Индиго деца

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од anastasija85, 1 декември 2010.

  1. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    67
    А кога сите луѓе околу нив освен едната другарка имале мислење дека се кренати,чудни и општо негативно мислење за личноста тогаш јас не мислам дека станува збор за објективност и бирање на добри пријатели туку мислам дека личноста е анти-социјална. И не верувам дека сите околу нив едноставно грешат, имаат плиток карактер и се површни односно инфериорни во однос на таа личност.

    За индиго децата од оние информации кои јас ги знам, она што го имам прочитано или видено е дека тоа се деца (односно биле деца) родени во 80тите кои можат да „читаат“ аури и дека можат да ја менуваат енергијата и да ги чувствуваат енергетските бранови. Јас верувам во тоа и верувам дека постојат вакви луѓе (иако не се сложувам баш со целиот тој поим на индиго деца и нивната задача/мисија) бидејќи и сум бидена сведок на личност која менуваше енергетски бранови и на сите можеше да им каже дека во нив преовладува тага или гнев или мир и среќа.

    Сфаќам што сакаш да ми кажеш,но мислењето за „калапите“ и дали не може или може да ги има ми беше за некои од минатите мислења во кои членки имаа пишувано дека тие се или пак дека нивните деца се индиго бидејќи биле паметни и се разликувале или пак првиот впечаток за луѓето им бил секогаш точен. И тоа што го реков ми беше конкретно за нивните случаи,а подоцна и сите случаи кои беа напишани од страна на членови кои се декларираа како индиго луѓе поради тоа што знаците за индиго што беа напишани,а се сосема секојдневни (депресија,тага,не вклопување итн). Некои од истите тие членки имаа пишувано прво „симптоми“ според кои се дознавало дали некој е индиго или не е,а потоа секој си ги менуваше тие „симптоми“ во зависност од како им одговара,а на крај темата и „симптомите“ дојдоа до точка каде што главни „симптоми“ станаа различноста и интелигенцијата,а општо познатите „симптоми“ како гледање на боја на чакра и менување на енергија беа сосема игнорирани.

    Целта на моето мислење повеќе беше како критика за насоката во која темата оди бидејќи општо гледано индиго луѓето се интересна тема за која можеме да кажеме многу и можеме за нив да водиме интересна дискусија,но ова тема (буквално оваа тема на форумов) повеќе отиде во насока дека сите што биле во депресија или биле интелигенти или имале мудар поглед биле индиго луѓе. И да иако можеби постојат индиго луѓе кои што се многу интелигенти,знаат да читаат од мали,имале мудар поглед како од мали, во мислењата за кои ми беше мојот пост никаде не беше ни спомнато гледање на чакри или менување енергија и поради тоа јас не верувам дека тие се индиго луѓе. :^)

    Јас да не се повторувам кажав што за мене го прави некој човек индиго човек, твое право е дали ќе се согласиш со мене дали е тоа точно или не како што е мое право да се согласам или да не се согласам со мислењето на некои членови во темава, сепак ова е дискусија. :) Јас си стојам зад моето мислење,но само сакав да ти појаснам на што ми се однесуваше минатиот пост. :)
     
