1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Индиго деца

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 1 декември 2010.

  1. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Драга Lilit,

    Кога го видов твоето мислење ,а уште повеќе кога го прочитав , да бидам искрена не забележав ништо различно од останатите твои постови.
    Имено, не е прв пат да читам или пишувам на некоја тема и оп...еве ти ја Лилит како пишува дека се ова овде напишано ....е о.к што сме го напишале ...но види сега јас да ти кажам .....
    Се сложувам дека ова е форум и може да пише секој се што сака ,но мислам дека треба малку усул.

    Исто така сакам да потенцирам дека како мајка знам како функционираат мајките од тој аспект , но и знам како функционираат мајките кога ги доживуваш како дете .Од оваа причина ,а и од причина што од секогаш реално го посматрам своето дете ,а и себе си како дете , можам да го кажам она погоре наведено.
    Секоја мајка неизмерно си го сака своето дете, но има и мајки кои го преценуваат своето дете, јас сум од првите ,но не и од вторите.
    Без разлика дали феноменот ќе се вика „индиго“ дете, „кристално“ или кој знае како ,знам само дека секој родител може да примети и е свесен како му функционира детето.
    Твоја „ствар“ е што за себе мислиш дека , иако другите приметиле нешто во тебе , сметаш дека си наједноставна и најобична личност, но чисто се сомневам дека е така.
    Оние што ова го сметаат за себе , а ги познавам многу, многу често би рекле ...„ Па која сум јас да кажувам дали ова е така или не„.
     
    На DeMelo и cristaline им се допаѓа ова.
  2. cristaline

    cristaline Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    16
    Драга Lilit,

    Кога го видов твоето мислење ,а уште повеќе кога го прочитав , да бидам искрена не забележав ништо различно од останатите твои постови.
    Имено, не е прв пат да читам или пишувам на некоја тема и оп...еве ти ја Лилит како пишува дека се ова овде напишано ....е о.к што сме го напишале ...но види сега јас да ти кажам .....
    Се сложувам дека ова е форум и може да пише секој се што сака ,но мислам дека треба малку усул.

    Исто така сакам да потенцирам дека како мајка знам како функционираат мајките од тој аспект , но и знам како функционираат мајките кога ги доживуваш како дете .Од оваа причина ,а и од причина што од секогаш реално го посматрам своето дете ,а и себе си како дете , можам да го кажам она погоре наведено.
    Секоја мајка неизмерно си го сака своето дете, но има и мајки кои го преценуваат своето дете, јас сум од првите ,но не и од вторите.
    Без разлика дали феноменот ќе се вика „индиго“ дете, „кристално“ или кој знае како ,знам само дека секој родител може да примети и е свесен како му функционира детето.
    Твоја „ствар“ е што за себе мислиш дека , иако другите приметиле нешто во тебе , сметаш дека си наједноставна и најобична личност, но чисто се сомневам дека е така.
    Оние што ова го сметаат за себе , а ги познавам многу, многу често би рекле ...„ Па која сум јас да кажувам дали ова е така или не„.[/quote

    Epa konecno nekoj da ja isperdasi Lilit.Lilit nemoj da bides tolku pesimisticki nastroena ,covek ke pomisli deka gi pisuvas ovie raboti samo za da gi nerviras lugeto i da siris negativnost.Nasekade te ima samo so negativni postovi i negiranje na mislenjeto na drugite.........MISLAM DEKA IMAS GOOOOOOOOOOLEMA FRKA SO SAMATA SEBE ,NE KE E LOSO DA SI POBARAS POMOS.
     
    На iloveyou29, wings и Chupe им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Прво,мои дами,да ве запрашам,каде во мојот пост ве прозвав лично и персонално и друго,каде јас употребив директна навреда кон вас?!Навреда од типот,ти си жено за на психијатар?!Ти не си токму,ти си ваква или онаква или мојот субјективен став поддржан со неколку факти е атак врз вашата личност?!Свашта значи!Очекував нешто многу посилно од вашата силна аура,светост,продуховеност и облагороденост како би ме демантирале,а што добив...низок удар!Бре!Смешка!

