се препознавам освен АДХД, не сум хиперактивна ама слаб аутизам си има Од ко памтам за себе сум со овие карактеристики, а коефициентот на интелегенција не би го кажала вака јавно
Psyhic несакам да те навредам или да ме сфатиш погрешно, меѓутоа бар 70 % од луѓето на форумов би се препознале во горенаведениве карактеристики. Но, реалноста е поинаква бидејки за да се биде индиго дете, коефициентот на интелегенција и не игра некоја голема улога. (Иако можно е, не ја исклучувам можноста некои деца да СЕ надпросечно интелегентни), но, овде друга е целта. Претежно тие се посветени кон духовниот развој, додека духовната ,,перцепција'' им е на многу повисоко ниво од онаа нашата. Тоа се сосем два различни поими. Ако се препознаваш во другите карактеристики можеби си индиго, но ако судиш претежно по интелегенцијата, да знаеш индиго концептот по правило не ја исклучува но не ја ни вбројува како карактеристика.
феминки, прочитав некаде дека се споменати овие индиго деца во библијата, па ме интересира дали некоја знае за тоа?
Не го чактисвам баш ова може некој да ми го разјасне? Инаку последна генерација за овие деца имам слушнато дека се одкај крајот на 1999 до крајор на 2001 ама можеби не е точно. Но сепак се супер децавам,ах бе што не сум едно и јас од нив
Момче тврди дека живеело на Марс и дека знае што ја чека Земјата на која се раѓаат индиго деца за да и помогнат Целиот текст од линкот во спојлер Спојлер Бориска вели дека некогаш живеел на Марс, и дека таа планета била населена, но дека ја преживеала најголемата катастрофа. Момчето Бориска, од Русија, вели дека некогаш живеело на Марс и дека планетата била населена, но ја преживела најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата. За необичното дете Бориска прв пат се слушна од приказната на еден очевидец на експедиција на северот на Волгоградската област. Тој постојано на возрасните им зборува дека на Марс имало цивилизација, за мегалитските градови и марсовските вселенски бродови, за летовите на другите планети и за државата Лемурија на Земјата, чиј што живот го познавал од сопствено искуство, бидејќи вели дека понекогаш доаѓал од Марс, на големиот континет, каде што имал и пријатели. Сите кои што разговарале со него, се изненадени од две работи. Првин поради тоа што има невообичаено знаење за еден дванаесетгодишник, како и тоа што говорот не е на ниво на дете на неговата возраст. Тој користи терминологија, детали и факти од минатато за Земјата и Марс, поради што му завидуваат дури и универзитетските професори. Бара пријател „Земјанин“ Интересно е што Бориска дошол на светот на 11-ти јануари 1996 година, во градот Волзхку, во провинциското породилиште. Мајка му, Надежда Кипријановиќ работи како дерматолог во градската болница, а татко му Јуриј Товстенев е офицер. Тие велат дека ќе бидат среќни доколку некој може да им помогне за да се реши невобичаениот феномен за неговиот син, но засега со интерес го набљудуваат своето чудо. Кога имал година ипол веќе можел да чита тешки зборови од весниците. На двегодишна возраст започнал да црта различни нијанси. Сите негови воспитувачки велат дека имал голема дарба за јазиците и дека мозокот му е неверојатно развиен. Забележале и дека има феноменално помнење. Но, родителите утврдиле дека нивниот син до своето знаење не доаѓа само од набљудување на околината, туку и од некои други извори. Велат „како да примаше некои информации од некаде“. - Никој не го научи на тоа. Изнесуваше такви детали за Марс, планетарниот систем и другите цивилизации, по што останувавме без зборови - изјави мајка му Надежда. Бориска вели дека некогаш живеел на Марс, и дека таа планета била населна, но дека ја преживеала најголемата катастрофа во својата историја, губењето на атмосферата. По тоа малкуте граѓани живееле во подземните градови. Во тоа време тој често летал на Земјата поради трговија и научно-истражувачката мисија. Изгледа само тој бил пилот на вселенскиот брод. Тоа се случувало во време на Лемуријската