1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Индиска храна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од MotherMonsterI, 10 мај 2012.

  1. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Не дека не ми се допаѓа целата нивна храна,ама кари не можам и не можам...мислам дека после тоа ќе мирисам 3 дена од зачините нивни! Има една салата што потсетува на таратур,само плус ставаат домат ситно исецкан и некои зачини! Тоа е убаво и освежително и подносливо за јадење ,барем за мојов вкус! Јас сум голем љубител на лута храна и лути пиперки така си ги грицкам по дома, кај индискава го има тоа,ама премногу е зачинета и тоа со некои тешки зачини за мојов желудник!
     
  2. FeatherCut

    FeatherCut Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2012
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    33
    обожавам зачинета храна и Индиската храна ми е многу вкусна а и воопшто не ми смета на стомакот :)
    иначе сакам да пробувам разни видови на храна :D
     
  3. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Немам пробано ама многу сакам да пробам. Само незнам дали ке ми се допадне тоа што се премногу зачинети јадењата пошто јас несакам многу зачини. Ги практикувам но во нормални количини. Нивното е претерано.
     
  4. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Немам јадено индиска храна ниту би јадела затоа што е премногу зачинета.
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Аууу најубавиот леб пробан евер, ми е наанот, ама со многу компир внатре, и зачини, мислам дека поубаво нешто немам пробано, сите видови оризи, како и пилешко Тика Масала, со малку чили, пилешко кари со кокос, не е за секој ден кујната ама секако е предизвик, таму се научив да пијам индиски чај со млеко, салата од наут и магданос, ах има многу да се збори, прекрасна кујна, и морам да кажам дека онашто го пробав во други земји е многу позачинето и јако, одколку во Индија..
     
    На Domino, mims-89 и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мх, мх, мх. Индиска храна, обожавам и една од најомилените ми е.

    Пред се затоа што обожавам многу зачинета храна а во оваа кујна зачините се всушност она што ја прави посебна. Сите тие видови на кари кои ги имаат, и чили, и куркума, шафран, мх мх леле лиги пуштив готово!

    Ми се допаѓа пред се затоа што е разновидна, од се по малку. Па си м'цкаш со наан-от во сите јадења и сосови, разбиваш љуткасти вкусови со кисела павлака, абе нема поубаво!
    Е сеа наводно не била здрава. Јас пак го мислам обратното, затоа што зачините кои тие ги употребуваат како главни состојки се напротив многу здрави и се препорачуваат за подигнување на имунитет дури и при многу тепки болести.
    Куркумата, ѓумбирот и карито на пример. Тие се злато меѓу зачините...ова ми текна, затоа што се мислевме со еден другар дали е здрава хранава, и он ми тврдеше дека олку луто не е на арно :lol:

    Штета што човек не може баш во домашни услови да прави, а можеби и може ама кај да ги најдеш сите состојки кои ти се потребни?! :(

    Наредно патување и пак се укрцувам во индиски ресторан...само побогу нека не ми „угодуваат“ газдите пак со Боливуд снимки :D ама и тоа е дел од културата, шта ќеш.
     
    На HardSex, ljubam и antonina им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Каџу Бурфи - колачиња од индијски ореви
    Готвење со тетка Манџула

    http://www.youtube.com/watch?v=wyZ9K_f5AnE

    Шафранот можете да го купите во ВЕРО супермаркетите, поскап зачин е но се става малце. Индијските ореви ги има низ зелените пазарчиња, но важно е да бидат несолени.
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Баш вечерва после долго време пак јадев индиска. :)
    Јас за ова Бомбај прв пат слушам, а и странава на интернет ја нема повеќе.
    Го има ова http://www.skopje.com.mk/restorani.asp?Opstina=Karpos , но без локација, треба некоја паметна феминка да се јави па да праша дали постои.

