Му бладогарам на Господ Бог кој ми ги дал наааааааааааааааааааааааа.......ј добрите родители и брат кои ги сакам највеке на свет, повеке и од себе си!
Им благодарам на моите родители и на сестра ми.Посебно и благодарам на мајка ми зашто е најдобра на цел свет и ми е и мајка и другарка и се.И кажувам се што ми се дешава во животов ме подржува за се.И благодарам што ме родила што ме разбира за се и што ме извела на прав пат.ТЕ САКАМ МАМО НАЈМНОГУ и благодарам и на мојата постара сестра бидејќи е најдобрата сестра која ме разбира и ми помага за се... и на крај му благодарам на дечко ми бидејќи секогаш е тука за мене,во сите мои тажни е среќни моменти...се грижи за мене и ми покажува колку ме сака ... го сакам
Им благодарам на оние што ме повредите и разочарале во животот затоа што ме направиле уште посилна И благодарам на мајками што секогаш ме помага кога ќе ми е најпотребна и му благодарам на сонценцето што секогаш ме теши и е со мене кога ми е најтешко
Пиши ми само те молам во ЛП дали е добар квалитетот оти од Rapidshare знае некој чкљ квалитет да се погоди Инаку ноу проблем
им благодарам на луѓето кои секогаш биле тука и во добро и во лошо, кои знаеле да ме насмеат, да плачат со мене кога ми е најтешко, да ме утешат и да ми дадат совет, да ме гушнат кога ми е потребно, кои се радуваа на моите успеси, и кои имаат посебно место во моево срце
Му благодарам на татко ми....за се.......се што правеше, правеше за мене...се грижеше, вложуваше, веруваше во мене и се радуваше....но не е тука да се радува највеќе на целиот свет, сега кога ги собирам плодовите од нашата заедничка животна сеидба....да се радува што сум најсреќна со човекот кого го сакаше како син...и иако го познаваше кратко...не погреши... Му благодарам на маж ми..........затоа што ја презема улогата на татко ми во мојот живот...се грижи, ме мази, пази, верува, вложува, живее за мене.....му благодарам што во исто време ми е и татко, и брат, и другар и најдобриот сопруг, поради кој најубаво место на светот ми е домот......каде во неговата прегратка сум заштитена од се на светот...за мене нема неможам, несакам, немам...ќе украде, ќе убие, ќе најде сила...за се.........само јас да сум среќна...немам зборови доволно за да му заблагодарам за се.... Му благодарам на дедо боже за овие две човечиња во овој живот...бескрајно му благодарам.... и на мамичка и благодарам....за се...немаме баш таков однос, како со татичкото мој, многу бара, многу очекува, скоро никогаш не е задоволна од мене......не дозволува и не прифаќа мој ,,кикс,,.............но најмногу и благодарам за тоа.....високите очекувања нејзини беа товар кој го носев, но товар кој направи се во животот да ми изгледа полесно откако го симнав тој товар, откако исполнив најголем дел од тие нејзини, малтене ,,спартански,, очекувања, ....
Им благодарам на моите родители што се секогаш тука за мене, и благодарам на мојата најјјверна другарка што секогаш е со мене и во добро и во лошо... таа е единствената што не ме повредила до сега.. и последно му благодарам него за се што ми направи... затоа што после него сум посилна... а тој еден ден ќе ја бара старата личности која не ја сакаше
На очиве што гледаат, на умов што мисли, на рацеве што пишуваат, на срцево што чука и го чека својот херој. Им благодарам.
Им Благодарам на моите родители што ме створиле, ме сакаат најмногу и што се грижат за мене!!! Му благодарам на брат ми (кој мн ме нервира ама многу ме сака) за се. Му благодарам на дечко ми кој ми дава неизмерна љубов, кој се труди да ми биде најдобро, кој е со мене секогаш кога треба, кој ми ги исполнува сите желби, кој се грижи за мене повеке од сама себе, којме штити, кој ми дава сигурност, кој ме прави безгрижна! Му благодарам на моето кученце кое ми ги лечи болките во стомакот. Им благодарам на другарките и пријателите кои биле секогаш достапни за мене. И најнајнајголемо благодарам на Дедо Боже што ги имам сите овие луѓе покрај мене!!! Овие луѓе се моето непроценливо богатство!!!
Му благодарам на татко ми за вчерашниот ден затоа што ми го направи посебен За позитивната енергија и за двете шнолички, што ми даде пари да си купам денеска Ти благодарам татичко!
Им благодарам на сите што денес си добија единици физика и овозможија професорката да не стигне до мене, ви ветувам ќе научам за нередниот час
Им благодарам на мојте родители 1.Што ми подариле живот 2.Што ми подарија брат за да не сум сама и во радост и во тага 3.Што направија да имам толку убаво и весело детство 4.Што сегогаш и за се имаа разбирање 5.За живот како од бајка 6.Што ме извадија на прав пат и не направиа исфрустрирано дете од мене 7.Им благодарам за моментите кога сме се смееле заедно 8.Им благодарам и затоа кога ме бодреа и ми ги бришеа солзите кога ми беше најтешко 9.Им благодарам и на сите мој пријатели кога секогаш стоеа до мене,и ме подржуваа во се,за сите прекрасни моменти поминати со нив 10.И на крај ви благодарам и вам што ве имам за пријатели иако сте виртуелни
Вака прво да им се заблагодарам највеќе на моите родители, затоа што се секогаш моја поддршка, моја потпора, размо за плачење, некои со кои ке споделиш среќа, понекогаш тага од се по нешто. Потоа да се заблагодарам на форумџикиве што ми дадоа волја за да го постигнам тоа што долго време го посакував. Да и се заблагодарам на една другарка и фала да и кажам што ме изгоре, ме однесе на дното и воедно ме научи да не верувам во другарки.
Благодарам на сите заради кој сум плакала , без нив никогаш немаше да се смеам. Благодарам на сите кој го рушеа мојот понос, без нив никогаш не би била тоа што сум. Благодарам на сите кој доваѓаа и заминуваа од мојот живот,даделе малку , а однеселе многу , без нив не би научила да ценам некој работи. И на крај... БЛАГОДАРАМ НА ТИЕ ШТО ОСТАНАА !!
Му благодарам на сонцето што изгреа денес! Благодарна сум што сум жива, здрава, се ми е на број... И благодарам на мајка ми која ми е пример за изградена личност, за се што направила за мене. И благодарам и на сестра ми што ме трпи кога сум неподнослива. Му благодарам и на моето куче кое ме расположува во секое време и буди насмевка на моето лице... Колку сум била среќна
Сакам да му се заблагодарам лично него , а и често ја користам секоја прилика да го направам тоа колку за потсетување дека никако не заборавам на неговата човечност.Фала што си човек над луѓето и имаш невидено трпение
На родителите мои! Зошто ме сакаат и никогаш ништо не ми забраниле... На вујче, што денес двапати се враќаше од салонот за мебел за да ни ги донесе шкафчињата. На другарките, што ме трпат бескрајно