Иницијатива за давање приоритет на доилки и бремени за Фајзер вакцина

Дискусија во 'Бебе' започната од MinnaAnne, 20 април 2021.

  1. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Во меѓусебна комуникација со други жени доилки коишто сакаат да се вакцинираат за Ковид19 додека дојат, дојдовме до заклучок дека има една мала, но сепак важна група на жени.

    Во консултации со педијатри (бидејќи нема официјален став на МЗ) заклучивме дека за жени трудници и доилки во моментов, на глобално ниво, е одобрена само Фајзер (и Модерна, но таа не е достапна кај нас) вакцина. Вложуваме напори да се оствари контакт со МЗ и со одговорните за да не' стават во некоја од приоритетните групи или во категорија за којашто постојано ќе има одвоена количина од Фајзер вакцините.

    Доколку има заинтересирани доилки/бремени за вакцинација со Фајзер вакцина, пратете го својот е-маил на
    stefanija.madzoska@hotmail.com
    или на фб. https://www.facebook.com/stefanija.madzoska.

    Доколку се собереме во поголем број, ќе се обидеме да ја добиеме вакцината побрзо, а притоа да не мора да го прекинуваме доењето.
    Идејата е ова да трае постојано, додека трае вакцинацијата и за доилките односно трудниците да има обезбедена вакцина со секое пристигнување на Фајзер, се' додека не се утврди дека е безбедно да се примаат и другите вакцини.
     
    На Chuchanov, 24.07, Alishan30 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    5.954
    Допаѓања:
    18.738
    Пол:
    Женски
    I'm in :hai: Браво за иницијативата.
     
    На natasam и MinnaAnne им се допаѓа ова.
  4. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    1.532
    Пол:
    Женски
    Браво :l:
     
    На MinnaAnne му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pacient srna

    Pacient srna Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    2.343
    Допаѓања:
    4.048
    Пол:
    Женски
    I jas sakam bravo za inicijativava
     
    На MinnaAnne му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    За тие што немаат фб, ова е последната вест објавена во групата:

    Имам добра вест за споделување :)
    Не' контактираа од „Лулка“, конкретно, доктор Денис Ал Кхалили и откако споделив кон што сме насочени, се согласија да ни дадат поддршка.
    Ми го пратија нивниот официјален став што ќе ви го препратам за кратко на сите на мејл за да го видите и да кажете дали се согласувате нивниот став да го испратиме заедно со нашиот мејл. Знам дека зборувавме денес да го пратиме мејлот до МЗ, но не страшно да го пратиме и утре доколку тоа значи дека имаме барем една организација што сака да ни се приклучи кон иницијативата. Нивниот став не е директно поврзан со Фајзер вакцината, туку е залагање за давање приоритет за имунизација на овој дел од популацијата, што сметам дека е сосема доволно како појдовна точка.
    За да биде сеопфатна дискусијата, ако имате коментари или забелешки би ве замолила да ги споделите ги тука, на овој пост, за да може да ги прочитаме сите. И докторот е член на групата, па ако има некои недоумици, верувам би бил подготвен да објасни.
    Доколку се' уште има некој што ми пратил контакт мејл, а не го добие мејлот со ставот од „Лулка“, ве молам, пишете ми повторно на stefanija.madzoska@hotmail.com
    Се трудам максимално да ве внесам и ажурирам сите, но може да се случи некого да пропуштам - ненамерно е.
     
    На eta, Jana06, Iva Mitrevski и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Браво, ајде сега уште да станеме приоритет пред пратениците и министрите
     
    На MinnaAnne му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Браво за се до сега! За маилот до МЗ, јас очекувам да не игнорираат, дека еве јас пред недела дена самоиницијативно пратив 2 маила до министерот и кабинетот, пишав на канал 5 ТВ, и на Сакам да кажам. Од никаде не добив одговор.
    Вака здружени може повеќе ќе направиме, само да не чекаме предолго, да не ги потрошат вакцините. Предлагам ако за 2 дена нема одговор, да идеме појако на сите страни, објави на социјални мрежи, да вклучиме медиуми, да дигнеме доволно прашина за да не може да не игнорираат повеќе.
    Што мислите за ова?
     
    На sunmoonstars, SkarletOHara и MinnaAnne им се допаѓа ова.
  9. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Да дефинитивно, немора да се чека. Ако има некоја членка активна на твитер може да помогне доста мислам..
     
    На Lepoticata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.009
    Допаѓања:
    33.133
    Пол:
    Женски
    Ne mi e jasno kako ke znaat koja e doilka a koja ne. Na vakcina ke mi gi stiskaat cickite da me proverat? Na pr. jas imam 5 mesecno bebe no ne go dojam. Dali toa znaci deka tie majki na koi bebinjata im se na adaptirano mleko ne zasluzuvaat/ne treba da se vakciniraat ili da imaat "prednost"?
    Ponataka ima majki koi dojdat 6 meseci, majki koi dojat 1 godina no i takvi koi dojdat 4 godini. Kako bi se napravila selekcija na prioritetnost vo ovoj slucaj zatoa sto ovaa kategorija na zeni e prilicno golema pa na krajot ke ispadne da se vakciniraat site bez ogled na kriteriumi.
    Ne znam malce mi e cudno.
    Od druga strana poddrzuvam vakciniranje na bremeni i nivna prioritenost.
     
