1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Инвитро - табу тема во нашата држава

Дискусија во 'Бременост' започната од Alishan30, 5 август 2019.

?

Дали инвитрото е табу тема денес?

  1. Да

    43 глас(а)
    38,7%
  2. Не

    68 глас(а)
    61,3%
  1. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    Се омажив на 24г. Неопислива желба да станам мајка и да сум млада мајка. Но, не секогаш е среќата на наша страна. И тогаш почна најтрнливиот и најболен пат по кој идат многу жени. Жени кој само они може да ја разберат таа болка. На 26г се воспистави дека мора со лапароскооија да ми се отстранат јајцеводите. Шок и неопислива болка дека никогаш нема да се доживее тој момент : еххх ми касни хмммм може сум трудна! Не! Само по пат на ИВФ можеше да бидам мајка. По тој пат запознав многу жени со кој сме и ден денес пријателки. Сме си помагале, помагаме и ќе помагаме која колку може на оние кој го идат овој пат.
    Поминаа години. Никогаш ама никогаш не криев за проблемот и отворено секогаш зборев за ИВФ со секого. Нит крадете, нит правите злочин па да се крие или да се срамите. Од што срам? Сосема нормален процес за да станете мајка доколку по природен пат е невозможно!
    6 ивф поминав, дел биохемиски, дел неуспешни. Да, и психички се паѓа, и депресии те маваат, хормони те лупаат мислиш ќе експлодираш, се радуваш на секоја блиска која споделува дека е трудна .... а потајно ти иде да препукнеш со мислата што си згрешила толку многу за да те казнува Бог на тој најсуров начин.
    7мо ИВФ успешно конечно и на 37г за прв пат станав мајка на син.
    Скоро го правев и 8мото ИВФ но, не за себе! За моја другарка која се измачи исто така и која нема ј.клетки. Која мораше со донирани нооооо, оние кој ги знаат цените знаат колку тоа кошта! Немаат сите толку пари зашто се исцрпени после толку многу ИВФ финансиски. Поминавме психијатри, нотар и адвокат и добивме зелено светло од Министерство за здраство дека ја одобруваат постапката. Сега е трудна со машко бебуле и тера 18/19та недела. Неможе да замислите која е таа среќа која она ја осеќа. Во мое опкружение сме повеќе жени кој сме донирале на свои познати жени кој го идат овој пат! Другарка ми е сурогат мајка на нејзината сестра! И ги охрабрувам сите оние кој се во можност да помогнат ако можат нека донираат ј.к. Неопислива добрина е да помогнете и усреќите некоја жена да се оствари како мајка.
    И еве ме сега сум 39г и ќе почнам постапка и сакам синко да има братче или сестриче. И не, не се осеќам старо таман работа. Се осеќам многу поубаво отколку кога имав 24г.
    И да не успеев до сеа .... ќе го идев овој пат се дур не се остварев како мајка! Па макар и на 45г. Желбата за дете е многу поголема од стравот дека си стара!
    И не, не кријам и сите кој не знаат ја знаат нашата борба и начинот на кој е роден синко.
    За каква табу тема зборувате?
    Среќа медицината што е напредна иначе .... што ќе беше со нас кој не можеме по природен пат да родиме.
    Битно е секоја жена која сака да се оствари како мајка да и се исполни желбата! Дали по природен пат, дали со ИВФ, дали со донирани ј.к , дали со донирана сперма, дали со дониран ембрион, дали со сурогат или да посвои не е битноооо ..... битно е да си има детенце и да биде најсреќна мајка!
     
    На Hortenzija, Кате Катерина, Only1 и 41 други им се допаѓа ова.
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.629
    Пол:
    Женски
    Супер, браво. Да ти кажам, не многу се потресуваат за нас кои не можеме да имаме деца, па да ми даде ј. к., а скапо е невидено, барем имала среќа другарка ти да има успешно ивф. И јас кога кажав на другарките, 2 рекоа ќе ми дадат, ама после се предомислија, и не ги обвинувам, нивно право. Сега собирам пари за второ ивф со донор, бидејки на 38 дознав дека сум имала ран климакс, и матичен идиот што ми викаше ништо не ти е кога одев да барам одговор зашто добивам два пати месечно, имам 42 и ќе се борам до крај. Поздрав и секое добро
     
    На Кате Катерина, mal.ecka, Flower123123 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.881
    Пол:
    Женски
    За кратко ќе ти пишам лп. , да заспијам дете па на раат да пишувам. Се надевам ќе помогнам некако. Да ти донирам со радо срце би, но законски веќе несмеам.
    Со закон само на една примателка на територија Македонија смеам, а она само смее две деца од мои ј.к да роди. Мала држава сме па тој е законот кај нас. Во поголемите држави смее до 5-7 жени да се примателки. Но, се надевам ќе најдеме некоја која би ти помогнала. Ги има повеќе кој помагаат на овој начин верувај сведок сум.
    И да се бориш до крај. Имам пријателки кој се борат сеуште, некој се спремаат и за 12/13то Ивф, некој се и по 46г ама не се откажуваат. Секоја една ќе се оствари како мајка! Некоја порано, а некоја покасно! Некоја по полесен, а некоја по потежок пат. Битна е целта која секоја ќе ја достигне на крај и ќе роди живо, здраво бебуле.
     
    На mici-22, bella.gk, eta и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    7.978
    Пол:
    Женски
    @ferhunde9 ако си активна прочитај ги овие информации, се надевам ке имаш корист од нив.