    Светот се врти околу сонцето,а не околу едно обично суштество наречено човек.БејбиКети,не се однесуваше на тебе,а уште помалку пак дојдов на темава ради тебе,впрочем ја читам и се смеам уште пред ти да започнеш да пишуваш на неа.Нешто индиго интуицијава те зеза у задно време,а?!Ќе да си си преувеличувала во минатото исто така или мене ми се чини нешто?!Тука нешто не е во ред тогаш.Ти цело време имаш некоја погрешна слика.

    Кристалватевр...твојата индиго аура не ни стигнала до мене драга.

    Ваш проблем е ако се чувствувате повредени од некој кој има спротивно мислење од вашето.А имање на разум и реалност не е негативност.И баш сте фини и згодни за читање право да ви кажам,облагодорени и просветлени и се грозите од малодушност и глупавост,тоа е чудо едно,индиго по дефиниција.Ако вашето индиго височество беше индиго со сите тие негови карактеристики ќе ме контрираше и поразеше со аргумент,а не со ниска навреда!Би да пишам едно брдо факти,ама не сакам да ви ја урнам бајковитата слика.

    Одиме заедно кај стручно лице (да ви потенцирам,ме растело стручно лице на кое ме праќате),па да се преслушаме што е верно,што е западњачко,што е реално,што тамам,а што пати од комплекс на виша вредност!Ми е страв да не биде резултатот поразителен! :( Извинете,ама не знам да кажувам нереални работи кои пријаат на его како што сакате да ви ги кажуваат.

    Преслушајте си ја дефиницијата за индиго и најдете друг извор на информации,па после креирајте интересни замисли.Секој од нас сака да биде свет,магичен и уникатен,ама за жал,не е ...

    Едит.Кристалин била уф...па ти си била многу сензитивна,веднаш си скокнала и порано да се караш за обично и погрешно сфатено прашање...ах...стручни лица,индиго нешто се споменуваше?!Мхм...да се преиспита ондак.

    У нареден пост очекувам некој факт да слушнам,некој контра аргумент,а не плачки и навреди (не дека ми е гајле шо ќе кажете,ама ме мрзи и не ми се сака да враќам на ист,низок,индиго тон).

    Море хееееј...нели контра мислењата беа карактеристика на индиго децата,а и грозењето од глупавост?!Па да!Јас сум индиго дете!!!

    Сериозно...ако имате нешто да кажете и додадете нека биде факт,нешто кое предизвикува дискусија и нешто што ќе ме разубеди во спротивното,како мене и тие што ми го лајкувале претходниот пост,а не млатење празна слама за моментите кои вас ве прават индиго!Нот фани ет ол!Дискусија,познато ви е?!


    И патем,потсетување,форумот е место за дискусија и спротиставени размислувања,а не галење со пердуви и ладење со палмови гранки и делење признаници и пофалници.
     
    На butterfly6223, janovska1, MissDior и 8 други им се допаѓа ова.
  4. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Светот се врти околу сонцето,а не околу едно обично суштество наречено човек.БејбиКети,не се однесуваше на тебе,а уште помалку пак дојдов на темава ради тебе,впрочем ја читам и се смеам уште пред ти да започнеш да пишуваш на неа.Нешто индиго интуицијава те зеза у задно време,а?!Ќе да си си преувеличувала во минатото исто така или мене ми се чини нешто?!Тука нешто не е во ред тогаш.Ти цело време имаш некоја погрешна слика.

    Драга Лилит,

    Бидејќи во цитираниот дел се спомнувам јас, тогаш ај ќе сметам дека само тој е наменет на мене.
    Се сложувам со тебе дека форумов е наменет за изнесување на мислења , кои многу пати се контрираат ( со тоа се сложувам од секогаш), исто така се сложувам со тебе дека мислењата треба да се кажат оргинално и на свој начин , жестоко и без „галење со пердуви “ како што велиш самата.
    Но, се сложувам и со многумина кои мислат дека твоите постови многу често „ ничим изазвано“ се само контрирање на нечии ставови без да се каже , сам на себе ...чекај...можеби овој овде што воопшто не го познавам во животот е во право. Па која сум јас ( онаа што не се преувеличува самата себе си) да сметам дека се ова овде пишано е смешно , за презир и потценување.
    Мојата „ индиго интуиција“ околу тебе и твојата намера , воопшто не е чудно ако ме „зеза“. Јас тебе не те познавам, „ не те примам“ со ниедно чувство секојдневно ,ниту пак еднаш неделно , па затоа мојата интуиција неможе да биде веродостојна за тебе -лично. Интуицијата ,не е ништо друго, туку примање на светот со рецептори , некој помалку , некој повеќе.
    Значи можам само да нагаѓам ,а кога би нагаѓала би погрешила, сигурно , па можам да ти ги повредам чувствата ,а тоа не ми е ни последно на памет.
    Во контекст на она што го пишав за себе и за моето дете , можам да кажам (тебе и на сите) дека воопшто не е убаво, пожелно, ниту пак лесно да не си како останатите по било што.
    Воопшто ниту јас ,а се плашам и за мојот син , не сум сакала да живеам во средина каде што и кога никој ништо нема да не ти каже гледаш дека се издвојуваш од околината.

