Кога бев многу мала, живеевме во друга држава и моите ми кажаа дека имало некое мало девојче кое имало способност да ги гледа тие бои * аурата * околу секој човек... Не ги прочитав коментарите нагоре дека се МНОГУ и затоа не знам дали е напоменато дека секој човек има своја аура, боја... И тоа девојчето кажало за мене и татко ми дека имаме светло плава, мајка ми портокалова а на сестра ми не можела да и ја види бојата... И пред неколку години гледавме со моите на телевизија документарец каде кажува дека постојат тие индиго и кристални деца * што немаат боја * Сестра ми е пресреќна и од тогаш постојано си чита за тоа како се они деца на иднината и искрено многу од работите што ги читавме се погодуваа, за неа како личност.
Zдраво феминки јас сум нов цлен на форумов многу е интересна темава ги процитав сите васи коментари и мисленја гледам дека некои од вас се добро информирани за тоа како мозес да препознаес индиго дете сакам да споделам со вас некои мои лицни паранормални искуства и ме интересира како вие ке ми ги објасните. отсекогас бев разлицна усте како дете ме интересирасе вселената и како е создаден светот која е целта на насето постоенје...? кај мене паранормалните способности се појавија кога тргнав средна прва година. во текот на моето детство цело време имав нагласена интуиција цудни сонови кои ми ја предвидуваа иднината. кога тргнав средна се сто поседував растесе ми се слуцуваа работи кои не мозев да и си ги објаснам цесто си ги осекјав рацете тески како да има внатре несто во нив кога и да допрев некого се слусасе пецканје и се пренасасе таа енергија отпрвин мислев дека е електрицитет а потоа со текот на времето изгледа науцив како да го контролирам мозев да го правам тоа јас кога сакав станувасе се посилно поцнавме да се зезаме дома. тоа го правев само на мајка ми татко ми и брат ми. траесе извесен период две недели за после да го снема. бев тазна мислев дека ја изгубив таа способност за секогас но не бесе така после подолг период отприлика 3 години се слуци еден настан кој целоссно ме изненади и кој и ден ден за мене и за мајка ми е мистерија. тој период бев многу напната а секогас кога сум нервозна напната или во депресија е слуцува несто цудно тогас таа вецер седевме со мајка ми сами таа на тросед лезесе а јас седев . имасе силно невреме со ветер, грмотевици седевме во тисина се загледав во ветрот низ прозор и како врнесе некако наеднас ме смири се осетив целосно опустена како да лебдам. и реков а мајка ми оваа нервеме ме смирува само сто го реков тоа видов светлина и се слусна силен тресок вратите беа затворени но од ритисокот се затресоа јас и понатаму како да бев во транс помирна никогас во зивотот не сум била мајка ми како сто лезесе изрипа и застана и ги испрузи рацете над мојата глава и извика леле господе сто се слуци јас мирно и одгоорив абе не се пласи нели гледас дека удре гром пред прозор и тогас таа ми каза сто видела. кога јас реков невремето ме смирува таа видела над мојата глава светла бела топка составена од безброј тријаголници кои се вртат и одеднас се распукнала таа се испласила дека ке ми паднат на глава па затоа ги ставила раците над мене. до сега никој не мозе да ми го објасни овој настан. ке ви расказам усте еден настан од многуте се секјавам дека мајка ми ме изнервира без прицина ми зборесе несто за сто јас не бев виновна и и бев многу лута седнавме да вецераме и не и зборев а таа ме погледна цудно и се насмеа и јас ја прасав засто ме гледа и ми се смее сто сака сега? а таа ми каза дека сум и го мрдала танјирот и ме погледнала за да прекинам, има усте еден ваков натан но за ова бев свесна потплно знам тоцно како ми тецеа мислите имавме гости сите разговараа се смеа а јас с осетив како никој да не ме забелезува и поцнав да си размислувам всусност мозам да казам дека не размислував туку дека не мислев буквално на нисто векје и не ги ни слусав само гледав како се двизеа без зборови ми бесе интересно се загледав во едно сисе сто стоесе на маса и се продлабоцив во него тоа е несто сто не мозам да го објаснам ги гледав ситните капки од млеко и ми уди една мисла дека не е цисто повторував не е цисто и поцна да се врти во круг и ми дојде усте една мисла колку убаво си се врти си правесе такви крукцинја се додека не дојде до работ на масата ми дојде усте една мисла престани ке падне ке видат сите во тој момен погледнав во брат ми и го видов како го посматра сисето и го прасав го виде како се двизи и тој стана ми реце да провери дали има вода под него па се двизи али немасе. татко ми ме гледасе цело време и се смескасе знаесе дека сум јас. понекогас мислам дека сите паранормални рабти кои ми се слуциле е благодарение на мојата генетска структура засто и татко ми ми има казувано многу работи кои тој ги правел благодарение на неговите способности сакам да се науцам да ги контролирам али не знам како знам дека сум посебна отскогас сум била се секјавам на некои мисли кога сум имала 3 години на настани тоа е стварно многу цудно со леснотија уцам јазици зборувам француски англиски италјански спански и португалски незнам која е мојата вистинска природа цел зивот ја барам смислата на моето потоенје сега имам 21 година до сега не сум мозела да најдам рамен на себе единствено тоа бесе татко ми јас и он бевме исти, се разбиравме со поглед а сега немам никој кој сто мозе да ме разбере.