цивилизација, но имал и пријател Лемурец кој починал пред неговите очи. - Се случи голема катастрофа во која експлодираа планини, а големите континенти се распаднаа и потонаа под вода. Одеднаш голем камен падна во местото во кое што бевме јас и мојот пријател. Не можев да го спасам. Сега треба да се сретнеме на Земјата-вели тој. Најавува големи катастрофи Кога ќе има инспирација, тој зборува интересни приказни за Маите, бидејќи смета дека луѓето не знаат многу за тој фасцинантен народ. Според него на Земјата сега се раѓаат посебни деца, поради некои големи промени, кои што треба да се случат на планетава. Затоа ќе биде потребно ново знаење, пошироко од менталитетот на земјаните. - Се почесто се раѓаат „индиго“ деца, но во нашиот град не сум сретнал. Можеби Јулио Петрова, таа ми верува, што значи дека нешто чувствува. Останатите обично се смеат кога зборувам. На Земјата ќе се случат две катастрофи и затоа се раѓаат тие деца, бидејќи мора да им помагаат на луѓето. Половите ќе се свртат. Јас се плашам од тие катастрофи, бидејќи ние живееме вечно. Се случи катастрофа и на Марс, каде што порано живеев. Тие беа народ како ние, но дојде до нуклеарна војна и се изгоре - тврди тој. Бориска наведува дека Марсовците дишат воздух кој претежно се состои од јаглед диоксид, а кога тие би дошле на нашава планета би живееле во близина на оџаците. - Кога ќе се најдеш во тело на земјанин го вдишуваш овој воздух. Но, ние не го сакаме, бидејќи тој предизвикува стареење. На Марс луѓето вечно се млади, на возраст од околу 30 и 35 години. Тој не се сеќава на своето име од животот на Марс, туку само на својот живот од тринаесетата година. - Носевме посебни очила и се боревме цело време. Може повторно да се оживее Марс, но постои една станица, која што е потребно да се уништи. Тоа е тајна, но можам да нацртам како изгледа, бевме близу до неа. Родителите го воделе на различни прегледи, бидејќи стравувале за него. Свесни се дека тој е чудо на природата. Вселенска катаклизма Еднаш рекол дека научниците сигурно ќе ги интересира тоа што во нашиот Сончев систем нема девет планети, туку две повеќе. Тие се наоѓаат зад Плутон. Според неговите зборови Марс некогаш бил во близина на Јупитер. И Месецот тогаш му припаѓал на Марс, но по вселенската катаклизма Марс ја сменил својата орбита и така Земјата го добила својот сателит, Месецот. Но, тој не може да се сети на некои детали од тој период. На петгодишна возраст ги изненадил своите родители кога почнал да зборува за планетата Просерпина, која што е уништена пред повеќе стотици илјади, а можеби и милиони години. - Таа планета повеќе не постои, но нејзините жители се телепортирани во петата димензија, која што ја викаат паралелен свет. Ние ја гледавме смртта на планетата од Марс- раскажува Бориска. Извор: А1он
Хахах колку убаво се изнасмеав шо прочитав неколку коментари. Значи кумуницирам со едно девојче индиго од Загреб. Значи едни од знаци се: -Често менување на расположение -Премногу се емотивни -Можат да доживеат депресија уште на најрана можна возрас -Тие ја сакаат флората и фауната (животинскиот и растителниот свет) -Сакаат мир во светот -До 20тата година често помислуваат дека единствен спас би им било да се самоубијат -Тешко се вклопуваат во обични луѓе -Тие се многу поразлични од обичните луѓе ( во стил, во размислувања) -Секој од нив има паранормално искуство (некои имаат визии, некои гледаат духови, некои си го знаат своето минато т.е шо биле во минатиот живот, некои се телепати, но секој поединец има по една дарба од наведените ги нема сите) -А за интелегенцијата да интелегентни се брзо сваќаат шо ги интересира, а нешто ако не ги нетересира џабе им објаснувате ( а нема врска тоа шо имаа некои пишуваномоето дете на 2-3 годинки знае песни волку, знае да пишува, знае да брои знае воа знае ноа нема врска тоа) Многу се распрашував и изтражував на ваа тема бидејќи мислам дека и јас сум една од нив, бидејќи ги имам сите можни особини кои што ги има едно индиго дете.