    Како девојче на (пример) 12 години воопшто не сум знаела , ниту сум сакала да бидам „индиго “ или било што.
    Единствено што сум сакала е да се вклопам во средината и да бидам како сите деца ,не сум сакала да ме малтретираат секогаш јас да водам приредби и да освојувам литературни награди , да учам 2 странски јазици и сето тоа да го правам со леснотуја , но сите околу да ми завидуваат поради тоа и да не ме сакаат поради истото.

    Драга моја Лилит, воопшто не е убаво кога поради тоа што си добар и многу пати најдобар не те сакаат.
    Не е тоа за преценување , тоа е едно чувство кое цел живот те прати ,а е микс од чувството дека сакаш да си како сите ,а од друга страна ти е криво што „сите“ сакаат да те претопат,а знаеш дека можеш повеќе, па си збунет и несреќен.
    Верувала ти или не , многу тешко во животот се снаоѓав со мојата „специфична душа“ бидејќи како емотивно суштество , воспитано дека во животот неможеш да леташ во облаци дека си нешто „посебно“, не летав ,ниту се преценував ,но сепак можев многу и тоа и го правев.

    Прво што ми текнува како потврда за ова што го пишувам е реакцијата на моите соученици од средно ,кога се омажив во друг град и повремено се враќав во родниот.
    Прво да кажам дека во класот каде што учев , ретко кој се дружеше со мене , а останатите не „ме сакаа“ велејќи дека „многу се истакнувам“.
    Истите тие , ме сретнуваат денес на улица и ми велат дека кога ќе се сетат на школските денови , неможат да не се сетат на мене како човек-гение............................................
    Сега на 33 години можам да се справам со „околината“. Знам која сум ,колку вредам , а што е најважно знам за кого треба да вредам и чие мислење ми е важно, па помалку патам .
    Научив да живеам со фактот дека се одвојувам , но научив дека сите се одвојуваат од некаде и од нешто. Некој на овој или на оној начин , некој повеќе , а некој помалку.

    Поради ова ги сакам и ги почитувам младите , остроумни личности како што си и самата , но сметам дека остроумноста повлекува мудрост ,а мудроста е многу, многу често човек да се праша дали и КАКО треба да се реплицира, пристапи, одговори на провокација.
    Твојот стил , си е твој стил , но мислам дека во твоите постови треба некогаш да се „слушне“ подршка, респект и сочувство, а особено што многу ,многу работи неможе да ги собере на овој форум ,а тоа што не се кажани , не значи дека не се тука,а тоа што сме на форум немора да значи дека ќе се контрираме,нема да се „ладиме со пердуви“ , туку ќе си дадеме подршка .
    За крај можам само да кажам дека мојот пост ,кој го пишав беше моја длабока исповест , не занесување и „млатење празна слама“. Моите постови ги имаш читано , па знаеш дека сум сериозна личност која не паѓа „во заблуди“ дека е нешто што не е .
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Тврдам дека ова што денес се нарекува индиго или кристал или како и да е, е производ на човековата потреба за зголемување на нивоата на скалата на интелигенција. Нормално е да се раѓаат се поинтелигентни деца, но интелигенцијата мора да се развива.
    И јас можам да кажам дека сум била индиго дете за свое време. На 3 години знаев да собирам и одземам, да не зборувам за азбуки и абецеди. Ама, никој никогаш не му придал важност на тоа.
    Знам секогаш да го фатам моментот, само да не реагирам на време да го предупредам човек дека нешто ке му се случи. Ми се случи на автобуска станица од досада, да ја испробувам камерата на телефонот, па во три кадри да фатам тројца различни луѓе како им паѓа јакната. Тое индиго дете го може? Не, чиста и општа коинциденција.