Неверојатно многу ме интересирала оваа тема. Веќе година ипол читам, се информирам и интересирам за темава и за мнгоу други такви “чудни“ работи. Многу сум среќна што конечно прочитав мислења и искуства директно од луѓе кои тоа го почувствувале и го поседуваат. Навистина сум воодушевена. Искрено малку ми е мака и ги жалам сите оние кои поинаку ги прифаќаат и процесираат сите овие информации, а и начинот на кој се спротиставуваат... мислам дека точно знам и како сето ова изгледа во очите на cristaline, domino, babyketi и сите други кои ја разбираат темата и го имаат тоа почувствувано... ок, секој со својот мозочен капацитет Ве молам мили мои споделете уште некое искуство, раскажувајте за ова, малку се луѓето кои треба да ја подигнат и развијат свеста на мнозинството
Читам и стварно не разбирам...ме интересира кое денешно дете не е интелегентно,кое не те буквално утепува и изненадува кога ќе отвори уста бисери редејќи, а ти го гледаш со чудење и размислување,кое дете денес не се однесува како старец,џабе не е кажано за денешниве деца дека се родени со компјутер во глава и нормално дека ќе бидат по напредни ,затоа што и светот оди напред СЕ ВО СВОЕ ВРЕМЕ ! Убаво е сето тоа да е вистина ,познавам многу дури и премногу интелегентни деца за своја возраст ,но мислам дека само БОГ е тој што ќе го смени светот ,а како и кога тоа е знак прашање ! Смешен ми беше еден дел на форумов кога читав за индиго децава и нивните карактеристики а делот беше ВО УЧИЛИШТЕ СЕ СЛАБИ УЧЕНИЦИ ЗАТОА ШТО КОГА ЌЕ БИДАТ ПРАШАНИ НЕ ОДГОВАРАЛЕ ЗАТОА ШТО ВЕЌЕ ТОА ГО ЗНАЕЛЕ ,ПА КОЈ КОГА БИ ЗНАЕЛ НЕШТО БЕЗ РАЗЛИКА КАКО ГО СТЕКНАЛ ЗНАЕЊЕТО НЕ БИ КАЖАЛ ЗА СВОЕ ДОБРО (МАЛКУ ГЛУПИЧКО)!
Кажано е во објавите кои стигаат од Божјиот дух преку пророчицата на денешнината дека последниве децении се инкарнираат меѓу останатото и посветли души т.е. души кои немаат многу гревови накалемено врз себе и воедно тендираат кон повисоки етички вредности. Но исто така верувам дека ако некое дете има проблеми со прифаќање на овоземната реалност(бегање во прекумерен алкохол или дроги, не дај боже самоубиства) и барем релативно нормално функционирање во истата дека тогаш тешко да се работи за некакво „специјално„ дете, туку попрво мислам дека се работи за отелотворена душа која уште за време на детските години ја чувствува последицата од сопствената некогашна погрешна сеидба(на истокот велат: карма) од минатиот или некој од минатите животи. Она што не ми се допаѓа е дека благодарејќи на оние кои ја подржуваат теоријата за индиго децата, а тука се и честопати родителите, на децата им создаваат слика за себе дека тие се нешто премногу посебно во однос на другите, што пак за последица има натамошни недоразбирања со околината но и градење и хранење на нивното човечко мало јас(егото во негативна смисла). Подоцна низ животот тоа може да резултира со фрустрации, депресии и агресии. И тогаш што дека се индиго или кристални деца? А во реалноста секој е посебен на свој начин и секој поединец може потенцијално да придонесе на свој начин планетава да се претвори во подобро место за живот - се разбира, ако доброволно сака така. Сум слушнал дека за тнр. индиго и кристалните деца постоеле во некои земји посебни училишта каде ги подучувале на развивање на тнр. натприродни способности или да се бават со разни типови на медитација кои доаѓаат од тнр. источни учители. Сметам дека тоа не е добро, може да биде дури и опасно. Вистинските светли генерации кои можат драстично да го променат светот кон подобро треба да бидат подучувани со пример(значи наставникот и смаиот да го живее тоа што го предава) пред сè за тнр. златно духовно(Исусово) правило: „Она што сакате другите да ви го прават, правете им го вие ним„ и „Она што не сакате да ви се прави, не го правиете ниту вие на другите„ подразбирајќи ги под тоа и луѓето и природата со животните, растенијата и минералите бидејќи животната сила на Духот е сеприсутна. Но воедно важно е во воспитувањето на сите деца, ензависно дали веруваме во индиго или не, да биде присутна слободата - во смисла: да му се даде можност и услови детето да ги развие сопствените таленти, следејчи го своето темпо, а не со сила да се вкалапува во шеми за кои возрасните мислат дека се „добри„.