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.242
    Play, не се согласвам со тебе, бидејќи се зависи и од друштвеното окружување, или подобро кажано од самите пријатели кои ги има таа личност.
    На пр. имав другарка која пред неколку години беше исфрлена од друштвото на префинетите ''социјални'' особи и гледана со поинакви очи само затоа што беше сиромашна!
    Дали ќе ми веруваш ако ти кажам дека сите дотични особи од тоа друштво и го свртеа грбот, а згора на тоа голем дел од нив продолжија да ја озборуваат и да и се потсмеваат поради лошата финансиска состојба со која се соочува.
    Таа според некои критериуми во психологијата беше дефинирана како анти-социјална. Ова секако, беше погрешно констатирана дијагноза но, тогаш апсолутно никој не се грижеше за неа, па така мораше да ги прифати работите онакви какви што се и да се повлече во себе помирувајќи се со фактот дека е светот онаков каков што и кажале дека треба да биде.
    На кутрата ниту ден денес не е побогата гледано од материјален аспект, но бар има многу посолидно друштво кое ја почитува заради она што е, а не според шушките во џебот.
    Овие па социјалниве како созреваа станаа уште поголеми снобови, со ненадминливо его по височина. Заборавија на неа во потполност, или ако се сетат повторно прават невкусни шеги на нејзина сметка. Тоа го знам бидејќи и ден денес ја имам таа чест кога морам ради работа да бидам во нивно друштво, да слушам како ја ругаат под изговор дека така заслужува оти била арогантна.
    А нема ниту ''а'' од ароганција во неа, ако ми веруваш. Напротив, многу е весела и позитивна без оглед на немилите настани во нејзиниот живот таа секогаш знае да ја издвои позитивната енергија и да те орасположи кога ти е најпотребно.
    Поентата ми е дека луѓето денес се сурови, и мошне бескруполозни поготово кога станува збор за ваквите групи па и помалце загрозените.
    Како едвај да чекаат некаде да се сопнеш, за да те таргираат и налепат ''етикета'' и дадат оценка небаре се психолози, без притоа да имаат увид во ничија внатрешност, и да се потрудат да сфатат дека дури и производите не треба да се ценат по амбалажата.
    Втор случај - Имав мошне дебелка другарка (кога велам мошне мислам на екстрем), која само поради вишокот килограми беше наречена анти-социјална. А воопшто не беше девојката. Си беше сосем нормална, како и претходнава, само можеби темите за шминки и тесни миничи кои и ги праеше друштвото ефтини фуцици на трач - кафе муабет не и одговараа.
    Така да мој добронамерен совет би ти било да престанеш да ги слушаш мислењата на другите во однос на некоја личност. Значи, првин запознај ја па дури после процени дали држи вода озборуваното. Ако и после тоа не смениш мислење, батали. Али не оставај други да ти го перат мозокот, зошто само ти можеш да изгубиш прилика да стекнеш добар пријател.

    Конкретно околу индиго децата дека можеле да гледаат аури и сл. глупости и јас имам читано. Т.е. сите ние имаме читано, но никогаш не сме се увериле на лице место. Се прашувам дали воопшто ќе постоеше темава на форумов да не беа медиумите, интернетот кои пренесуваат разно разни информации така добро оковани и забиберени, со доза на мистицизам, се со цел по уверливи да им изгледаат на читателите.
    А гледаш и сама колку само се прости и контрадикторни. Едни велат дека Индиго генерацијата започнала почетокот на 20-тите години да се појавува не Земјата, други велат 80-тите. Значи нема оригинален податок кој би можел да не наведе на вистинска трага. А еве и уште една недоследност плус - Ако биле родени во 20-тите навистина зошто уште тогаш не почнале да зборуваат за нив?
    Од друга страна, еве ти велиш, си била сведок. Океј, под претпоставка дека ја кажуваш вистината и лично си се уверила во манифестот, сакам да те прашам нешто.
    Како можеш да бидеш сигурна дека се не е толку добро извежбано (со оглед на тоа дека овие ствари се учат), па сешто треба да сториш за да дознаеш ничиј профил во потполност е да усовршиш неколку основни работи од типот : проценување старосна граница, црти на лицето, став на држење, движење и сл.
    За некому да кажеш дали е среќен или тажен е многу лесно. А за читањето на аурата уште повеќе.
    Што ако ти кажам дека ''аура'' 90% од членкиве на форумов можат да видат, ''прочитаат'' вклучително со тебе? Чудно, а?
    Сешто треба е да го вклучиш мозгалото, и оп наеднаш мистериите исчезнуваат.
    Имено, океј е ако си стоиш на твоето мислење. Јас нема да се обидам да ти го менувам, а ниту да ти солам памет. Тоа си е лично твоја одлука, дали ќе се потпираш на факти или ќе препуштиш да си го возиш имагинарниот филм мислејќи дека постои нешто посупериорно и помоќно од тебе.
    Иако кога би започнала да ги разгледуваш работите малку по објективно од научен аспект би дошла до некои свои заклучоци, настрана од сето ова досега.
    Еве ти за почеток нешто офф топик, читни. Ако веќе си чула и знаеш, се извинувам.