    Како и да е, не се декларирам како натпросечно интелигентна. Ниту индиго, кристал... Ниту мајка ми му придавала некоја посебна важност на моето брлаво пеење германски песни на 5 години, освен нормално, да се гордее со тоа што се може нејзиното дете. Но не дека е нешто екстремно поразлично од сите други деца.
    За разлика од тогаш, сега не ме интересира германскиот, не се интересирам за животот на Марс, ниту сум планирала самоубиство. Сега ме интересира ако Бог ми даде деца, да им овозможам детство како моето, без грижи и непотребни интереси, ДЕТСТВО не СРЕДОВЕЧНОСТ.

    И не знам кој како ке ме сфати, ама проблемов околу темава, за деца во ударната возраст, комплекси создава. Со вашата потреба за супериорност, не го уништувајте животот на вашето дете.
     
    На faye, MissDior, Neytiri и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Најпрво, цел концепт со индиго децата мене ми е под огромен знак прашалник.
    Според верувањето постојат 5 генерации од нив од кои првата се луѓе родени од 1968 год. а после 2036 год. немало повеќе да се раѓаат. Ајде рационално да го набљудуваме ова зошто би се создале само пет генерации деца во интервал од некои седумдесеттина години во текот на целото постоење на човештвото и зошто би исчезнале, а не континуирано да се создаваат?
    Од друга страна се верува како сите имаат посебни способности пр.ја гледаат аурата на другите луѓе или имаат способност за астрална проекција или видовити се или што ти знам јас не друго- значи станува збор за тешко дофатливи преку сетила или разум способности преку експеримент неутврдени бидејќи нити има услови за повторување или доказ за некои појави да би бил експериментот релевантен и издржан - така да каков тип на експерт би ги утврдувал децата во оваа категорија и по кој критериум пр. како тој би докажал дали детето гледа нечија аура?! Значи и експертизата на експертот е сомнителна.
    Мислам едно е со многу помал напор да совладуваш јазици и да твориш т.е. уметнички да си надарен ама тоа не е еквивалент за гениј.
    А овој концепт за деца кои астрално се проектираат по други планети и вршат самоубиство бидејќи не ги издржуваат сите неправди кои постојат на светов ми е претеран, па и доколку постои навистина во што јас се сомневам, ама ај да прифатам и таква реалност фала Богу што е временски ограничен бидејќи барем нема да има мултипликација на идејава за луѓе кои ќе извршат пророштва ќе шеткаат по вселенава и на крај ќе се самоубијат, бидејќи јас не гледам некаква посебна корист од било која од наведениве способности. Не ми е целта да провоцирам, за некој да се наоѓа обезвреднет или слично само јас не гледам посебност во ваква посебност чисто сум попрактично ориентирана и гледам поголема посебност во производителот на зелки бидејќи тој барем ми дава храна која ми е енергетски неопходна за опстанок.
     
    На machorka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Индиго децата се сосема обични луѓе, не може да се раѓаат,па потоа да исчезнуваат во рок од неколку години.Мислам дека тоа што се нарекуваат индиго деца, нема никаква врска со способноста за учење, совладување јазици итн., како што беше споменато претходно,туку како што кажав претходно дека се со висока свесност ( за перцепција на одредена ситуација,да помогнат на човештвото и се што е поврзано со хуманоста) и јака интуиција ништо друго,а се сосема нормални луѓе, барем според тоа што јас го имам слушнато од луѓе кои знаат за ваквиот тип на деца.Нема никаква врска со астрални проекции и незнам што уште не, како самоубиства, пророштва итн.Има некаде некаква грешка во врска со анализите за индиго децата :D
     
    На FeatherCut му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Индиго дете сигурно не е некое со натпросечна интелигенција. Интелегентните луѓе ги имало од секогаш. Еве Никола Тесла од нигде никаде измислил струја. Кога сите се плашеле од громови тој се радувал. Да не случајно бил и тој Индиго дете. Леонардо да Винчи освен дарбата кон уметноста бил исклучителни интелегентен човек кој и ден денес не може да се дешифрира. И тој индиго да не бил. НЕ тоа се само луѓе на кои генот за одредена работа им е повеке експресиран отколку на други луѓе. Без разлика дали се работи за наука, уметност , учење јаззици.