А какво паранормално искуство си имала? Колку пати си посакала да се самоубиеш? Дај информирај не повеке. Можеби си кристално или златно дете. Индиго генерација Спојлер Тоа се еден посебен вид луге кои имаат посебна мок,а една од нивните способности е и астралното патување.Така едно индиго дете од Русија при неговото астрално патување 'слетал' на некоја ѕвезда од дотогаш непознато соѕвездие за астрономите и тоа по некој ден за го соопштил на некој руски астроном. На тоа астрономот одговорил дека тоа соѕвездие сеуште не е познато и за големо изненадување по некоја година истото соѕвездие било откриено. Неретко се случува на возраст од само неколку години, да ги известат родителите дека сами ги избрале, да ги учат на моралните вистини и да ги смируват во поглед на материјалното. Иако, во основа станува збор за смирени, но исклучително емотивни деца, тие често од раната возраст имаат проблеми во социјалниот контакт. Бидејќи се сеќаваат на претходниот живот, во своето сегашно тело како да не се потполно “удомени„ и не чувствуваат целосна припадност на овој свет. Од друга страна, се под силно емотивно влијание од надворешниот свет, не само од поблиската средина, за која главно имаат чувство дека не ги разбира, туку и на глобално ниво. Имаат многу развиен сензибилитет за неправда, несреќата на човештвото, сиромаштијата, глад и слично и таквите работи длабоко ги загрижуваат. Токму поради тоа често доаѓаат во судир со средината бидејќи не дозволуваат да се манипулира со нив, да им се заповеда без реална причина, тешко ја поднесуваат дисциплината и авторитетот. Според некои, денес на светот постојат околу 15 до 20 милиони индиго деца, од пет различни генерации. Првата генерација се појавила во педесетите години од минатиот век. Тие се чувствувале поинаку, како да не припаѓаат на семејството, како да се родени во погрешно време и на погрешно место. Осумдесетите години се појавила и третата генерација со чии карактеристики доминираат слабата енергетска обвивка, подложни се на влијание и често имаат дијагностикувано хиперактивно пореметување. Со преминот во новиот милениум, се појавила петтата генерација на Индиго деца, кај која хиперактивноста исчезнала, а изразена е чувствителноста и повлеченоста, па дури и склоност кон аутизам. Токму затоа се почесто се појавуваат институции кои ги прифаќаат индиго децата и смислуваат начини како да им помогнат во прилагодувањето. Авторите Венди Чепмен и Лори Џонсон говорат за уште понапредна генерација на индиго деца, која ја нарекуваат Кристална, а нивна теорија е дека всушност станува збор за деца кои боледуваат од аутизам. Овие деца ги опишуваат како подвижни антени кои ги впиваат сите психички, физички, емотивни, електромагнетни и други вибрации што не опкружуваат, како деца зануркани во бескраен океан на мириси, звуци, бои и емоции, а единствена заштита им е менталната. Затоа тие се повлекуваат во свој внатрешен свет, фиксирајќи се на еден објект или активност, додека се друго исчезнува. Аутизмот на кристалните деца им е очајничко средство на самозаштита на исклучително ранливиот сензибилитет. Бидејќи за ова пореметување не се знае многу затоа што стручњаците не успеваат да допрат до аутистичните деца, не е исклучена ниту оваа можност. Примери на чудно однесување на необични деца околу нас има безброј, а вистинската граница меѓу невообичаеното и индиго е тешко да се повлече. Тоа се уште ќе остане тајна, бидејќи ретки се оние надарените со способност да ја видат бојата на аурата..... овие деца се наречени шеста раса поради што нивната аура е шеста досега позната инаку веќе постои апаратура со чија помош се гледа човековата аура затоа што тоа се всушност електромагнетни бранови произведени од човечкото тело Ке побарам повеке информации и за златните деца, па ке ги објавам
Ова не значи дека си индиго дете туку само дека си како и поголем дел од тинајџерите.Сите еден дел од животот мислат дека се несфатени, различни, бунтовни итн. далеку од тоа дека се нешто малку возвишени и дека се индиго. Арно кажа некој темата е упропастена и сите испаднавте индиго деца.