    Во Еквестриан секоја посета ја поминувам со тандури или тика. Најчесто меѓу нив две менувам, а и не знам дали ги намалиле порциите, затоа што денес друго пробував, ама од 250 на 200 се спуштени овие двеве. :)
     
  9. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    551
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    Единствено од индиска храна имам направено Челеби (Jalebi). Тоа се едни од најпознатите слатки од Индија. Бидејќи неколку пати по сериите заприметив ги споменуваа, најдов рецепт и ги направив. Слатки и крцкави. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Jalebi.jpg
      Jalebi.jpg
      Големина на фајлот:
      53,3 KB
      Прегледи:
      229
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мх, јадев летово во индиски ресторан во Австрија. Јас како љубител на зачинета храна уживав во јадењето, конечно пробав нешто толку различно од секојдневните јадења. Јадев пилешко со ѓумбир, црвено кари и домати и грашок со некои кнедли беше и индиски ореви така кремасто направено пливаа во течноста од сосовите, сервирани во мали метални чинивчиња, на средина сервиран оризот и тие лепињата како палачинки што им се.
    Премногу лутеше ама знаете како лутото не прави полакоми и ни отвара повеќе апетит, па го занемарив малку, ама ај што ми се здрви јазикот од толку луто повеќе неможев ни вкусовите на се посебно да ги осетам :lol: Претпоставуам дека црвеното кари е тоа што лутеше толку, секако и ѓумбирот си има некоја таква лута жичка затоа што не беше како зачин мелен туку цело растение. Хранава дефинитивно не е за да се јаде често поради навиките на нашиот желудник, претешка е за нашиот стомак, ама за да се избега од секојдневните јадења е одлично, кој не пробал му препорачувам да проба. Имаше уште многу работи што сакав да ги пробам ама неможев секој ден да јадам нешто индиско. :)
    Амбиентот во ресторанчето исто така многу ми се допадна, се почувствав како во некој индиски дом, мало и тесно, шанкот и кујната се гледаат толку добро што може да се види се што става готвачот во јадењето, мирисаше на зачини, преубаво.
     
  11. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    леле девојки лиги ми потекоа....па дај кажете каде има ресторанче, место некое каде може да се проба ?? Слушам за тој Бомбај ама нели бил затворен каде што ? ми се јадееее
     
  12. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    убава е,ама некогаш знае и да не е
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Едно многу лесно, едноставно, а вкусно и здраво јадење.

    - На тава пропржувате сусам, па потоа во аван го толчите (да излези малку маслото). Внимавајте сусамот да не го изгорите (малку да зарумени само)

    - На тава пропржуваме малку бело сирење (раздробено или на коцки, по можност да е помеко, да не е кашкавал или биено) во путер (исклучиво во путер). Ставаме повеќе путер да е доста мрсно.

    - Постапката за јадење е следна: земаме парче бел леб, го макаме во путерот со сирење (да се натопи лебот со путер), па во чинијата со сусам (да се залепи сусамот на лебот). Тоа го јадеме така, а башка со вилушка си боцкаме и сиренце.

    Немам слики да ви постирам, иако изгледа малку комплицирано, ич не е, јадењево е многу лесно и вкусно. И начинот на јадење му е интересен.

    Обавезно со ова се пие исклучиво планински чај.

    Наздравје :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Дали сте биле веќе во новиот индијски ресторан Peacock близина на општина центар (кај ВанГог кафичот)?

    Што цени имаат?
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Еве го менито со цени.
     
  17. Aqu.a

    Aqu.a Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    0
    Имам пробано, но мене лично не ми се свиѓа од причина што е доста зачинета. Ама никогаш не е лошо да се проба нешто ново, нели? :)
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сакам да пробам Индиска храна, ама незнам дали ќе ми се допаѓа :?:
     
  19. jEwElRy

    jEwElRy Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2013
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    244
    Во едно списание на Теа модерна, во делот „На ручек со...“ или „На трпеза со...“ имаше за индиската храна и имаше некои рецепти со чудни имиња (и прилично долги). Она што го запомнив е дека македонската и индиската кујна биле многу слични. А многу сакам да пробам индиска храна. Поготово бидејќи е лута.
     
  20. UnPaso

    UnPaso Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2013
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Не сум пробала досега индиска храна, но би сакала! :D :)