    Индиго деца се оние кои имаат физички способности кои ние ги немаме а не психички. Пример отпорен е повеќе или целосно на радијација, на одредени болести и слично.
     
  9. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    А мене па нешто друго ме интересира, ако постојат овие индиго- деца какви би биле тогаш нивните деца? Дали и тие би наследиле некоја способност од родителите, или пак нивната интелигенција или така нешто, мислам дали би биле малку "надпросечни" доколку таткото е индиго дете а мајката "обична" или пак имаат некој друг предок кој бил индиго-дете? Ако случајно некој дошол до ваков податок нека пише :)
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Немав време сега да ја читам целата дискусија од почеток но логично е ако двајцата родители се со повисока свест и имаат особини недостапни за просекот дека и нивните деца ќе имат иста или уште појака свест и особини од родителите посебно ако се водени од мали да ги развиваат (а ќе бидат). Се разбира под услов да не наследат некои ужасни гени од некој „обичен“ предок.

    Проблемот е како да најдеш таков партнер затоа што се многу малку а никому не му пишува на чело каков е.

    Пс. Имам и јас некои дилеми со теоријава за индиго децата но за тоа кога ќе ги прочитам сите постови.
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Во случајот опишан од Октавија од голема помош би бил генетскиот инженеринг.
    Така детето ќе биде во состојба да ги наследи оние добрите и корисни гени ,а да се отфрлат инфериорните ,обични.
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Во ред но кој е тој што ќе каже овие се обични инфериорни гени а уште повеќе и да ги лоцира? Ниту пак има таква институција која тоа може или го работи (јавно).

    Така да останува стариот проверен начин на барање партнер сличен по особини и свест па ако имаш среќа да го најдеш ќе имате „интересно“ потомство :lol:.
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Би биле среќни научниците кога би го знаеле ова наше скриено катче, ова мало парче земја :) .
    Има бре што да научат тука!
    Па и кој им е крив што немаат доволно податоци за индиго, па и за кристални деца. Чудни некои научници. Цел живот го посветуваат на тоа да покажат, докажат, установат, анализираат некои појави, карактеристики...
    Ех кога би знаеле дека се е толку лесно.
    Си раѓаш дете, слатко и фино, башка умно ... ама најумно од цело маало и му даваш придавка ИНДИГО. Е така. Па сега гордо ќе си кажеш моето дете е слатко, фино, умно, најумно и е индиго. не за друго, тулу за лезет кафе со комшиките. А и фраерка ќе си бидеш.
    Арно ама ако таа твоја комшика (онаа просечна, по твое глупа - читај неиндигомајка) те праша - е како? што? од кога? кој? потврдено? ... абе одма :punch: .
    Што има она да знае кога никогаш нема да има посебно дете.

    п.с. посветено на мојата комшика индиго мајка :lol:
    п.с. некој има индиго, некој кристално дете, јас си имам најсакано дете :$
     
    На faye, glow, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Мислам дека со темава малце забегавте луѓе.
    Ако не ви се допаѓа, не верувате, сакате да иритирате, се сомневате, просто, им се чудите на оние кои сакаат да ве подучат во врска со нешто за кое вие немате појма, па затоа се потсмевате, ве молам не ја отварајте а на крајот на краиштата не пишувајте на оваа тема. Никој никого со сила не натера да се верува дека постојат вакви личности(индиго) или не постојат. На основа на тоа дајте да слушнеме податоци, примери, факти за нивно постоење или непостоење.
    Сметам дека треба да се исклучат циничните постови од страна на оние кои не се отворени да примат вакви податоци. Доколку сметате дека ваква појава е невозможна само кажете го мислењето и готово, а не да му се одмили фемина на човек од премногу цинизам во постовите.
     