Кој сака нека го симне Kristalna deca, Indigo deca, Zvezdana deca, Zemaljski anđeli i fenomen Prelazne dece https://www.google.com/url?sa=t&rct=j&q ... 8758,d.bGQ Точно, но, во светов има околу 20 милиони индиго деца, па нека не не чуди ако имаме и такво на форумов. Одлично и ако имаме ке може повеке да дознаеме за нив. Но овие работи кои се набројани погоре се типични за повекето тинејџери. Индиго децата имаат способност за астрално проектирање, за телекинеза, телепортирање и уште многу невообичаени работи. Не се само емоциите и супериорноста. Мисла на едно индиго дете: Ако можам да посакам нешто за овој свет тоа би било сите луѓе да чувстуваат разбирање меѓу се*е и љубов за сите души на оваа планета. и еден коментар Спојлер Кажано е во откровенијата за денешно време дека се повеќе ќе се инкарнираат посветли души(души кои немаат тешки кармички оптоварувања и кои тежнеат кон повисоки идеали и вредности). А дали се тие индиго или не, тоа незнам. [/quote]
Мислам дека индиго децата не ни знаат дека се индиго, може смешно кажав, но според тие карактеристиките кои ги кажувате за нив, ако е така, тогаш истите тие би ги имале, би живееле според нив, не би се опседнувале дали ги поседуваат или не.Бидејки вака, како поставени карактеристики за тоа што се индиго децата и ако секој би ги прочитал, секој би се пронашол во нив, така да мислам дека тоа разликата меѓу обичен човек и индиго.
Индиго децата и тоа како знаат дека се индиго, уште од најмала возраст. Овие за кои ти велиш, со вакви карактеристики и дека не се свесни, не се индиго деца. Јасно е кажано за индиго децата дека имаат посебни способности и сите индиго деца знаат за својот поранешен живот, астрална проекција итн. Еве што се знае и што е пишано за нив Спрема некои податоци,Исус Христос имал ретка,модра аура,која,колку повеќе се приближувала до крстот ја менувала бојата во златна. Многу индиго деца не доживуваат полнолетство.Процентот на самоубиства кај нив е до 2-3 пати поголем отколку кај нормалните. Можеме да ги препознаеме по нивната изразена емотивност и чувствителност на разни супстанци, па затоа се алергични на многу нешта. Ерата на Водолијата е ера на индиго-децата http://loza.mk/2012/08/era-na-vodolija- ... i-decinja/ делови од текстот На пример, тие можат да се присетат како се зачнати, како ги одбрале своите родители, или можат да ве советуваат, преку едноставни библиски вистини, дека не треба да се грижите за парите зашто секогаш ќе имате толку колку што ви е потребно ако само престанете да мислите на парите. Индиго децата можат да се препознаат меѓу себе, да ја видат вашата аура, да ви го “прочитаат” здравјето, да комуницираат телепатски. Некогаш изгледаат како бесни и хиперактивни или пак се тивки и мирни. Но едно е сигурно, нивните психолошки карактеристики и начин на однесување се нови и невообичаени. Првото индиго дете е откриено во Кина, во 1984, и од почеток, таа приказна за неа личела на измислица од жолтиот печат. Детето наречено супер дете од Кина без проблем поминало низ сите ментални тестови на кои бил изложено, дури одговарало на некои прашања и пред да бидат прочитани од психолозите. Новинарите на угледното духовно списание Омни, тогаш одлучуваат да ја проверат таа измислица, но наместо да ја демантираат, откриваат дузина слични случаи на посебно надарени деца. Треба да знаеме дека овие деца се дојдени со мисија на оваа земја.
