Позади индиго не стои само интуицијата. Индиго децата не само што се интуитивни се креативни, со високи очекувања од самите себе, стари души кои само сакаат да се поврзат со лугето само со силна врска.
Девојче, никој со збор не може да му заврши живот на некој друг океј? Тоа се нарекува набивање чувство на вина и со твојата висока интуиција треба да знаеш како делува кога ќе му кажеш на некој дека е одговорен за самоубиството на некој друг. Ова не е сарказам сериозна сум. Може си поинаква од другите може не си не знаеме ние на форум. Но овој коментар што го болдирав, прашај го твојот психолог за тоа дали треба вака да се изразуваш.
А ок не знаев дека е тоа. Извини, сите уметници тогаш, меѓу кои сум и јас, сме индиго. Ок се разбравме.
Според псевдонаучниот New Age концепт, се верува дека т.н. "Indigo Children" поседуваат специјални, невообичаени, и понекогаш, натприродни карактеристики или способности. Според мене, карактеристиките кои наводно ги поседуваат овие лица се многу опширни и можат да опишуваат било кој, со тоа што самата дијагноза е само манифестација на познатиот Барнум ефект, без притоа истите да бидат поддржани со валидни научни докази и истражувања. Моментална светска популација изнесува 7,7 билиони луѓе. За некои луѓе е тешко прифатлив фактот дека претставуваат "just another fish in the sea", та поради тоа се очајни да се издвојат од останатите. Овој факт претставува извор на манифестирање предиспозиции кај мнозинстовото од луѓето на планетава дека се специјални и различни од останатите. Оние кои веруваат во оваа илузија, само се обидуваат да го оправдаат својот стремеж да бидат уникатни преку свесното создавање на една психолошка заблуда со намера да создаде уникатност меѓу останатите. Оваа дијагноза ја толкувам или како вид на ментално пореметување на концептот за реалноста, или како обид за лицето да си наметне лажен идентитет, наместо да го пронајде своето вистинско себе, зборувано од психолошки аспект. Потребата за едно лице да се чувствува супериорно во однос на останатите произлегува од одреден облик на еготизам, криза на идентитет или потреба за лажен идентитет.