Така е Ние да сме си срекни и исполнети. На лугето не можеш уста да им затвориш, можеш само да пробаш, два-три шамари со зборови и идеш далје
Јас мислам не е табу тема и нема ниту причина зошто би била. Кога веќе медицината напреднала, сосема логично е да се искористи во полза на оние на кои им е потребно.
Не знаев дека инвитрото се сметало за табу. Едноставно медицината напреднала, некој има мака, се обраќа кон медицината да си реши проблем. Како и за се друго, така и за ова. Ама, ете, не ме чуди сепак со оглед на тоа каде живееме.
Табу тема е за постарите генерации. Останато е она од турското време, жената е жртва секогаш у овие ситуации, како била неспособна дете да роди, та фалична била, па ако роди женско она е крива. Пошто нели што е тоа сперма, јајце клетка и репродуктивен систем?? За младите е нормално. Кај и да е за едно 20на години ќе се искоренат ваквите размислувања фала богу.
Црквата проповеда дека треба да има што повеќе пород и дека Бог помага на упорните, ова за ивф дека се противи со верата првпат го слушам, повеќе како некоја измислица ми звучи.
Јас знам една жена што кажуваше дека комшиите нејзини не можеле да имаат деца, па со инвитро добиле. Ми вика не е негово, на болница по вештачки пат го добија детето. Таа си замислуваше дека вештачко оплодување значи да и стават туѓа сперма на жената. Ама седнав и и објаснав што е всушност процесот, и дека детето е негово, само што се спојуваат јајце клетката и сперматозоидот, и така оплодено се враќа кај жената. Мислам ме сфати, ама не ги обвинувам постарите... кога не им објаснал никој, од каде ќе знаат А бевме еднаш кај едни луѓе, имаа синче... беше доста разгалено и непослушно. И таткото ми вика - разгалено ни е многу, го галиме дека со инвитро ни е добиено. Значи некогаш и самите родители си ги гледаат како поинакви, а искрено нема потреба. Инаку во глобала сметам дека кај помладите, и пообразованите повозрасни луѓе не е табу тема.
... а тек да збориме за жени кои се решаваат да забременат од донатор и сами да растат дете и сурогат мајчинство на какви ставови ќе наидеме? Кај нас секој за секого за грижи, никој свое гајле не гледа.
Ова повеќе ми личи дека мислел на борбата за да добијат дете, колку се измачиле и сега кога е тука го разгалуваат од милост.
И природно зачнато дете и со инвитро дете се деца,човечки суштества. И едно и другото се благослов од Бог. Радост е.Зошто да се смета за табу? Сосем друго е клонирање или спојување на човек со животно.
Јасно, ама не е причина да се одгледува поинаку зарем природно ако беше зачнато, ќе го караа, ќе го воспитуваа? Според мене тоа не би требало да влијае врз начинот на кој ќе си ги одгледаш децата
И јас познавам неколку пара кои добија дете со ин витро. Многу си ги пазат децата од истата причина која ти ја наведе. А не знам зошто. И тие се исто како природно зачнатите.
Не е табу тема!! Табу тема може да биде само за Стојанка од Свирипичино што не излегла подалеку од нивата и таквите баби Инаку на сите што посакуваат дечиња им посакувам што побрзо да си имаат дали по природен пат , дали со инвитро , дали ќе посвојат тоа не е битно
Неможноста да добијат дете по природен пат, преголемата желба за свое дете и маките кои ги поминуваат додека да добијат дете кај нив создаваат преголема грижа за тоа дете, затоа толку го пазат и мазат, зашто знаат низ кои маки поминале за да го имаат.
Јас не би го размазила, иако поминувам низ овој трнлив пат. Досега имам правено миомектомија, три хистероскопии, една инсеминација, три ин витра од кои само едното заврши со биохемијска бременост, два спонтани абортуси и двата со киретажи и уште не знам, можеби и нешто друго ме чека, зошто не сум уште дошла до целта, но разгалување никако, се знае до каде се границите. Е што ако е со ин витро и сум се мачела, треба да дозволам на глава да ми се качи.
Јас пак не мислам дека е табу. Познавам многу не толку блиски кои споделуваат дека на тој начин зебремениле. Колешки од работа никако не можат да скријат зошто често пати по зачнувањето некој период остануваат дома (иако може не е правило за секој) случај) и тоа не може и не треба да се скрие, бидејќи многу луѓе немаат никаков осет кога е трудница во прашање и ја натрупуваат со се и сешто, посебно кога е во рана бременост која не се познава многу или воопшто. Всушност мислам дека има навистина премногу кои забремениле на овој начин, како помлади, така и повозрасни. Но! Има млади полни со разни предрасуди по ова прашање и критики кон овој метод, па на некој таков секако дека особа забременета со ин витро не би се доверила. Пример, една млада личност вели дека било грев, дека црквата забранува, дека ако не ти е дадено не треба да си родител.Што да кажам, жената си има две дечиња, ама помислила ли како им е на оние кои очајно ги посакуваат, а немаат? Така што нема само постари кои критикуваат вакви мерки, но и помлади. Но, тоа е нивен став, нивен резон и тоа е тоа. Друго, мислам дека некои можеби се плашат да проговорат заради тоа што некој ќе алудира дека се неполдни, јалови и слично, иако може проблемот не е само до мајката, можеби се работи за неко ј сплет на околности поради кои бременост не настанувала, па парот прибегнал на ваков чекот. Уште, па и ако имаат опкружување од ,, мајки кои од бакнеж заберенуваат, толку лесно,, замислете како им е.
Се воздржувам да не коментирам ама неможам @daylight за какви етички и духовни причини зборуваш не те разбирам! Еве јас сум со ин-витро носам близнаци за 3-4недели ќе стасаат конечно после 14години ќе си го остварам сонот и ќе бидам мајка отворено зборувам на оваа тема и не кријам ништо незнам како може некој да каже вештачки деца и јас сум верник и на никој не му посакувам да го мине тој пат на ин-витро зошто е многу тежок психички и емоционално, на сите им посакувам да имаат деца дали ќе биде инвито природно или посвоено тие се најголем благослов и најголема радост.
И јас мислам дека е табу, еднаш додека седев во кафич минува трудница (35-40год) и од масата до мене 2 мајки од 22-3 години со деца почнаа оговарање на големо како таа цел живот не нашла маж па сега дури ли и текнало да раѓа па колку години ќе била детето кога ќе биде матурант па како нашла богат маж да ја води по приватни клиники, па го земала за пари, го земала да не остане сама и без деца... ццц Значи толку се изнервирав ми се идеше да им ја доведам трудницата на маса да им залепи по една. Што мајка бараш во туѓ двор?? Гледај си го твојот и свиркај си... На сите кои минуваат/го минале овој трнлив пат капа им симнувам. Вие сте лавици!!! Ако дојде ред јас да не можам да останам бремена природно, без размислување одам на ин витро, ако не сака маж вештачко одам со донор брате или може да посвојам и баш ме заболе што ќе рече народот, купечко ли било, швалер ли ми го направил или незнам како настанало. Поддржувам секаков вид оплодување, освен она кое настанало по пат на силување, против волја на жената и другите слични на тие нечовечки начини кои на било каков начин предизвикале немир, психичка или физичка болка кај една девојка/жена.