Oooo кај ме цитираше, кај ме запусти. Постов ми е памтивек уште коа бев дете и бев ново месо на форумов. Читам, и се смеам. Глупости на квадрат сум изнапишала, али шта чеш, детска работа, shame on me. Како и да е, во текот на годините имав доста можности да истражувам на темава и да дојдам до некои заклучоци. А тоа се следниве: - Прво, никој не се родил ултра супериорен! Се во текот на животот се надоградува и усовршува. Секој сегмент кај човекот може да се постигне преку работа, труд и влог. Овде се подразбираат и техники, праксите за развивање на телекинезата, телепатијата, remote viewing (не ми текнува зборот на македонски), АП, Obe итн. Башка, да не го занемариме фактот дека сите ние поседуваме различни нивоа на свесност. А оттука и зависи нашето понатамошно определување од религиски/спиритуален аспект. Затоа некои од нас се повеќе религиозни и остануваат доследни на она на што авторитетот ги учи (на религијата). Оние кои се спиритуални и го истажуваат светот на астралот. И оние кај кои не е развиена ,,врската'' со натприродното, па не постои чувство на поврзаност со креаторот или Бог. Оваа групичка на луѓе најчесто сиот живот го посветува во негирање (и индиректно ,,истражување''). Мислејќи дека стојат наспроти оние кои примиле од зададените калапи или модели за тоа како изгледа ,,другиот'' свет, и се апсолутно out од шаблонот не знаејќи дека преку самата негација навелгуваат уште по внатре и од претходнава група. У главном од прилика тоа би биле тие категории на лујџе. Ај да не бегам од тема, ќе си кажам уште од старт дека ова со Индиго децава, ми е уште еден new age crap. Бидејќи потеклото не е нешто особено далечно, а наспроти тоа и нема некои детални списи, корени од историјата кои ги вадат на површина сознанијата за ваквите деца. Или ако ги вадат, се нарекувани со поинакви имиња, (сончеви, хибридни, нови така да збунувачки е до екстрем), додека способностите варираат од најобични до најсложени. Башка, ако постои самата предегзистенција, сите би имале свои извори од каде доаѓаме. Па оттука сметам дека секој од нас преку константни вежби и залагања може да постигнат премногу, (бидејќи не заборавајте дека човековиот мозок има неограничени можности, а ние користиме само еден мал процент од него што за жал е вистинска штета). Затоа не мислам дека на некој изворот во предегзистецијата му бил беспрекорен па се родил со златна лажичка во уста и сега као демек е многу боље од другите. Пошто не е. Може да е покреативен, у смисол имагинација цртање, математика. Но, тоа си е врзано со процентот на интелегенција. Кој може да му е зголемен многу повеќе за разлика од врсниците, но сепак да не заборавиме тука голем уддел имаат и гените наследени од страна на родителите. Ме нервира кога младиве родители по кафиќи ги слушам како своето дете го нарекуваат индиго исклучиво ради овие наведени карактеристики. Жално е сепак што забораваат дека и коефициентот на интелегенција е страшно варијабилна бројка. Така да им се смеам на таквите кои себе си од старт се класифицираат како многу паметни (па дури и да е вистина), спијат на тоа уво дека нема потреба повеќе да се информираат и да се здобијат со нови знаења, а истовремено да ги негуваат веќе стекнатите. Најчесто оној кој за себе вели дека е гениј, не треба да му се верува. Обично луѓето кои се такви се многу внимателни, повлечени и објективни. И не ги потценуваат другите околу себе, издигнувајќи се себе си на пиедесталот преку зборови, туку тоа најчесто го докажуваат преку дела суптилно на патот кон целта. Како и да е, индиго децава или хибридниве раси, whatever, јас сметам дека нивното постоење не се должи исклучиво на чиста мира и добра волја. Сметам дека тие не доаѓаат од исти или бар слични извори како ,,нашите'' дури постои претпоставка дека се од астралот, наспроти тврдењето дека потекнуваат од Небесното Цасрство. Значи, ако е очигледно дека поседуваат драстични разлики што според мене не е в ред (пошто превише отстапуваат од нормите и не може да се вклопат во ниедна сфера), значи не се за тука, пошто автоматски сами по себе се става акцент на полошите страни. Па, така истиве од многу истражувачи се толкувани како грешки во системот, во што и се согласувам, погоре образложив зошто. Немојте сега одма да рипате, судите и да помислите веднаш дека целам на најлошото, но сепак пак ќе кажам... Првин, и самата стапка на самоубиство во нивната рана адолесенција не става пред прашалник! Ако се толку потребни и испратени со некаква мисија, зошто се самоубиваат во раните години? Нели се апсолутно детерминирани и мора да ја исполнат целта? Кукавички е покрај толку дадени дарби ти да пресечеш договор. Воедно потенцирам дека тука не постои ,,што ако''. Или очеш или нечеш (на Земјата). Чим одлучиле, оти се