им благодарам на моите родители,што ме воспитале во културна и достоинствена девојка,а и на оние кои ми помогнале во животот,секако памтам,па ќе им биде вратено секако со добро!!
Им благодарам на сите околу мене кои направиле по некој кикс кон мене, и со тоа станував посилна и претпазлива
Им се заблагодарувам на мама и тато - затоа што не ми забраниле скоро ништо во животот и имам размислувања какви што имам и сум личност каква што сум. На баба и дедо - заради нивното бескрајно трпение и љубов, се' уште, со вкупно 150 години заедно се грижат за мене и баба ми ми го мачка дупчето од пирсот на нос со бекутан кога и да отидам, за да зарасте побрзо оти таква дупкосана "м'ж нема да најдам"! На другарка ми В, која е покрај мене во сите убави и тажни моменти и нејзината Биковска природа е во склад со мојата Шкорпионска посесивност И сосем на крајот, се заблагодарувам на моите омилени Феминки, кои постојат во овој свет и ми даваат надеж дека не се сите жени плиткоумни, површни, прости и арогантни.
Му благодарам на газдата што ме вработи, и што ми овозможи да се надоградувам себеси, да ја изразам својата креативност, потенцијал и талент, и што ми овозможи да го работам она што отсекогаш сум го сакала. Му балгодарам и на мојот прекрасен дечко што ми го прави животот убав, и вреден за живеење. Им благодарам на сите пејачи и композитори што имаат прекрасни песни кои ми го подобруваат расположението. Му благодарам на Господ за прекрасното СОНЦЕ што ми ја дава цела позитивна енергија!
Им благодарам на оние кои се присутни во мојот живот и го прават неверојатен... Истовремено им се заблагодарувам на оние кои го напуштиле мојот живот и го направиле фантастичен
И благодарам на баба ми што ми направи прекрасни питулици кои знае само таа да ги прави толку вкусни таа е моето меченце си ја сакам најмногу на свет
Им благодарам на моите родители за се што направиле за мене иако ме нервираат, знам дека е за мое добро му благодарам на брат ми кој се грижи за мене.. на моите пријатели кои се секогаш тука за мене.. да ме расположат кога ми е најтешко..
На кој можам да му заблагодарам на нешто, освен на моите. Тие се заслужени само за моето благодарам. Што ме направиле каква што сум сега,човек со став. Абе ве сакам!
На сите што ми го направија посебен овој ден, а особено на моите најмили мамичка и татичко, како и на моето злато
На Билката, за статијата која што беше објавена пред некој ден во врска со документарниот концерт на Бијонсе! И на Россонерка, во име на мајка ми.
И се заблагодарувам на Дороти која ме изненади со чоколадото искрено не очекуванó !!! ама ете некои луге знаат да изненадат
Mu Blagodaram na mojot pokoen tatko za toa sto me napravi covek i po edna godina od negovata smrt jas se uste kako da gi slusam negovite zborovi kako da se odnesuvam,sto da napravam,uste se sekavam koga mi zboruvase kako da bidam silna deka zivotot e tezok i da bidam mn uporna vo toa sto go pravam i samo taka ke uspeam,da ne se raspravam da bidam optimist,dobra licnost,skromna devojka
На моите родители за СЕ ! Нема подобри родители од моите , ги сакам најмногу и премногу сум им благодарна ! Сега кога станувам возрасна сфаќам многу работи и од ден на ден се повеќе им се восхитувам.
Им благодарам на сите феминки. Да не бевте вие искрено верувам дека одамна би се опростила со здравиот разум. Иако паѓаат и препукувања, и конфликт на мислења, и се и сешто, сепак... Јас не би била јас без форумов...