Ова видео ме потсети на темава. Да, многу од денешните деца се паметни, но способноста за памтење, забележување на одредени работи, не е кај сите подеднакво развиена. http://tocka.com.mk/8/62387/zapoznajte- ... tnoto-bebe
Е па и јас сум индиго бе Интересна е темава во секој случај. Мене отсекогаш ми биле интересни вакви скокотливи теми за надпросечните можности на човекот, за универзумот и моќта на човечкиот ум. Сакам само да го кажам следново, еволуцијата си тече така, ние тоа не го забележуваме зашто секој ден по малку се менуваат работите во светот. Ако во праисторијата сме живееле во пештери, пак сме научиле да си правиме згради, и куќи, а сега се прават ракети и вселенски летала, не ја гледам шокантноста во "НАДПРОСЕЧНО ИНТЕЛИГЕНТНИ ДЕЦА". Јас мислам дека на глобално ниво треба малку да се крене просекот. Веќе никој не е глуп, па и глупите со многу труд стануваат паметни. Јас топло им препорачувам на сите мајки, да не ги форсираат децата и да раскажуваат по луѓето дека нивните деца се индиго, само затоа што се интелигентни. Понекогаш е подобро да си во толпта на просечната маса, инаку ако си умислиш дека си најпаметен , тешко сфатен или специјален, малку е потешко во животот. Секој си е посебен на свој начин, не гледам причина да се крева "паника".
За да не бидам уште на почетоков погрешно разбрана само ќе ѓи набројам карактеристиките кои јас ги поседувам, кои и воедно немора веднаш да ме вбројат во индиго групата. Но еве некои од нив: - Се чувствувам поразлично од целата толпа (средината во која излегувам, се дружам итн.) - Добро ги препознавам луѓето. Првиот впечаток ми е во 90% од случаите најточен. - Имам сонови кои што имаат длабоки пораки и значење и се случуваат токму онака како што ги сонувам. - Го мразам авторитетот! (овде спаѓаат опозициите, професорите и се останато што оди над моите години). - Се чувствувам често пати премногу созреана за моите години во смисол на сериозност и рационално однесување. - Но во училиште имам често проблем во совладување на градивото бидејки ми е премногу здодевно. - Премногу сум директна тогаш кога треба да ја кажам вистината. - Се чувствувам поврзана со природата и честопати не чувствувам поврзаност во светот во којшто живеам. - Емотивна сум но на прв поглед и премногу студена.... Немора да значи дека сум 100% индиго но едноставно се чувствувам многу поразлично за разлика од пријателите на моја возраст и токму поради овој факт немам премногу пријатели. Доколу се сетам ќе набројам уште некоја моја карактеристика.
Јас мислам дека постојат вакви деца,луѓе.Дека треба сите да бидеме претпазливи,што побрзо се препознае вакво дете толку побрзо ќе се интервенира со поинакво воспитување и однесување на оклината кон нив.Можеби не ве разбирам,немојте да ми замерите ама мое мислење е дека не треба да се преувеличува со ова.Дека детето пеело германски или незнам какви песни,дека можело многу да запамти,или ја знаело азбуката на мали години,тоа не верувам дека се индиго деца.Тие можеби слушнале,виделе од телевизија па им останало во мозокот.Добро познато е дека децата сакат да бидат големи.Па често ги имитираат возрасните и стручните термини кои тие ги употребуваат.Можеби некој документарец или филм предизвикал вакво однесување кај нив.Зарем ние не сме повикувале духови како мали?Ако се сеќавате на филмот „вештерки“ .. Тоа може се деца со надпросечна интелегенција,ама индиго децата или кристалните деца се нешто сосем поразлично.Подуховно се развиени,барем така мислам..
