Многу ми се допага индиската храна баш затоа што е доста зачинета. Најубав зачин за мене што го користам постојано е кари
Ми се допадна храната во Peacock, ама изгледа немав среќа да налетам на премногу лут или зачинет оброк. Можеби дека јадам многу зачинето, ова не го почувствував како нешто пресилно. Пробав пилешко зготвено во путер со наан лепче, некои прженици од мешан зеленчук послужени со зелен нане сос и тамаринд сос (вториов црвен ми се допадна повеќе), и Малаи Тика, уште едно пилешко во сос, тој беше така малку позачинет, па се почувствува вистинскиот мирис и вкус на индиската кујна. Ок беше, свежо и добро зготвено, а наанот со путер ми е убедливо најубав. Сепак, помеѓу индиската и кинеската храна на пример, предност и` давам на кинеската кујна.
Трендафилка можеби не е толку зачинето затоа што кога го отвараа ресторанот најавија дека сепак вкусовите ќе биле прилагодени на нашата кујна. Значи не ги прават како што виствински треба да бидат. Инаку како е со цените во Пикок, во план сум да го посетам и кажи ми дали имаат нешто благо
Тоа секако дека ги прилагодуваат сите тие странски вкусови на нашата кујна, вкус и стомак , јас очекував да ми кидне состанокот како оној на Миранда кога го скина стомак од многу зачинето, ама не бидна. Цените се во принцип ок, можеби тие порциите (стандардни се инаку, нема голема-мала) треба да бидат сите до 250 ден. според мене, зашто сепак се работи за мала количина месо (120-250 гр.) и навистина е грабеж да дадеш 400 и кусур денари за 5 мали парченца пилешко... што знам. Еве го ценовникот, во секој случај кога делат двајца, може да се земат повеќе различни работи, а да те фати 500 ден. во просек од човек. https://www.facebook.com/peacockindian. ... p%3Btype=1 Од десерти јас само прочитав и добив желба за сладолед од ф`стак, а како што гледам и сега во менито - па и нема нешто друго посебно интересно. Тоа Гулаб-десертот одма го чкртнав од слатки желби, зашто е потонат во сос од рози, а б`лгарски ароми не обичам.
Добра е храната во Пикок, и цените не се престрашни, но мислам дека ресторанот што пред 10тина години постоеше во Скопје (близу АБЦ) имаше поинтересна храна.
Oбoжaвaм дa прoбувaм јaдењa oд рaзлични земји. Еднa oд нив е индискaтa хрaнa. Мене мнoгу ми се дoпaѓa, oсoбенo лепчетo нaaн и пилешкoтo штo гo нaрaчaвме. Истo и сaлaтaтa сo грaв и рaзни зеленчуци. Единo oризoт не ми се дoпaднa и блaгoтo штo гo нaрaчaвме нa крaј, се служи тoплo и вo шербет се тoпи, мнoгу е мекo (гo зaбoрaвив иметo нa десертoт.) А, индискa кујнa без чaј не пoминувa. Ми се дoпaднa и чaјoт, спoјoт нa блaг чaј дoдекa гo пиеш и кoгa мaлце пoтлутнувa кoгa ќе гo гoлтнеш. И пaк би oдел. Туку некoј дa ми кaже, дaли нaвистинa гo зaтвoријa индискиoт рестoрaнт Пикoк кaј нaс?
Јас јадев во Грција во индиски ресторан пресреќна зошто сакав да пробам,јадам зачинето.Порачав некое пилешко со доматен сос и имаше многу јак вкус на куркума,ама беше премногу тешко само три пати земав и ми се згади.Како цело шише зачин да ставиле.Убав вкус имаше не дека не ама премногу тежокМи се допадна лепчето.А брат ми порача нешто луто ама тоа па не се јадеше оган како отров.
Индиската храна е дар од бога за мене,нешто што можам да го јадам секој ден исто важи и за кинеската.Сега мислам и ми се јадееее.Зошто нема индиски ресторан во ск
Јадев надвор од Мк и навистина е вкусно додека се јаде, ама кој не е навикнат на многу зачини, може да му биде и тешка индиската храна. Сепак, има многу зачини...
Има, се вика "Karma" и се наоѓа во строгиот центар на градот, но малку е затскриен, само Индијана Џонс можи да го најде. Истата улица и на истата страна каде се наоѓа хотел Солун и Trend, (отприлика спорти поранешен Бургеркинг). Отвораат во 12:00. Цените се од околу 150ден.(напитоци и слатки) па нагоре. Со тоа што имајте во предвид дека вистинска индијска храна, која е изразито разновидна, зависно од кој регион на Индија доаѓа рецептот, е онаа домашната. Рестораните низ Европа и САД нудат некоја ублажена вестернизирана варијанта на индиска храна која е помалку зачинета.
Не сум пробала индиска храна, но како човек што сака се да проба , дефинитивно би пробала немам друштво само за вакви авантури
@daylight си била? Како им е хараната и услугата? Сум слушнала дека слаби се на послуга, што реално ми руши цел ефект. Ако се ок да идам, ако не се ич да не се ни трудам. За индиска редовно одам во Еквестријан. Храната и е прекрасна, и е константно на исти квалитет. Мислам дека никаде не ми се случило толку ни еднаш да не ми утнат со храна. И послугата им е ок, секогаш се фини. Нормално, имаат многу помало мени од Карма, ама не одам да јадам надвор за да гледам безобразни и неспособни келнери Едит: еве сега ривјуа читам дека смениле мени, полимитирано им било од на почетокот. И цените ги промениле?
Па јас би додал повеќе манго во ласито од манго, можеби и една банана. Кир-от (кремаст сутлијаш со шафран и кардамон) малку горчлив беше но сепак вкусен. Ме изненади што во менито немаат никаков вид чатни (овошен слатко-лут сос). Јадења има и месни и вегетаријански. Не знам што е за тебе лоша или добра услуга. Беа многу коректни, македонски поим немаа, само хинди и телугу зборат Шега на страна, еден од индјците говореше англиски, но келнерите македонски - културни се и уредно облечени но не во дхоти и сари. Музиката е со умерена јачина со индиски елементи но не класична индиска, таман како за ресторан да можеш муабет да си правиш Каде? Karma или Equestrian?
Пак се отворил Индиски ресторан во центар само не ми текнува каде го видов точно...но знам дека има негде пак нов отворен.
Карма. Имаа големо мени кога почнаа, сега некако малечко. Како сака нека се облечени, само да си ја знаат работата. Да со нарачам, добијам и јадам на мира. Да не чекам 20 минути само за мени и да не ги бркам по ресторанот.
Менито сам си го земав, ресторанот беше речиси празен. Веднаш ме услужиа, дали 3-4 минути почекав. Ова беше во попладневни часови не знам како е навечер и како е кога е полно. Работно време на ресторанот е од 12-22ч. Недела не работи.
Постојат ли уште Карма и Еквестријан? Ако не, имаме ли некој друг индиски ресторан, многу ми е мерак да пробам индиска храна.