јавува двоумење? Значи, нема, тие се одбраните на кои им се дадени - задачата, свесноста, и знаењето. Преку кое се ,,должни'' да ни соопштат, од проста причина што за разлика од нас тие се сеќаваат на изворот од каде потекнуваат без оглед на тоа кој и колку ќе им верува. Имено, кога велам дека треба да поседуваат јачина, особено мислам на справувањето со сите оние проблеми од социјален карактер, кои може да влијаат врз ваквото дете, а тоа треба да се соочи со нивната лукавост во иднина, порано или подоцна. Впрочем, не би ме чудело ова со индигово и да е утнато у терминолошка смисла . Пошто еве според најновите сознанија во Велика Британија чинам беше, почна процесот на создавање на вакви ,,супериорни'' раси, хибриди генији...Епа, ајде де, сега каде е границата која ги определува оние кои се зачнати и оние кои треба да се направат по вештачки пат (мутации и срања)? Контрадикторно е. Или као сеа, јебига неаме боље аргументи па ќе ги одвоиме овие две раси на вакви и онакви. Безвеза.. Имено, да се навратам. Зошто не може да ја пребродат кризата индиго децата? Ах, да, премногу се чувствителни. Ма дајте бре луѓе, кој не е пречувствителен денес? Така да само забележете колку е тенка таа граница, меѓу нивната раса и ,,нашата''? Исто колку што е тенка границата меѓу лудилото и ,,нормалата''. А воедно овој индиго бордер, е крајно несигурен бидејќи критериумите варираат, и не постои рамка која точно определува како треба да изгледа едно индиго дете. Т.е. и сами нагласивте дека границите се менуваат следствено со доаѓањето на нови генерации. Па така следуваат оние рекла казала причи у стил - оние деца од 70-тите биле вакви, оние од 80-тите онакви и подобри од претходниве, а оние кои тек следуваат абе чудо ќе напраат. Така да сето ова ми е сведено на чист апсурд. Патем, да не заборавам да нагласам дека и галактичката федерација на Александар Хенгл требаше да ги разреши овие дилеми со доаѓањето во 2012-та година и многу повеќе, ама очигледно им каснат вселенските летала, заглавиле на граница. Спојлер За оние кои немаат поим нека гуглаат, или нека ја погледнат емисијата KOSMO на youtube, која сметам дека е многу корисна и споделува мошне интересни информации со исклучок на релевантност на оваа. Потоа следуваат рептилите на Ајк, и уште милион други приказни и теории за кои моментално не можам да се сетам, а се повеќе смешни отколку што го будат рационалното во нас. Сепак, не ја исклучувам и можноста во потполност, али сепак сметам дека сешто се фура као превише е и превише за да биде вистинито, така да оставам на вашата добра волја да си подразмислите и подзапрашате. Само да ви кажам - Колку нуркате длабоко, толку сфаќате дека сте поплитки. Особено околу ваквите скокотливи теми.
Valerin ме изнасмеа со првите реченици еве повеке примери за индиго деца http://kukuriku.mk/misterii-fenomenot-n ... i-primeri/ и уште нешто http://magazine.danaucime.mk/indigo-deca/
Познати ми се овие информации Окцензи, и порано ги имам читано, но и покрај тоа повторно ми влеваат доза на сомнеж со оглед на тоа дека единствениот извор се медиумите, а сите сме свесни како журналистите функционираат, и колку вешто умеат да ги напумпаат вестите за да се чинат посочни. Што те тера да мислиш дека и овојпат не е така? Патем во еден параграф, во првиот пост чинам беше, е наведено дека ваквите индиго раси се производ на зрачењето кое се случило во Чернобил осумдесеттите години. Тогаш ако е ова вистина, зарем не сме биле сите изложени на зрачење во тој период? Особено ние родените во периодот на 80-тите и 90-тите години?! Сите ли сме индиго во целост, или потенција? Јас мислам дека ако постои оваа раса, сме ставени во овој кош без исклучоци, само што не сме откриле сеуште. Со нечија помош (пр. нивна), сметам дека би го достигнале потполно истото (ако уопште го имаат). Оти ние не сме ја добиле таа чест да располагаме со натприродни моќи? Пак ќе кажам, се е во процес на усовршување. Некој работел помалку, некој повеќе, а некој можеби се промакнал случајно измеѓу па се родил со зголемена интуиција или интелегенција па од старт го користи тој поголем процент од мозокот кој голем дел од нас обичните смртници не умее да го искористи оти не знае како. Сите сме различни, но, и тоа е привремено. Ништо не е трајно на Земјава, што значи денес може да имаш некоја способност утре да ја изгубиш од исто толку необјасниви причини, како што си ја добил. А и сама може да забележиш, 2-3 деца од наведениве се од Русија. Па, зошто па баш Русија, побогу? Ради Чернобил као демек па сеа највише удрило зрачењето таму... Нема врска. А кога сме веќе пак кај зрачењето, сумљам дека нечиј човеков организам е имун на тоа, а истото е и научно докажано, така да не верувам дека кај овие деца се случило спротивното.
