Што мислите за индиската храна и дали сте ја пробале ? Дали ви се допаѓа сета таа презачинетост и остар вкус и дали некои од нивните зачини ги користите во нашата исхрана и во која ?
Немам пробано, ама ако би имала можност, би пробала, зошто да не? Само прв пат им ги гледам јадењава, од тоа што истражував на нет. Спојлер
Глооси грл фала за сликите иначе јас немам јадено индиска храна ама сум слушала дека е премнгу зачинета.Од зачините ние користиме цимет и бибер тие се мислам од Индија а на сликата гледам јадења како тавче гравче и др. Можно е некој да се совпаѓаат?
Немам јадено но сакам да пробам ,сум слушнала дека е многу лута,дали кај нас има некој ресторан што прави индиска храна?
индијците во најголем процент се вегераријанци,и обично нивната кујна е богата со зеленчук барем јас така памтам
Абе луѓе индијциве ништо не јадат ко што сум гледала на филмовиве и серииве. Едно такво лепче ко палачинка и го брцаат у сосчиња, мене тоа не ме најадува Не сум пробала индиска храна, ама не сум многу по чудните кујни и храни, па не верувам дека ќе ми се свиѓа
Сакам да пробам, гледам по сликиве многу е зачинета, и изгледа примамливо, а викате дека е лута, баш ко за мене.мх,мх.
Памтам, многу одамна, во индискиот ресторан Бомбај, што се наоѓаше кај сегашен Биос, бев со другарки и познаници од Холандија, демек на ручек. Нарачавме некои си чапатис - зеленчуци со јагнешко, ни дадоа едно зачинето лепче... И вкусот беше преинтензивен, а не баш вкусен, за мој мерак. Одамна немам јадено, а би пробала пак.
Се што е за Индија сакам,освен храната...Се,ама баш се(посебно облеката) (иако се малку заостанат народ).Јас од македонскиве јадења неможам се да јадам (бидејки сум многу прибирлива),а не пак индиска.Сум пробала но не ми се допага.
Обожвам индиска кујна, може да кажам дека ми е една од омилените. Обожавам пилешко во доматен и масаала сос, ориз со горски билки дефинитивно рај за сетилата, чинија исполнета со бои, мириси и интензивен вкус. Лебчето е приказна сама за себе, крцкаво вкусно. фирни, млечниот крем со шафран, бадеми, лешници,индиски оревчиња е оргазмичен. Инаку не е по дифолт се луто во индиската, ама во некои јадења ставаат такви зачини кои му даваат пикантен вкус. Уф како ми се пријаде сега
еднаш во животот пробав индиска храна и никогаш повеке бев во индиски ресторант во англија и јас порачав пилешко.на почеток ни донесоа едно како чипс ама не беше баш таков вкусот и одозгора прелиено со различни сосови а вкусот му беше благо-солен-кисел па кога ми го донесоа пилешкото што ке видам белото месо исецкано на мали парченца и ставени во жолт сос и кокос ужас исто така имам пробано и кинеска храна,не е нешто баш вкусна ама е мноooгуу подобра од индиската
Уф еднаш пробав индиска храна и тоа ми беше последен пат, бев во индиски ресорант и порачав нешто морско со кари. Леле луге кога пробав аааааааааауууууууууууу ми се згади ништо не јадев па луто па некој чуден мирис и вкус ма уста неможев да отворам, па тоа лебчето ко некој чипс таков никаков мрсен бљак и на крај си пиев само вода. Ама имам приметено тоа кари сосот што го продаваат во продавниците кај нас нема ништо допирно и слично со правиот кари сос што го имаат индијците. Незнам зашо лугево ги лажат и не им го донесат правиот сос па да видат што е гадење ама оној што јас го пробав имаше вкус ко да јадам земја па после тоа ми направија леќа и викам еј шо убаво наше јадење...ама паметниве и во леќата ставиле кари. И иди после јади земја дее Разбирам јас имаат они традиција и историја и се е тоа убаво, ама тоа со јадењата скрос им е утнато па и како срдат ауфффф .И друга многу лоша работа индијците сакаат да јадат со раце. Да да со палецот показалецот и средниот прст си зимаат јадењето од чинија и оп во уста. Повекето од нив не сакаат да користат прибор за јадење и тоа е нормално за нив...туку ај да не зборам за нив многу така станаа еден билион па до нив ми дошло
Сум пробала индиска храна ,потготвена од индијци кој живеат во Скопје ,и после тоа верувајте никогаш нема ни да помислам да ја помирисам а камо ли да ја пробам .Погрдо нешто неам пробано во животов :/
Mногу ја сакам индиската храна,е сега немам се пробано,ама тоа што пробав ми се допага A првиот пат кога пробав се изненадив колку е вкусна,со една братучедка порачавме риба и пилешко во некаков сос,и тие лепчињата со лук,и кога ни го донесоја во едни мали чинии,како во филџан за кафе,и се чудиме како ке се најадеме со ова,колку е мало. Bерувајте не можевме да го изедеме Cоседиве ни се од Индија и кога ке имаат некој празник,слава не знам што точно слават,и ни носат полно храна Имаат една многу вкусна салата,ова де како зелка салата со некакви црни зрнца,е не ми текнува какос е викаат,ама е превкусна,исто така со компири имаат нешто луто што е,уф уф,па онај Butter Chicken се давам во него Aко знае некој рецепт,нека сподели