1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инвестициски фондови во Р.М.

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Missbutterfly, 27 септември 2013.

  1. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Инвестициони фондови во Република Македонија

    Вовед


    Инвестициски фондови се специјализирани установи кои вршат колективно прибирање на средства со цел нив да ги инвестираат во хартии од вредност, или други финансиски инструменти. Значењето на инвестициските фондови е дека се тие многу успешни во прибирањето на релативно ситниот капитал од страна на правни и физички лица, и тој капитал потоа го инвестираат во внимателно одбрано портфолио на инвестиции, во основа хартии од вредност. За разлика од малите приватни инвеститори, фондовите се сметаат за информирани инвеститори, затоа што знаат повеќе за функционирањето на финансиските и пазарите на капитал и затоа што се управувани од професионални менаџери. Иако на почетокот се појавиле првенствено во САД, во последните 30-тина години се развиваат со засилено темпо во многу развиени земји во светот.
    Недостигот на фондовите на еден пазар претставува слаба страна на тој пазар, од повеќе аспекти. Најголемиот од нив е дека не постои механизам преку кој ќе се анимираат слободните приватни средства од малите инвеститори и тие ќе се инвестираат во определено портфолио на инвестиции. Кога нив ги нема, приватните инвеститори одат сами на пазарот на капитал и купуваат акции, без притоа да имаат направено добра анализа. Во таквото свое инвестирање можно е да направат грешка и да вложат средства во безвредно друштво. Да се следи пазарот компетентно чини пари, тоа не е бесплатно. За тоа треба да се создаде знаење и посветеност. Но таквото следење го намалува ризикот на ивестирањето. Не може секој поединец да инвестира толку многу во сопственото знаење за да може да биде разумно ослободен од ризикот на својата инвестиција. Инвестициските фондови, пак, имаат професионални управувачи, кои компетентно управуваат со портфолиото на инвестициите, односно со тоа во кои акции или во кој имот вложуваат. Тоа не значи дека и тие не можат да згрешат.

    Се разбира дека можат и историјата на финансиската индустрија е полна со такви примери, но сепак имаат воспоствено повеќе механизми за да управуваат поуспешно со ризикот од оние со кои располагаат просешните поединечни инвеститори.Значи бенефитите се големи, и тоа главно за малите инвеститори. Тоа им дава право на овие инвестициски фондови да тврдат дека формираат фонд за да ги заштитат нивните права. Сепак, станува збор за приватен сектор, и колку приватниот сектор да е, или да сака да се прикаже како општествено одговорен, на крајот на денот тој мора да оствари профит од своето работење за да преживее на подолг рок. Затоа, веројатно тие согледале дека се создава доволна критична маса на тргување, на понуда и на побарувачка, а почнува да се создава и критична маса на знаење, што би го олеснило профитабилното работење на инвестициските фондови формирани во Македонија, односно дека е дојдено времето за тоа. Притоа, имаше некои најави дека и државата ќе се вклучи со определен износ во почетниот капитал на неколку фондови, што не е лошо, затоа што државата на тој начин го поевтинува влезот на новите фондови на пазарот и презема дел од ризикот.

    Дали некоја од вас има искуство со ваквите фондови,ваше мислење и дали ете доколку би имале некој денар настрана би ги ставиле на штедна книшка или би ги вложиле во вакво нешто?.
     
  2. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.103
    Пол:
    Женски
    досега немам чуено некој да се офајдил од ваква инвестиција.
    ги рекламираа порано ама штом прекинаа изгледа не им оди бизнисот, т.е. пари немаат ни за реклама.
    и повеќе ми делува како шема за собирање пари и бегање.
    со оглед дека има години од оваа пишаница, кажете дали некој имал профит во меѓувреме?
    (претпоставувам не).
     
    На Trajce1981 и Dentina им се допаѓа ова.