    http://en.wikipedia.org/wiki/Apophenia


    http://en.wikipedia.org/wiki/Pareidolia


    https://www.princeton.edu/~achaney/tmve ... ldren.html

    За последниов линк, би те замолила особено да обрнеш внимание на следново:

    ''Although there are no scientific studies to give credibility to the existence of any indigo children, or their traits, the phenomenon appeals to some parents whose children have been diagnosed with learning disabilities and parents seeking to believe that their children are special. This is viewed by skeptics as a way for parents to avoid proper (and generally pharmaceutical) pediatric treatment or a psychiatric diagnosis which implies imperfection''.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    67
    Во право си за тоа навистина има случаи кога околината околу личноста не ја прифаќаат поради банални причини и покрај тоа што не се дружат со таа личност зборуваат и лоши работи зад нејзиниот грб. Но има и поинакви случаи еве и јас да дадам еден пример постои една девојка моја генерација е учевме во исто училиште и неколку од децата во нејзиниот клас се трудеа да се спријателат со неа ако не нешто барем да имаат добар муабет сепак неколку години секој ден заедно поминуваат бар по 6 часа,но кога и да ѝ правеа муабет или пак кога повеќе излегуваа и ја викаа и неа секогаш ги одбиваше. Но во ред тоа нејзина работа дали ќе излезе или не дали ќе се спријатели со нив, којзнае можеби едноставно не сака да се дружи со нив или пак повеќе сака да се фокусира на учењето. По некое време и на тие што се трудеа да се спријателат со неа или пак бар да разговараат престанаа разбирливо е на секој ќе му се смачи постојано да моли некого. И професорите забележаа дека постојано е сама,не разговара со никој па насамо ја прашаа што е проблемот зошто не се дружи со никој од останатите ученици бар со тие од својот клас ќе имаш добар муабет сепак не сте ново запознаени и девојкава им рекла дека постојано се трудела да се зближи и спријатели со нив,а тие цело време ја одбивале и покрај тоа уште им рекла на професорите дека постојано била исмевана и малтретирана и физички и психички. Наскоро беа повикани и децата и нивните родители цело време имаше карање па дури и се дискутираше дали децата да бидат избркани од училиштето бидејќи малтретирале некој,а одбивале да се извинат. Но на крајот бидејќи децата упорно тврдеа дека не ја ни допреле ниту навредиле професорите започнаа да не' прашуваат нас останатите дали некогаш сме виделе да ја навредат или повредат на било кој начин ние сите нормално рековме дека не и дека цело време се љубезни со неа,па на крај девојкава виде не виде рече дека можеби малку ги преувеличала работите. Од тогаш никој не се обиде ниту да се спријатели ниту да разговара со неа и сите имаа лошо мислење.

    А јас не верувам така лесно на тоа што другите зборуваат за некого,бидејќи сум била во таква ситуација кога и за мене беше се' и сешто измислувано па некои кои не ме ни познаваа добро ме гледаа така како со гадење и како да сум 1000 класи под нив. Па затоа не верувам така лесно во се' се додека не сум сведок на тоа. И не се сметам за таква личност, се спријателувам со секој кој е дружељубив и фер без разлика дали некој зборувал лошо за него (нормално се додека тоа не е вистина). :) Но во ред ова веќе е оф топик поентата е на крај има различни случаи и се зависи од каква е личноста бидејќи некогаш и озборуваното може да се покаже вистинито,а некогаш може да биде целосно погрешно.