    На oktavija и babyketi им се допаѓа ова.
  15. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    669
    Драга моја Чупе и јас го мислам истото.
    Незнам дали знаеш дека ако се постави тема , најлесно е да се критикува, омаловажува и потсмева. :fubar: :fubar: :fubar:
    Не видов никој да напише искуство , туку само читам дека нешто се префорсирале децата со етикети , дека луѓето што се сомневаат на таква појава се занесуваат , па дури и дека „индиго“ децата имаат физички предиспозиции чудни на овој свет , односно дека се отпорни на радијација...ц.ц.ц.ц.ц.ц.ц.ц -Бог да чува!!!!!
    Ама тоа е, најлесно е да се каже против.Во стил ..Шо бе пишале?!?!?! Сега ќе видат тие кога ќе ги подберам!!!
    Катастрофа!!
    И мене ми е смачено од муабетите во стил: Па форумов е за тоа да се конфронтираат мислења!!...Абе ајде!!
    Кога има аргументи ако, ама вака во тонот : Не си ги преценувајте децата тие се обични и сакани.....Досадно , досадно, досадно.....А крајно од кај го познаваш ти моето или детето на некоја мајка ????
    За жал цел форум станал ваков.Некомпетенција и цинизам на ангро!!!Но тоа не е пропуст на залутаните форумџии туку на оние кои го креираат овој форум.
    Како некој член што датира оддамна, за жал, отварам Фемина само кога ќе ми стигне известување дека некој пишал :worried: :worried: :worried:
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  16. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Јас само прашав онака чисто информативно, од генетски аспект, ако ти си сфатил дека јас барам партнер кој ќе биде индиго дете, тогаш lol, мене ме интересираше ова токму заради умови како Тесла, Да Винчи и т.н, чисто информативно, а не дека сакам да бидам вклучена во некој експеримент со генетски инженеринг (далеку било) и ако иронизираш заради тоа "обично" ако моќта на перцепција ти е доволно добра ќе забележеше дека тоа "обично" е всушност во наводници и да те прашам од каде си заклучил дека ние што не сме индиго-деца имаме ужасни гени, затоа не уфрлај, ако си сретнал некој податок околу проблематикава која ја напоменав повели, ако не толку
     
  17. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Моќта на перцепција ми е одлична за разлика од твојата (без лутење) :).

    Одговорив неутрално така да секако не сум мислел дека ти бараш партнер, ниту сум бил ироничен туку баш напротив а наводниците во мојот текст се ставени баш затоа што треба да ги има и на место каде треба да ги има.

    Ужасните гени се однесуваа на личности кои имаат патолошки особини како злоставување на животни или луѓе, патолошки убијци и педофили, злобни и бесчуствителни личности.

    Се надевам ќе забележиш дека кога не бараш иронија каде ја нема се појавува друга перспектива на напишаното :)
     
  18. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Аха добро oк тогаш, што и да кажеш сепак не ти беше баш јасен постот колку и да си ги ставаме во прашање перцептивните моќи, како и да е јас си ги појаснив причините за интересот да не доаѓа до забуни и да не зборуваме за генетски инженеринзи и создавање на совршени и целосно супериорни луѓе по ариевски принцип, тоа е нон-сенс... туку за останатите кои дошле до некакви податоци уште една проблематика, во една статија пред неколку месеци прочитав дека овие како да ги наречам "моќи" кај индиго-децата се манифестираат до 40-тата година од животот потоа се губат, затоа и ги викаат индиго-ДЕЦА, а пак во еден од претходните постови прочитав дека најстариот индиго-човек имал 80-тина години, па сега не знам, која е вистината, дали се ова пропусти во теоријата или пак некој од нив е во грешка
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Што и да кажеш болдот ќе го сметам за благо извинување иако низ заби :lol:.

    Он топик: За какви особини и да зборуваме ако не се закодирани однапред да се загубат по одредена старост нема да се загубат ако се стимулирани со вежби и затоа е и потребно секое дете кое покажува афинитет и интелигенција кон одредена тематика што излегува надвор од просекот (без ужасните теми :D ) да му биде овозможено таа да ја развие до максимум. Ако не, со тек на времето неминовно ќе дојде до одредена стагнација.

    Значи не би загубиле ништо и по 40-сеттата година ако почнале да ги стимулираат своите способности на време што најчесто не се случува.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно, за какви способности на индиго децата се збори? :^)