Ви ги прочитав мислењата. Темата до некаде е уништена. Видов телекинеза, телепатија, исцелување и такви работи шо се тешко остварливи за секој еден. Ја мислам дека најтешко остварлива работа на човештвото е несебично да сака, да не се полни со омраза и завидлук, да се потруди да развесели некој и да шири позитивна енергија. Ето, за мене тоа би било доволно индиго. И за восхит.
Еве уште еден пример од вакво дете http://www.ringeraja.mk/statija/chetiri ... _2150.html Верувам во овие деца и навистина ми е драго што некој се труди околу нив, што им овозможува да се развиваат како што треба.
Девојчево има високо IQ но тоа не значи дека е индиго дете. Многу деца учат брзо како неа и се развивале како неа но тоа веќе е нормално, времињата се менуваат и луѓето имаат повисоки коефициенти на интелегенција од порано.
Почнав да ја читам темава и прекинав. Имам многу неразјаснети работи а како читам понатаму, се повеќе и повеќе се губам. Прво, велите се појавени во 20ти, па во 50ти години. (барем такви беа информациите онаму до каде стигнав со читање) Како се појавиле? Од каде никнале баш сега вакви деца. Второ, што им се случува понатаму? Индиго деца, а викате има и стар човек кој е индиго. Многу ми е збунувачки. Ако тие се такви додека се деца, тогаш што се случува со нив после тоа? Трето, каква врска имаат другите планети со нив? Претпоставувам дека не можете да ми дадете точни одговори, затоа што не верувам некој од тука да е специјализиран во таа област. Во секој случај, би ценела некое кратко објаснување. Спојлер Јас се извинувам ако некаде се јасно и гласно одговорени прашањава, и сум ги испуштила одговорите. Имам ниско ниво на концентрација во моментов, а се префорсирав да дознаам повеќе затоа што ми е интересна темата
Индиго деЦаТа се НеКонФормисти, прогресивни, бyнтовниЦи, анарxисти, не трпат "guilt triр" од типот "ако не направиш тоа и тоа ќе мy кажам на татко ти, или ќе те кажам на наставникот, заради тебе ќе се разболам" и таков некој шит. Они знаат што ќе кажеш yште пред да почнеш да објаснyваш, стално довршyваат нечии речениЦи. Очите им се продорни чиниш низ рендген те посматраат. Да ги излажеш-тешко, не се ни мачи. Кога се y пошироко дрyштво се осеќаа неадекватно, зашто не можат да поднесат нечиј прост менталитет-најдобро и' е со нивниот "вид". ДијагностиЦирани се со АDНD, нели, xиперактивни се. IQ им варира, ама под 135 не е во никој слyчај. Некои рано оставаат школо и се млади претприемачи дрyги пак и по два Факyлтета завршyваат.. Наизглед личат на снобови, оти се така ладни, дистанЦирани во некој свој Филм, ама кога ќе ги запознаеш се изненадyваш од нивната топлина и емпатија. Имаат голема интyитивност и дрyгите стално им викаат оти се забележyва посебна аyра околy нив. Имаат доста спеЦиФичен од, држење као 'ројалти'. Воопшто не се сервилни, нитy пак потрчкОвЦИ, не трпат авторитет. Необични се, чyдни ама на некој yбав, несекојдневен начин чyдни.