    За тоа дека сум бидена сведок јас никогаш не можам тоа да го потврдам 100% бидејќи како што кажа ти може да е се само добро извежбан трик,но за случајов за кој ти зборувам човекот беше стар пријател на татко ми за кој од порано татко ми и сестра му (односо тетка ми) ми имаа раскажувано за како кога биле мали можел уличните сијалици да направи да трепкаат или да прекинат и да застане пред телевизор и програмите на телевизија да направи да ги снема (знаеш онака кога е црни и бели линии и онаа бучава) така еднаш кога се видоа со татко ми (јас прв пат го видов тогаш) низ целиот муабет татко ми ми рече еј ова е човекот што ни ја прекинуваше програмата кога гледавме фудбал ако бевме скарани и сите се заинтересираа па бараа демонстрација на тоа и човекот навистина значи без драми без некои молитви или не знам ти што застана пред телевизорот и се загледа и програмата така ја снема на неколку секунди и веднаш се врати во нормала. Јас пак ќе повторам не можам 100% да потврдам бидејќи што знам јас можеби е тоа само некој трик што го знае од мал,но не видов ништо такво,а и не гледам причина зошто би не лажел. Човекот е најпросечен човек со семејство со нормална работа ниту се декларирал некогаш како индиго (ако воопшто го знае поимот) ниту како бајач,вештер или не знам ти што. Сите што го познаваа некако го имаа прифатено тоа како некој што има талент за свирење гитара :D ниту бил кај психолози ниту кај бајачи ниту пак бил некој голем верник.

    За тоа со аурите си во право лесно се чувствува дали некој е среќен или тажен и нормално ако те гледа среќен и позитивен за боја на аура ќе ти каже дека ти е жолта или портокалова или било која боја која ни предизвикува такви чувства. А иначе јас не верувам во индиго деца бар не додека науката не ми докаже спротивно,којзнае можеби навистина има луѓе кои што можат да прават чудни нешта кои не се објаснати (бар засега),но не верувам во тоа дека има посебни деца кои ќе не' спасат или ќе ни го покажат вистинскиот пат. И верувам во наука и во факти. Не сакам ни да верувам во супериорни и помоќни суштества од нас не верувам ни во господ. И верувам дека се' што е чудно и необјаснато па и случајот со човекот може да биде објаснато научно ако не сега сигурно во иднината. :)

    И навистина се интересни овие колумни немав слушнато за овие појави. Јас пак мислев дека првите информации биле дека тие индиго деца се појавиле во 80тите,но ете грешка сум била првите информации биле за деца од 60тите,а за последниот дел потполно се согласувам тоа ми беше и целта на првиот мој пост дека повеќето членови што имаа пишувано на темава дека тие или нивните деца се индиго овие информации (без разлика дали верувам или не во постоењето на овие индиго деца) ги менуваа како што сакаа за да се тие посебни или нивните деца.
     
    На imelda и Valerin им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.242

    Да скратам со мало надопоплнување.. :) - Се е пракса! :!:
    Само разликата е во тоа што некои се раѓаат со неа, некои се стекнуваат, (особено преку Источните учења), а некои па абер немаат ни од двете. Третиов случај ни е најзачестена категорија за жал. Ама остај што е најзачестена, туку тие таквите и скрос се отидени со умот, а меѓудругото и ужасно подлежат на манипулација.
    Ти човече убиј се од објаснување дека понекогаш сетилата не лажат, и не можеме детално да перцепираме, тие пак нема да веруваат дека дури и во нив лежи огромен неискористен потенцијал за бионергетичари, астрални проектори, лебдачи и остали ствари што се сметаат за ''ван'' научни.
    Е сега, финтата е у тоа што стварно науката не успеала да ги објасни во потполност овие феномен. Дали е тоа така бидејќи се служи со погрешни инструменти и пристап, или навистина не може да бидат објаснети во нејзини рамки, тоа сеуште останува мистерија.
    Како и да е, стојам зад ставот дека ние луѓето сме умни, само простички. Да не речам мошне простички.
    Но, и не потполно виновни што сме уназадени во поглед на ''духовниот'' развој. Едноставно така профункционирале работите многу години наназад, и шизмата само ги впила во себе елементите, па оттука почнале да се создаваат некакви норми во системот на кои ние сакале или не и те како подлежиме и сме нејзини поданици.
    Тоа што немаме личен простор за себе и потполно свои ремек дела или креаторства тоа е исто така мошне дискутабилно.