    На WildMk, PurpleMind, baby-star и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Хахахаха ме изнасмеа. Нз стварно, чек дали ќе упали прво па после нека му ја мислат тие како ќе регулираат. Секако сите заслужуваат вакцина, сите сме си приоритетни, ама не гледам ништо лошо во иницијативава стварно. Ништо не губиме ако се обидеме. Мајки што не дојат може со било која вакцина да се вакцинираат секако...
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    1.510
    Trudnici da, no doilki zasto prioritetni, vo kakov rizik se :^) da ne go zaboravame faktot sto poveketo doilki se doma na porodilno na bezbedno. Pre bi trebalo nivnite bliski koi rabotat so koi ziveat da se vakciniraat :wasntme:
    Aj da ne preteruvame,.ne vakciniraat hronicno bolni, ne vakciniraat luge so avtoimuni zaboluvanja koi sekoj den idat na rabota i se vo rizik, vie peticii ke potpisuvate tuka 8-| ako ne aj site majki da se vakcinirame, sto ima vrska dali ima deteto godinka ili 4 :wasntme:
    Znaci povtoruvam bremeni DA, doilki,nedoilki, sto god NE. Zasto nekoja mlada, zdrava,prava doilka da se vakcinira a nekoj so bolesti da ceka :^)
    Smeski.
     
    На baby-star, Brpbrp, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    1.510
    Se soglasuvam za trudnicite vo celost, no sto so doilkite, vo kakov rizik se tie, porodena pred godina dena da kazeme, mlada, zdrava i da se vakcinira samo zatoa sto doi??
     
    На Amellie13, theowndemon, нина122 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Estella

    Estella Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Не знсм што се фативте за доилките сега кога како што разбрав целата поента е за тие што дојат да им биде овозможена соодветната вакцина која што смеат да ја примат , во случајот фајзер и модерна а не дека треба да бидат први на листата. Пишувсте без врска колку да се пише без да прочитате што е поентата и плус сте тотално неповикани во темава ако не спсѓате во двете категории. Неможам да сфатам како не ве мрзи да се занимавате со нешто што не ве засега.
     
    На Malesia, @rollercoaster@, natasam и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Lepoticata

    Lepoticata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Затоа што со вакцината заштитува бебенце/детенце кое го дои. За доилките е битно да е фајзер вакцина, дека и за нив како и за трудници, друга не е одобрена. Тоа значи дека нема да дадат на доилка(освен ако не се скрие) да се вакцинира со друга вакцина. Затоа и тие се во иницијативата да се вакцинираат со фајзер. За приоритет... да кажеме дека ова е сива ареа, доилки на новороденчиња треба да се приоритет, но да, доилка од 2 години не мора.
     
    На natasam, Butterfly1107, SuperGirl24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Стварно не разбирам, значи темава е за иницијатива а не да се дебатира дали некој е За или Против. Ама еве јас како доилка ќе ти разјаснам. Незнам дали си искусила цела бременоста да ја поминеш во пандемија, и тоа во мојот случај кога бев втор месец започна нешто што никој незнаеше како делува, особено на трудници и на плодот. Незнам дали си раѓала во пандемија, дали си донела дома 4 дена бебе кое неможе да го видат најблиските роднини. Дали маж ти отишол во изолација втор ден од доаѓање на бебето дома, бидејки другарчето со кое направил живели надвор на клупа за раѓање на неговото дете бил позитивен. Незнам дали треба да тргнеш на работа и да се тресеш да не му пренесеш болест на твоето 8 месечно бебе...
    До утре можам да набројувам. Пак ќе кажам, сите треба да добиеме вакцини, сите сме битни, ама ако некој пробува да покрене инцијатива за нешто зошто да го оспорувам? Еве ти собери луѓе и направи контра-иницијатива.
     
    На natasam, Lepoticata, Butterfly1107 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    50.198
    А зошто баш Фајзер? Всушност ниедна вакцина не е испитана на бремени жени и жени што дојат
    Значи ако е во ризична група на вработени, може да биде повикана да се вакцинира.
    Исто и за бремените жени
    https://www.who.int/news-room/featu...id-19-mrna-1273-vaccine-what-you-need-to-know

    Да не се лутите ако не ви ја прифатат иницијативата, не наоѓам земја во светот каде се приоритетна група, а особено па приоритетна за одредена вакцина
     
    На Spidy, Fallen.Angel, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    1.292
    Допаѓања:
    3.206
    Пол:
    Женски
    Израел организира промотивни кампањи со цел подигнување на свеста за вакцинација кај бремените жени, односно ги охрабрува да се вакцинираат. Никаде нема информации дека Израел ги ставила во приоритетна група бремените жени поради тоа што ги смета за хронично болни.
     
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    5.008
    Допаѓања:
    24.528
    Пол:
    Женски
    Јас бев позитивна кога бебето ми беше 3 недели. Среќа немаше симптоми она, ниту поголемата од 3 и пол години
     
    На MinnaAnne му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MinnaAnne

    MinnaAnne Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    722
    Пол:
    Женски
    Можам да замислам колку ти било стресно :l:
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.