па благодарна им сум на родителите -односно семејството целокупно е се знај на сестра ми моето второ јас
Им благодарам на мама и тато што црнчат како ненормални за мене и за брат ми да можеме да го учиме она што го сакаме. Ако фатам се‘ да објаснувам ќе ме фати цел ден и на факултет ќе задоцнам Затоа... ФАЛА ИМ, што ме сакаат
Му благодарам на мамичка и татичко пред се што ме воспитаа како што треба, секогаш биле и ако сега се далеку се „покрај“ мене....посебно на тато фала за гените....навистина ми требаа сега најмногу способностите што генетски ми ги предаде)))) никогаш не мислев дека ќе бидам благодарна на тоа што сум иста како родителите, ама имам кул родители така да.... Фала на мојот сопруг што толку многу се мачи да ни овозможи мене и на ќерка ми поубава иднина, покрив над главата и храна на масата(јас иначе со мојата плата ги плаќам сметките и козметичките потреби))) И фала најмногу на мојата ќеркичка за сите непреспани ноќи.....за сите солзи кога беше болна за сите неприлики кога бевме сами и немаше кој да ни помогни....и за сите бакнежи прегратки, корнење на косата и касања иштипења И на крај фала на брат ми што конечно ја закажа свадбата со снами...епа редно беше!
Му благодарам на Господ што не дозволи вечерва да го изгубам брат ми, што го спаси од несреќата и што даде уште една шанса да продолжи да живее тука блиску до мене.
му благодарам на Господ што ми даде уште една шанса за живот(одамна беше ама сепак се важи ) му благодарам на тој/таа што ми донираше крв да се спасам(кога највеке ми требаше, штета што никогаш нема да откријам која е личноста) им благодарам на мама и тато што ме растеа, хранеа, и образуваа и што се грижеа за мене кога највеке ми беше потребно (и на брат ми исто му благодарам) им благодарам на другарките што кога навистина ми требаа ме советуваа, и беа тука за мене им благодарам на феминките(иако не ги познавам) што ми помагаат со нивните совети едно ГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ ДО СИТЕ
И благодарам на мојата свеква искрено и од се срце ...претходните два дена многу ми се најде и ми помогна да решам еден голем проблем...ТИ БЛАГОДАРАМ, доживотен должник сум ти, заслужи посебно место во моето срце
На мама,тато што се секогаш тука за мене.. На сопругот за огромната поддршка.. На син ми што е прекрасно умно дете..
Му благодарам на дечко ми што во најтешките моменти од мојот живот беше со мене, беше моја поддршка, моја потпора. Сонце те сакам
Му благодарам на мојто нај мило срценце,мојта душичка шо и во нај тешките моменти од живото остана со мене и што секогаш ми викаше не се секирај ке помине се, ке си бидеме и ние заедно засекогаш иако сега сме 10тина држави подалеку мислам јас од него а тој си е во Мк. Исто така и благодарам на мојата другарка која што остана една и единствена од сите која што ми пишува секој ден и која што ми кажува се, за разлика од сите други кои веке ме заборавија од како се преселив. И секако и благодарам на сите останати другарки и другари кои ме заборавија, со тоа само ми дозволија и ми ги отворија очите да видам кој ми биле вистински другари и другарки во секоја смисла т.с ми ги отворија очите да видам дека никој од нив не ми е бил ни другар ни другарка. И им благодарам на родителите што и покрај сите тешки работи што ги имам во животот дури и тие ме разочаруваат и ме навредуваат но само така сватив дека треба да бидам горда сама на себе, сама да си водам грижа за мојот живот и да знам да се соочувам со секој што ми мисле лошо.Само преку нив сватив дека нема да го следам нивниот пример ке бидам подобар родител ко ке ми дојдат годините за тоа.
Им благодарам на сите што ми помогнале, што ме насмевнале во тешките моменти, на тие што секогаш било до мене кога ми било најтешко и НАЈГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ до моето семејсво и моите пријатели да не беа они ќе бев никој и ништо !
ИМ БЛАГОДАРАМ на сите што бевте со мене кога ми беше најтешко..посебно за двајца личности кои откако влегоа мојот живот отиде на подобро..ВИ БЛАГОДАРАМ за тоа што ме сменавте на подобро
Им благодарам на мама и тато за прекрасната свадба, што имаа толку трпение, внимание, дебели нерви, и што без никакви проблеми секоја моја желба ја остварија. ВИ БЛАГОДАРАМ. Ве сакам Да не ги заборавам и споредните улоги кои многу помогнаа: вујче, вујна, чиче, нина, Д & Н, моите другарки. И да, најголема благодарност до Дедо Боже што ми даде сила да издржам тој ден со олкав голем стомак и што не' чуваше со малово во мене.
Им благодарам на мама и тато што прават се да сум среќна и згрижена. Што си ги кратат своите задоволства за јас и дада да сме насмеани и среќни. Затоа што ми обезбедија добар живот до сега и во иднина. Бидејќи покрај сите срања што ги направив (на нивно место ќе се откажев од мене преку весник) се уште сум бр.1 кај нив. Затоа што ме сакаат, разгалуваат и и покрај тоа ме воспитаа на таков начин да сама учам од стореното. Благодарение на нив сум ова што сум. На дада бидејќи ме барала и без она да им се качува на глава на мама и тато немаше да ме има. Благодарам бидејќи беше одличен рол модел и е невозможно да не ја сакаш. Те сакам скелет еден. На сите оние кои ме пратат на јутуб, кај кои нема завист (бидејќи до сега имав случаеви) и ме поддржаа.
Им благодарам на сите сто се искрени со мене и сто не ми завидуваат исто така им благодарам на сите сто ме повредија некогас стварно ми треба удар, само тогас се буди егото во мене и сум изненадена од самата себе колку сум силна и борбена,благодарам на мојата фамилија колку се само забавни е стварно сум најсрекна
Им благодарам на сите што се секогаш до мене кога и да ми требаат, што се искрени и што се што требаа ми кажуваат во лице не позади грб !