    И да, сега ми текна да ти пишам за човекот на кому се случувало електронските апарати да работат поинаку во негова близина..
    Можеби (значи ова е само претпоставка), неговото тело да е привлекувач/магнет за посредниците од ''другата'' страна.
    Кога велам ''посредници'' мислам на оние народно кажани ,,сеништа'' или поинаква терминологија да употребам - ентитети. Кои доколку постојат секако немаат облик, (ги опишуваат како изобличени) најверојатно бидејќи човечкото око не може да ги детектира во нивната вистинска форма ако воопшто ја имаат, бидејќи сите знаеме колкава е границата меѓу материјалниот и нематеријалниот свет (ако воопшто постои истиот и не е производ на нашата бујна имагинација).
    Но, поентата ми е да кажам дека можеби токму тие посредници владеат во него, па на тој начин се одразува нивното присуство. Можеби емитираат некои повисоки енергетски фреквенции за кои ние луѓето не сме свесни, а со нив мислам дека се бави до некој степен метафизиката.
    Мада не е стрикно нејзино подрачје али чинам дека некои автори се обиделе да нурнат подлабоко и стварите да ги објаснат од нивна перспектива.
    Во иднина ако имате желба ќе постирам, и сметам дека треба, ама другпат. Сега не можам стварно сум уморна.
    Ако навратам деновиве на темава да реплицирам или нешто слично обавезно ќе го сторам тоа, па и по цена да се оддалечиме од темата, тоа ќе го ставам во spoiler.
    Уште еден совет за крај - Стојте понастрана од таквите!
    Не од причина што ќе ви го уништат животот, директно ќе имаат уддел во вашата иднина или нешто слично, туку просто бидејќи не знаете во колкава мера завладеале оние кои престојуваат во нив (и ако воопшто ги има).
    Чисто ради безбедност ви го кажувам ова. Бидејќи дур не знаете нешто со сигурност најдобро е да не го пипате. Истово важи и со енергииве и разниве други чуда кои се толку чудни и неверливи, а поседуваат моќ да привлекуваат.
     
    На Play му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tina12

    Tina12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    8
    А сум слушнала и дека на индиго децата им се остваруваат некои од соновите.Имено, понекогаш сонувале сонови и потоа тие работи им се случиле.Некаде читав дека си го сонувал целиот ден и потоа си го доживеал.Тоа ми беше најинтересно иако имаше раскажано и други случаи.Инаку напоменувам дека не сите сонови се остварувале.Не беше ништо потврдено, па ме интересираше дали е вистина :)
     
  6. SuperGirl8

    SuperGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Женски
    Леле девојки.. Ги имам БУКВАЛНО сите овие симптоми..
    Најчудни - го сонувам денот па го живеам, мислам дека јас не сум човек, во мислите си зборувам со мене, т.е. со моето име (Анастасија) Си велам: Анастасија, абе не мисли на такви глупости. лелеее... И тоа несвесно.. Можам да предвидам некои работи, пр. ако недајбоже почини некој мој (не)близок ( кога имав 10 години, една вечер пред да си легнам бев уплашена од нешто, а незнаев од што, имав многу лошо претчувство, и утрото слушнав како таткоми разговара со бабами дека умрела сестра и,.) Кога моите другарки незнае што е гугл, јас мастер во компјутери бев, и уште сум, креативна сум, IQми беше највисоко во одделението, и сега меѓу врсниците, лесно учам, сум прозборела многу рано, (нз точно кога, ама рано), пред да одам во градинка, се сеќавам дека знаев да читам и пишувам (мајками е сведок за тоа) Прочитав дека најчесто Водолиите се индиго деца (незнам колку е точно) а јас сум водолија, направив тест за индиго на интернет, и резултатите беа 93% сум индиго... :worried:
     
  7. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски
    И јас направив еден тест, и ми излезе дека сум Кристално дете.
     
  8. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.479
    сите млади мислат дека се индиго
     
    На nevermet18 и daylight им се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    2.877
    Некаде прочитав дека индиго децата се тука за да го подобрат овој свет, да помогнат да процути планетава со позитивна енергија... но исто така прочитав дека (наводно) една од каркатеристиките на индиго била дека немале трпение на пр. да чекаат во редица.

