Им благодара на моите родители,што ми овозможија сее,исто така им благодарам на луѓето што ме повредиле и што ме направија да имам повеќе доверба во себе и да бидам многу многу посилна и да се борам во животот.
Им благодарам најмногу на моите родители,кои се заслужни за тоа што сум јас.За тоа што знам да ги почитувам другите луѓе,што знам да покажам љубов кон некого ,заради тоа што знам да им бидам благодарна за тие што направиле нешто добро за мене,затоа што знам да им помогнам на луѓето кога им е потребно нешто без да побарам нешто за возврат и уште многу други причини за кои би им заблагодарила.Ве сакам
Му благодарам на тато: зашто ме трпи, зашто знае како со мене, зашто ми исполнува се колку што може (и малку повеќе од тоа), зашто секогаш е, бил и ќе е тука за мене, зашто не знае да ми се налути, зашто често во мигови кога заслужувам ќотек тој ми укажува на грешката без викање, тепање и сл. зашто се жртвува за моите хирови, зашто ме запознава со прекрасни луѓе, зашто тој е мојот татко, еден, единствен, најдобар, зашто не постои уште еден како него! Му благодарам за тоа што е тој како личност!!
Во моментов им благодарам на докторите од државна кои дадоа се од себе да спасат еден млад живот и успеаа во тоа!! Другарчето мое е спасено и стабилно ,немам зборови со кои би им заблагодарила..спасија еден живот а успеаа да продолжат многу повеќе со оваа прекрасна вест! среќа....
На Водолијата и другите форумџики кои се активираа и дадоа информации за темата Стипендии, па така јас си поднесов документи, инаку 100% ке го испуштев рокот, пошто нема ништо објавено на траната на МОН
На мајка ми и татко ми. Како созревам се повеќе ја сваќам нивната многу важна улога во мојот живот. Не сум таква каква што сум само благодарение на нив,на нив сум воспитана,со морални и етички вредности за животот и луѓето кои тие ми ги внесоа. На нив сум неамбициозна за некои работи,но се средува тоа. На нив сум им благодарна што сите во фамилијата спиеме мирно навечер бидејќи на никого ништо не сме му должни,најбитно на банките не. Им благодарам на некои мои пријатели,другари што се тука секогаш за мене. Им благодарам на бившите. Сепак,се си е искуство. И последно,му благодарам на Иван. Мажу мој убав,дали и ти некогаш ќе сватиш колку и беше,и сега повремено колку си и важен на Мистериознава... Ти благодарам е малку за тебе.
Им блогодарам: -на мама и тато што ми дале живот (каков-таков ) -на тета што ми дала прееееееубаво име -на сестра ми што ме трпи и на сите што ми помогнале и ми помагаат
Прво на Господ за се што ми дава и не ми дава, зашто си има своја цел и смисла зошто е тоа така. И на сите кои ме сакаат и не сакаат. Зашто ме учат да бидам подобра личност.
1.Господ; 2.Моето семејство за тоа што ми овозможиле добар живот; 3.Луѓето кои ми помогнаа да сватам дека не ми се потребни и дека можам и без нив да успеам; 4.Пријателите кои се секогаш тука за мене.
Им благодарам на пожарникарите кои вчера брзо дојдоа на местото на настанот и успешно го изгаснаа пожарот во комшии а со тоа спречија и продолжување на пожарот кон мојата зграда. Ќе ја искористам оваа прилика да ги поздравам и глупаците кои вчера наместо да превземат нешто, си дојдоа со колата, се сликаа (да се сликаа со запален дуќан) и си заминаа смеејќи се. Вашите родители многу се гордеат со вас, глупаци.
Им благодарам на моите родители што секогаш, ама баш секогаш се тука за мене. И благодарам на тетка ми што и таа исто така е секогаш тука за мене. Му благодарам на бившиот ми што ми покажа што значи да бидеш заљубен и ќе му бидам благодарна ако се откаже од мене. И благодарам на сите форумџинки што секогаш ме советуваа и ми помогнаа кога ми беше најтешко.
Кога го прочитав насловот на темава одма ми текна на мама и тато... Да, на нив им се заблагодарувам најмногу и секогаш ќе бидам благодарна што се такви родители какви што секој човек би посакал!! Му се заблагодарувам на брат ми што колку и да сум го нервирала, секогаш сум му сестричката што си ја сака најмногу и што е секогаш за мене тука... Да му се заблагодарам и на моето злато што истрпе се со мене и ме запозна таква каква што навистина сум и што ми е поддршка за се што е разумно, нормално Всушност има уште луѓе на кои треба да им се заблагодарам, па да не ги бројам сите, еве им едно