Ако на темава налетаат три мајки од мое друштво ќе се убедат дека нивните деца, кои по правило се поинтелегентни од нивните врсници, всушност се индиго. На сите три деца, од шала, за ланскиот Божик им подарив и изместена Рубикова коцка. Изгледа или мајките не ја сфатија шалата и ги фрлија, или децата не сакаат да се замараат со нешто толку едноставно, па зошто, кога можат за тоа време астрално да се проектираат I'am blue da ba dee ba da da
Гледам овде во Македонија повеќе индиго луѓе сме имале отколkу обични. Да бидам искрена темава почна во една насока,а потоа заврши во сосема друга. Секој „симптомите“ за дали се Индиго или не се ги менуваат и разбираат како што сакаат прво биле родени во 20тите години потоа во 50тите потоа во 80тите потоа во 90тите односно на кој како му одговара за себе или неговото дете. Прво беа русокоси деца со сини очиња потоа немаше врска тоа,а зошто? Бидејќи нивното дете немало сини очи. Се знаат симптомите за овие т.н. индиго деца гледаат аури и чувствуваат енергија и можат да ја менуваат и нема никаква врска со тоа дали знаеле да читаат од 3 или од 6 години и колку биле паметни. И ако не сте се чувствувале прифатени во општеството и сте имале само 1 другарка тоа не ве прави ни индиго ни посебни ни ништо друго освен анти-социјализирани луѓе. И овие симптоми (често менување на расположение, депресија, чувствителност, не се вклопуваат итн итн) ми се симптоми на сите тинејџери,а не на некој посебен вид на луѓе што ќе го спасуваат светот. Јас се' што ќе ви кажам е сакајте си ги вашите дечиња како што една членка имаше претходно напишано нека не бидат ни индиго, ни најпаметни, ни најпосебни-нека бидат само најсакани и најсреќни, нека уживаат во краткото детство што го имаат,а тоа нема да го имаат со носење на психолози или очекување дека ќе го спасат светот,а зошто? Бидејќи биле интелигенти и имале „мудар“ поглед.
Ова нема врска. Секој си води различен начин на живот, а тоа што некои луѓе имаат само по еден другар/другарка не ги прави антисоцијални, или луѓе со ,,дигнати'' акции, и превисоко мислење за себе. Туку тоа се претежно најобични особи, кои внимателно бираат преку својот објективен поглед, па оттука автоматски доагаат до сознание дека не со секого може да споделуваат тајни, да бидат блиски или да остваруваат подлабок однос, туку само со некои. Забораваш дека квалитетот треба секогаш да се претпочита пред квантитетот, а тоа не е анти-социјалност. А најчесто таа ,,анти - социјална'' група, за која луѓето не ја увидуваат разликата е истата во која се сместени во ист кош ваквите луѓе, кои како што и претходно споменав, вагаат и имаат усул со кого и како треба да се воспостави комуникација, наместо да внесуваат доза лицемерие (што е зачестено зло во денешницата). Освен тоа, многумина тврдат дека имаат голем број на пријатели, а забораваат дека пријателство е тежок збор, и го користат кај год стигнат. Затоа тука проценките се многу битни. Како и да е, да не идам даље, муабетот ми беше дека едно индиго дете рецимо, (мада образложив погоре зашо мислам дека не постои една ваква група, дури постојат и научни образложенија), може но и не мора да биде антисоцијално! Друга ствар, набројувањето и правењето површни класификации од типот за зголемена чувствителност, депресија, менување расположение и сл. симптоми е точно дека на речиси секоја индивидуа во претбубертетска фаза може да се појават. Но, тоа повторно не определува дали некое дете е вакво или онакво (индиго). Тука и самата си контрадикторна, бидејќи првин велиш дека под дифолт за никого не може да се определат калапи, а потоа набројуваш што не е или не мора да биде.