    Како тогаш ќе и` помогнат на планетата, како ќе го подобрат светот кога ја немаат една од елементарните позитивни каркатерни црти: трпението???
     
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.875
    ^
    А кој пак има трпение да чека во редица? :D
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.158
    Пол:
    Женски

    Ами уште да прочиташ дека индиго децата може да летаат :D оти се веќе е кажано за нив, уште ова остана :wasntme:
     
    На daylight, imelda и okcenzi им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.887
    Допаѓања:
    72.230
    Пол:
    Женски
    Ќе ги убијат сите идиоти таму по шалтерите и така ќе го спасат светот. :D

    Шала на страна, по ова што го прочитав очекувајте нов бран на членови кои ќе се препознаат во ова и ќе се класифицираат како индиго. Веќе и „нормално“ ми стана во секој втор пост да читам како некој изјавува дека е индиго, темава повремено ептен ја губи смислата со таквите изјави.
     
    На daylight, Sanjichka007, kim.k и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.875
    Ќе им ја изиграат Solitaire на брзина изгледа :D :D
     
    На nevermet18 и okcenzi им се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Машки
    Немање трпение? Тоа значи секој втор го користи 14% од мозокот, и нема трпение, посебно пред шалтер.
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    2.877
    Пред децении кога немало фотокопир, индиго хартијата се користела за умножување на текстовите во моментот додека се чукале на машина за чукање. Ставиш помеѓу 2 листа индиго и како чукале, така текстот се пресликувал.

    Е сега мислев по таа логика, ако има индиго деца, можеби има и фотокопир деца...
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    605
    Светот тρеба да знае деκа во нашата земја има најмногу ваκви деца , ρечиси сеκое втоρо дете е со неκоја посебна моќ. Таа моќ се изρазува пρеκу филмање и умисленост. Од ваκвите индиго деца дρжавата ни цвета. Kаκо немате сρам да си пишете се што ќе ви теκне на памет и дуρи сами себе се деκлаρиρате κаκо таκви. Си знаат κој се.
     
    На Feminka22 и daylight им се допаѓа ова.
  17. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    2.601
    Пол:
    Женски

    Јас да си кажам за себе, а за другите не знам.
    Не се декларирам себеси како такво, затоа што и не сум. Само кажав дека го направив тестот (поради досада) и дека излезе тоа што излезе. Сите треба да сме сме свесни дека низ интернетов има сѐ и сешто, а од тоа ни 30% не е точно. :)
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.158
    Пол:
    Женски
    И сите близнаци, работава :rofl: :wasntme:
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.887
    Допаѓања:
    72.230
    Пол:
    Женски
    Не Горде, туку ретро copy-paste. :D :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.158
    Пол:
    Женски
    Пред малку пуштив документарен филм да гледам за индиго децава, а го видов во другата тема за кој филм последно сте го гледале, една членка го постирала.Интересно, но како што и некои други членки рекоа веќе, дека секој скоро би се пронашол себе си во тие индиго деца, се согласувам ( нели веќе разни карактеристики беа дадени, но конкретно ете за нивната хуманост и сл., тоа секој човек го има во себе, да помага некому, мислам дека никој не би сакал да повреди други луѓе, што е сосем нормално, во сооднос на тоа, бидејки се потенцираше, не ги прави поразлични од другите луѓе).Мене ми изгледа како да луѓето, едноставно имаат потреба или само мислат дека треба одреден тип на луѓе да ги класифицираат како посебни, поинакви, со некакви натприродни способности и сл., а не бидејки е навистина така, туку само потреба на човекот за повозвишено битие.Децата, како деца се чисти, искрени, значи зборам за период до 10 или ете 13 години, бидејки кај секој човек е различно дали ќе остане таков, бидејки во самиот развој се појавува понатаму кај човекот, дуалноста, егото и интуицијата, што во случајов децата, сите деца се интуитивни, се до појава на егото.Некако ова ми оди контра на тоа тврдење, да речам као индиго децата се само тие интуитивни и сл., останатите се обични.Излегува како нова мода во поделба на луѓето на повеќе типови, така мене ми делува.
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.