста и јака и стоечки да го поднесувам секој пораз. - му благодарам на татко ми кој ме изведе на прав пат кој ме научи да бидам јака,да знам да ги ценам луѓето,што ме научи за моралните и етичките вредности.
Благодарна сум за се што имам во животот,но исто така сум им благодарна на лошите,злобните луѓе или како и да веќе би можеле да се наречат,кои не често се појавуваат во мојот живот,бидејки ми биле,се учители за тоа како не треба да се однесувам спрема другите луѓе и фала богу никогаш не сум била идиот или злобна према другите луѓе,дека треба да се почитува начинот на живот на кој го живеат луѓето,а не да се повредуваат,за сметка на сопствената среќа.
Им благодарам на моите родители што ме изведоа на прав пат,што од мене направиа човек,што ме трпеа додека бев во лудите години,им благодарам и на пријателите што се секогаш тука за мене,а и на непријателите што ми покажаа всушност колку вредам и јас и моите најблиски.И се разбира ви Благодарам вам драги мои форумдзики што сте тука за се што ме мачи да ме сослушате и советувате
Колку е убаво да се слушне ова .РОДИТЕЛОТ Е СРЕЌЕН КОГА НЕГОВОТО ДЕТЕ Е СРЕЌНО. Поздрав до тебе- некогаши ти ќе сознае како е да се биде родител.
Им благодарам на моите родители што ми овозможуваат да имам убав живот и се грижат да ми обезбедат се што ми е потебно. I love them!
И благодарам на мајка ми што се жртвува за мене и сестра ми, што сеуште има сила да издржи се за нас. Те сакам мамо! На сестра ми што знае кога да ме прегрне, да сослуша , да молчи . На сите што ме познаваат и што ме трпат
јас сум родител имам синче кое го чувам и воспитувам за еден ден и самиот да ми биде благодарен,како јас што сум на моите
Им благодарам на тие што ги нервирам што им сум тема на разговор и што несвесно се изгубени. И тебе ти благодарам најмногу... си знае кој
Веднаш штом ја видов темава се сетив на моите родители. Им благодарам што ме донеле на овој свет.. Им благодарам што ме изнесоа на прав пат.. И благодарам на мојата најдобра другарка која секогаш ме сослушува, што е со мене кога ми е најтешко! позз
Им благодарам на сите кои ми се наоѓале во животот, сите оние кои ме “трпеле“ и поднесувале ,им благодарам на другарките, брат ми, роднините... Најблагодарна им сум на моите родители кои ми овозможуваат се што ќе посакам
Им благодарам на моите синови и на мојот сопруг кои деновиве ми беа подршка од тука, и имаа разбирање за моето непланирано отсуство .И голема благодарност до Грета Аријан Фредрих која е моја подршка од ЕУ