Гледам темата имала убава насока па отишла во сосем трета ,во секој случај интересна не знам зошто не е поактивна , се исчитав што имате напишано , мене за ова доста ме интересира гледам документарци не дека сум експерт ама ќе се обидам да сублимирам за индиго децата како јас сум сватила од тоа што сум читала Кога се појавиле има повеќе теории 50 те , 70 те , 80 те , не знам на кој извор да верувам искрено , е сега индиго децата се сметаат за посебни дека тие се тука да го внесат човештвото во нова димензија каде луѓето се поврзани со бога и духовното , индиго децата се поврзани со бога и често зборуваат за него , се сметаат за водачи на човештвото кон враќање на бога .во нивните сонови кои ги раскажуваат зборуваат за бога за спиритуалното иако многу од нив не се одгледани во религиозни фамилии, поврзани се со природата , животните не им се плашат и се во необичен контакт со нив ,не знам дали сте го гледале докуметарецот за девојчето од Франција која верува дека е родена во Африка и знае места за кој никогаш не ни било .Кога ја однеле таму прв пат нејзините родители таа се осеќала како дома и слободно шета со тигри ,змии ,човек да се запрепасти е дури . Има тврдења дека се стари души кои се издигнале во ново ниво на духовна свест , исто така има мајка што кажува дека керка и всушност била реинкарнација на бабата керката знаела работи за живот на бабата кој никој не и ги кажал на девојчето. Е сега моментот дека се надпросечно интелегентни е според мене точен но не во таа насока дека се талентирани за учење и меморија, тука високо ниво на перцепција . Овде видов мајки кои тврдат дека децата им се индиго оти биле интелегентни но индиго децата не ги интересираат земните работи ,ако учиш за испит брзо тоа е добра меморија , ако некој предмети те интересираат повеќе тоа е афинитет ако детето побрзо се развива од врсниците тоа е напредно дете ( јас сум зборувала кога сум била 10 месеци , учам многу брзо , не сум се вклопувала лесно , не ми било проблем за спремам испит од над 500 стр и да знам до детали за многу кратко време ,сум одела на натпревари и државни дипломи имам освојувано иако мн мн не сум сакала од дома ме потикнувале не ме држеше место на школо сум си подбегнувала често ко и сите , моите оти виделе дека ме бива за учење ме потикнувале и насочувале , децата треба да се потикнуваат а не индиго деца се па ај не ги дираме, тоа не ме прави индиго дете како и многу други како мене ) Индиго децата зборуваат за работи кои на нас често не ни се јасни за бога за смислата на постоење за искуства од минатите животи , не дека не ги сакаат и дека се истакнуваат со посебна интелегенција туку на обичните луѓе им личат на луди не на гении . Се смета дека со развиена спиритуална интелегенција и перцепција , и дека се сметаат како ројалти во смисла на надмени не е така тие се сметаат за пратени од бога да помогнат на светот и точно знаат што им е мисијата за нивно постоење ( високото мислење за себе е убаво но тие не се интересираат што се тие и колку вредат , туку што ке направат за светот ) . Навистина е необично дете да ти збори за чакри за аури за господ за болката на светот ( меланхолични и депресивни се затоа што ја чуствуваат болката на човештвото ) и да ти раскажува искуства што бил во минатиот живот ... затоа ги доживуваат како луди или со преголема фантазија а за некои работи никој не може да ги разбере па им препишуваат особини . Да запознаам дете индго сакам , а да имам па и не баш не ги мешајте поимите дека ако е паметно и понапредно вашето дете е индиго, тие како и да немаат детство тие се спиритуално развиени не ги интересираат земските достигнувања да e посебен секој сака всушност секое дете е посебно на свој начин ,ама ова не е уникатност со која би се фалела една мајка на другарките на кафе всушност многу родители на овие деца не знаат како да се справат кога детето им зборува за чакри за бога и дека претходно бил тоа и тоа . А и баш би сакала да знам кој е тој психолог или психијатар кај нас во Македонија кој дијагностицира индиго деца ??? Е сега колку верувам јас не знам ,нешто да нешто не . Сум читала и за посебен генетски код дека се отпорни на радијација и болести и дека се дојдени од вонземјани ама тоа не верувам и ми е лудо бар додека не се докаже . Некои сметаат дека теоријата за индиго децата е всушност еден вид new age crap може и тие се во право иако документарците ме збунуваат . I`m keeping an open mind .Јас само ви кажувам што имам читано бидејки ми е интересна темата .. А од сите постови на индго дете највеќе ми личи братучетката на девојката што кажуваше дека девојчето лежело во дворот и се поврзувала со својата чакра барем според мене , за темава сакам да чујам нови работи немам заземено став дали постојат или не ама многу би сакала да знам уште повеќе Уффф се изморив , се извинувам на долгиот пост
Indigo decata vo edno predavanje gi spomna I Sergej Nikolaevic Lazarev. Ottamu I se zaiteresirav za temava I gi procitav skoro site postovi. Posedniot post najmnogu mi se dopadna. Inaku, da ne go imav citano Lazarev sigurno nemase da mi bide bas jasno sto se vsusnost indigo deca. Vaka nekako se se vklopuva. Na nasata svest I treba razvoj. Covekot se unishtuva samiot sebe. Nekoi se svesni za toa nekoi ne. No ocigledno Bog ili Univerzumot saka da opstane covestvoto I se obiduva da ni pomogne preku tie indigo deca. E sega kolku tie mozat da doprat do nas i kolku nie sme spremni za nivnata pomos e golemo prasanje. Interesni I poucni se beleskite, okolu 40-tina na broj, dadeni vo prvite postovi. ke treba podobro da si gi procitam. Pozdrav so nadez za zazivuvanje na temata vo poinformativna nasoka. [mod-kirilica:6k2sfvx4][/mod-kirilica:6k2sfvx4]